Дајте некое чаре за косава што многу ми паѓа, маж ми нонстоп усисава по мене. Или тешко тоа, така ќе си биде до крај?
Попладнево имам чудни болки во јајниците. Прилично послаби од тие што сум ги имала за добивање, ама ги има сепак и страв ме фаќа. А и бебево денес слабо го чувствувам. Дека сум се преморила не е, бидејќи баш ми е лабав денов и на работа и дома. Нормално е, или да одам на лекар побрзо?
Иста сум,ајде период е си викав есен нормално е,но еве зима дојде минимално ми се намали опаѓањето,во чорап си најдов влакна а за на под и во wc да не зборам. Незнам како не сум ќелава. Земав афродита од лук ама немам сега за сега резултати можеби е рано,а можеби и ќе си продолжи нели хормонално...
А која недела си? И се зависи од болката ако е блага болка и ако поминува мислам дека е нормално бидејќи јас сум 19+2 и веќе цел месец си имам некакви болки, не се во јајници, ама ме боли половината како ден пред да добијам чат-пат, наутро ме болат препоните и измеѓу нозе некои коски па едвај се раздвижувам... Матичната ми вика дека се е тоа нормално.
Исто,исто А плус бев и ја шишнав малку нели врвовите, тоа стандард го правам. Џабе, а се фатам за глава абе цел грст во рака. И ја исто се прашувам како не оќелавев до сеа, страв ме фаќа искрено
Мене спротивно ми стана многу густа косава во бременост. Иначе маки мачев со неа. Плус ми потемна скроз тоа не знам од што е. Али дефинитивно најубава ми е до сега. Ете да ја пофалам бременоста за нешто
You lucky bitch (се шалам) ... Значи нема правила, се е индивидуално. Абе и ја мислев, нешо витамини дека појачани ова она, ама цврц
јас еднаш направив тест и беше слабо црвена линија по неколку дена прокрварив и бев на приватно ме исчисти со нешто за да не ми се направи инфекција ми вели се е во ред нормално е , не ми ставија инекција тогаш, јас пак продолжив да крварам .. и веќе ми дојде менструација , не се рачуна тоа како спонтан но ... не знам .. потоа кога имав по некокку месеци пак позитивен тест почнав да крварам кафеаво се преплашив повторно ама ми се појави хематом и од тоа ми беше така ми ставија инекција и фала на господ се во ред ми беше потоа дур да ми се исчисти до 12 недела скоро примав утрогестан, за секој случај прашај и за утрогестан ставај си дека си во рана бременост...
пробајте мамички со шампонот од фармаси со лук значи мене ме спаси, цели тутуки ми паѓаа, веќе го користам 5 -6 месеци и сега мн ретко да ми паѓа по некое влакно, задоволна сум, инаку ретко ја користам и маската што е со шампонот кога ќе ми текне ставам
Џабе се надеваш. Секој поминат ден шансата да се заврти е се помала, но нема да се сведе на нула. Исто бев и јас дадовме и ное шанса до 39та недела и не се заврти. Раѓав царски, се подразбира.
Да се пријавам и јас на оваа убава тема и на овој убав Господов ден и чекам да слушнамнаредниот викенд.Нека ми е напомош.А вие мили мои уживакте во бременоста и на сите нека ни е со лесно.Ве
И мене ми паѓа, немам чаре, мм вика нели на трудниците не им паѓа косата Нека крене два прсти тој што се прејал риба вчера/денес, по славиве (иначе во нормална состојба мразам риба, незнам што ми стана)
Ножица. Јас ја кропнав од половина до рамена. Никаква ми е, ама бар не го слушам маж како цела куќа е полна влакна. Иначе за масло за стрии,ја на Еуцерин ставав со АД капки, сега ставам преку ден млеко за тело Бекутан, навечер Џонсон масло алое +АД @Adeline јас сеа острам брк за риба. Слава ни е, се спремам да го натовам тањирот. @Martka welcome Cо лесно бременоста.
Ама лицето ми се направи лом. Ете тоа е таа моја среќа Ако ти е невобичаено иако е нормално и болка во јајници можеш да си смириш совест со еден преглед. Иначе чим болката е поднослива се е “нормално”. И се разбира додека нема крв.