Да и јас одвреме на време ниско го осеќам на мочен меур дури, нормално е да е така зошто матката е некаде до папокот и не е логично да го осеќаме горе нели не се секирај иначе јас одам на одприлика 5 недели, сега сум во четврток конечно
Ок тогаш, очигледно е нормално, а дали знаеш кога матката оди над папокот? Дали од 20 недела или подоцна? Инаку и јас одам на 4 недели ама ми се чини мнооогу далеку и нестрплива сум
Женички ја отворив темава да си ја олеснам душава. Денеска ми се плаче, се плашам, барам некаква утеха... Одам на прв контролен преглед после добиен позитивен тест од аптека и докторот ми вели леле не знам како ќе се развива мала бременост е рано е датумите не се совпаѓаат... Душа ми изваде. Да не си имала абортус да не крвариш да не имаш болки... Му викам чоек ништо не ми е нит сум имала абортус нит болки нит некога крварење... Не знам ќе видиме сомнително ми е.... Ми даде прегназон одма да ги пијам за 10 дена контрола па ќе сме виделе што понатаму. не знам што да мислам,вистина дека едвај 3 недели има но дотолку ме уплаши као да нешто лошо ќе се случи.
Не можел ништо да види бидејќи е многу рано, почекај уште недела-две па оди пак. Не се секирај и не паничи, ако треба да биде ќе биде. Само позитивно размислувај
Без паники,рана бременост најдобро е да си испиташ бхцг преку крв и да си видиш дали неделите се поклопуваат со резултатот си пишува таму. Јас на 4 и пол недели со позитивен тест и со сукрвица заминав на дежурен и ми рече рано е нема што да гледам барем до 5 недела ми даде терапија и одмарав. Е на 5 и пол недели вејќе и срцева акција си имаше и сега за сега мажето мое си е една недела понапред. Затоа не се тревожи,оди и на две и на три мислења.
Како се ближи времето, jас станувам се поосетлива и плачка. Бебе е големо, стиска на ребра, грб почна да ме боли, решив веке да не факjам по дома, до вчера само чистев. Криво ми е вчера се испонашав малце дрско пред свекрва ми, ама се изнервирав од некои прашанjа поставени по 100ти пат, па после си плачев. Маж ми ми се смее, ама денеска чувствувам дека е малце како налутена ...Оххх, муабет не ми се прави со никоj, само со маж ми можам да се лигавам малку иако и тоj тоа не го сака баш
Да се надоврзам на муабетот за матката до каде е подигната која недела, еве помош од сликичкава, јас по нејзе си се водам до каде е од прилика бебе
мене матичниот ми ги зема сите брисеви со спекулум вика да сме сигурни а тој за стрептокока не го ни осетив. Не е пријатно, но е кратко.
И мене така од почетокот ми велеше докторот..као не знаеме дали ќе се доразвива..има само жолчно ќесе..тогаш бев ептен рано едвај 4та недела. Рано е во секој случај да се знае што ќе биде. Само позитивно
Многу е рано уште и неможел да види ништо. Мене со првото воопшто ни на ехо не ме викна, рече почни фолна да пиеш па за две недели закажи. Не се секирај ке биде добро
За две од три бремености добив ептен слични одговори при првиот преглед. Еве ги сега, на глава ми се качуваат, се супер испадна. Добра мисла и примај си терапија.
На заболекар оди нека ти ги исчистат кесите и нека ти го средат забот. Од кога ќе се породиш ич нема да можеш да отидеш. Оди сега.
Бев ми зема брисеви и сеа чекам рез за два дена морало толку да одстојат ама вика сиг е инфекција неможе од утрогостен да биде толку исцедок. И сега утогестан ќе пијам нема вагинално за да не се надразнува повеќе
Ајде не се секирај рано е уште никој ништо не може да ти каже мене се ми беше во ред до 7недела па во 9 го изгубив без стресој само позитивно и опуштено,се ќе биде во ред.
Па малце подобро ама исцедок има ама многу помалце од вчера и до прееска не ме чешаше ама сеа пак почна