добар ден драги мамички.... ние си се наспавме со бебушката денеска шо убаво ни дојде сончето изгледа синоќа шоп рошетавме на свеж воздух ни годеше па си заспавме ко бебенца и денеска е топло ќе си шмитнаме можеби пак на некаде... на почетокот на бременоста мојот матичен ми даде да пијам прегназон и фолна. фоланата ја пиев редовно а тие прегназонот не ги зедов зашто сакав да внесувам витамини по природен пат... но со оглед на тоа што нема повеќе така здрава храна сичко е вештачко и подложени сме на секакви чудби почнав да ги пијам некаде од 3ти месец... сега пијам прегнакаре + омега 3 и шумливи таблети биолектра магнезиум од 240.... бидете ми поздравенки убав ден
Мамички,ве разбирам, сосема сте во право за ова што велите дека тогаш времињата биле подруги и дека се живеело многу поздраво, меѓутоа времињата ги креираме ние. Јас на пример си имам моја органска,природна бавчичка, со еден куп зеленчук што комотно може да ги надокнади овие додатоциве, но кога отидов налекар,а матичнава моја има потпишано договор со аптеката, ми кажа триста додатоци од таму што можам да ги примам,а после моето бунење,ми рече дека се овие неопходни и почнав да ги внесувам само тие. Она зема процент од лекарствата.Мене тука единствено не ми е јасно, што може да стават повеќе во тој додаток отколку што има во мојата бавча,бидејќи и јас имам завршено медицина,а мм учи фармација, па точно знам како одат работите. Многу од докторите не би им го дале на своите деца поголемиот дел од она што ние им го даваме и од тука мојата сомнителност дека се е за профит, со оглед на тоа дека матичнава има потпишано договор со аптеката Ве поздравувам мамички
Мамички сакам да ве прашам нешто. Јас работам во државна институција и кога ќе одам на работа морам да поминам под скенер или како и да го викаат она што бипка. Колешките што се трудни гледам не поминуваат под него го одбегнуваат, а јас не знам што да правам. Тоа сакав да ве прашам, некои викаат немај галје не е штетно, некои викаат штетно е зрачење имало. Па сакам да ве прашам дали некој знае нешто во врска со ова дали смее или не смее да се поминува, или некој имал вакво искуство. Поздрав !
Знам на што мислиш.Не поминувај! Знам дека има место каде што можеш да го забиколип тоа. Штетно е, (од зраците што го корсити) и даури и да може 0.001% да му наштети на бебто зошто да ризикуваш? Ayleenn Бавчичка И ние имавме. Ама сега во стан сме и тарасата минијатурна ни е. Спојлер Домати, пиперки и краставици пак имаме затоа што мм сади кај еден пријател во двор(тој често е на пат ма мм поминува да види дали се е ок, се грижи околу миленичињата па го користи тоа и ужива во одржавање на градината) ама не е исто . Претходно садевме еден куп работи, дури и компири! Мене една од најголемите желби ми е да си имам кукичка со дворче со овштарник и бавчичка. Има се да посадам. Сега само зачини во саксија.
Здраво труднички,јас да ве поздравам и да ви кажам дека не сум веќе во ваше друштво,се случи тоа од што најмногу се плашев,по втор пат доживеав спонтан абортус во рана недела,ембринот си застанал во 6 недела и толку...ми правеа киретажа и сега чекам резултати па ќе правам др испитувања. Не сакам да ве потресувам ,ќе пишам во соодветната тема,ама многу ми е тешко,душава ми гори,ама тоа е неможам ништо да сменам
Од утрово на кратки интервали чувствувам нешто како да ме сече внатре во долниот дел на стомакот. Од што би можело да е? Дали дека одев многу, не е многу додуша околу еден километар..
оххх лелеее душо многу ми е жал знам нема зборови шо ќе те утешат ама немој да се предаваш и откажуваш биди силна.. едноставно така требало да биде Божја волја ... пак ќе те благослови Бог не грижи се.. понекогаш Бог не искушува,,, само верувај во него и не се откажувај и не се предавај.. ти посакувам што побргу да се среди се да се соземеш и пак да си ги видиш двете цтртки
девојки ве молам едно прашање, како се смета во која недела си од бременоста? значи јас денес точно сум 11 недели + 4 дена, дали тоа значи дека сум во дванаесета или единаесета недела од бременоста? На интернет има толку работи за читање за неделите од бременост, ама јас незнам за која недела да читам моментално за 12 или 11 недела? Фала многу однапред конечно ќе знам што да читам, да не лутам позз до сите мамички
И мене ова ме збунива цела бременост. Ама јас денес конечно откирв. Јас сум 31+5 дена, докторката уз муабет ми рече дека сум 32 недела па ја прашав. Значи ако е, како во твојот случај 11+? дена значи дека си 12 недела. За читање јас читам и за двете недели. Денес читам за 31 и 32 недела.
здраво и од нас, едно време се мислев дали да продолжам да пишувам овде оти се забега до тој степен да се пишуваат толку банални работи што ми здосади темава. Ама гледам во последно време се поправате, добро е. Ве читам и ете ми дојде нагон повторно да ви пишам. Азалеа многу ми е жал, но не се обесхрабрувај, братучетка моја имаше неколку спонтани несакани абортуси дури да ја роди ќеркичката која сега е права манекенка. Не се откажувајте, ќе биде само без многу напрегања и нервози, опушти се и се ќе биде во ред, ќе бидеш и ти мама. Во врска со мојот ептен блед кафеав исцедок што се појави после земањето брис, можам да речам дека ми исчезна, и дека не беше до толку страшно како што може да забега човек. Тоа секако се случило при земањето брис. За крварење знам што е, го имав на почетокот од бременоста кога имавме сексуални односи со мм па тоа беше причината што докторот ми даде прогестерон инекции и вагиналети утрогестан. Со оглед дека не сме имале односи со мм поради стравот да не му наштетиме на бебушот не гледам причина да крварам во трети месец кога општо познато е дека спонтан абортус при крај на трети месец е ептен редок случај. Денес се чувствувам подобро, настинката помина и можам да речам дека се чувствувам ептен витално, се мислам да почнам да идам на јога за трудници. Во врска со настинката, докторот вчера ме прегледа и константира дека сум супер, фала му на бога не дојде до тоа да пијам антибиотици, сепак станувало збор заљ обична настинка. Во врска со растворот за нос од него почнав да повраќам, му реков на докторот и ми рече дека нема потреба да го користам штом така ми реагира и дека нормално е и тоа, па станува збор за трудница а организмот е преосетлив. Чаевите, супите, природните сокови и прошетката на сонце ми ја вратија енергијата. И кога таман ќе помислиш дека се станува ок и дека настанува космос ете го и хаосот. Денес требаше да ми стигнат резултатите од брисевите од Микробиологија од ГАК. Тој ден кога ги однесов имаше невидена гужва, ама на известување пишуваше дека ги праќаат и по меил па им дадов меил да ме известат да не висам со настинкава по шалтери. Но ги нема. Се изнервирав, со кој памет си помислив дека нашето здравсто е ажурно и навреме си ги извршува обврските? О смешната јас
Azelea,мила,ништо што можеме сега ние да ти кажеме нема да те утеши,но немој да се обесхрабруваш, има секакви случаеви, бидејќи ние 6месеци се обидувавме да имаме бебче,јас цело време го поминав читајќи овакви страници за трудници, и читав за некои жени кои и по неколку пати имале спонтан па потоа родиле здраво детенце. Се надевам дека ова барем малку ќе те утеши,и секако дека ќе продолжиме да се дружиме за извесно време,јас верувам во тоа Силно те гушкам xx
Нормално е да ти е тешко, исплачи се! Не е за утеха, но подобро што се случува во рана бременост, подоцна е многууу тешко, од сопствено искуство ти кажувам. Собери сила и напред кон посакуваното, но претходно треба да си ги направиш потребните анализи.
Денес бевме со мм на контрола се е во ред со бебето тешко е 2,100 имаме 36 недели и 2дена. За две недели повторно сме на контрола.
добра вечер мешиња ние сме добри со мешево и само растеме ууух колку јадеме многу повеке од порано што јадевме и веке гледам се здебелив малце мешето оооп излезе а и градите и позади доста пораснаа туку ајт ке видиме наредна контрола колку сме се поправиле и помалце јадење иначе се е во ред што малце имам проблеми со устата која е заникаде со немциве се испотече од умникот што излегува... бебуш се повеке и повеке се осејка денес и татичко кога ја имаше раката на стомаче го слушна како нешто клоцна и секогаш ми клоца кога треба да станам од спиење а јас и се тегнам малце и тоа ооп тук ајде стани стани преубави моменти
Добровечер мамички и од нас. Денес бевме за последните брисеви и го видовме верверко. Ептен пораснал, речиси една недела е понапредно и ништо чудно порано да излезе. За две недели сме на првото ЦТГ. Малку се исплашив прееска што ќе биде на пораѓај, требаат уште некои работи да се средат ама решив веќе мн мн да не му ја мислам, се ќе си дојде на свое место. Имајте лека ноќ.
Дали може во 12 недела да се видат движењата на бебето додека лежиме на грб, јас ги гледам ама ми викаат дека не е возможно ама мрда знам.?