Бебе знае да се сврти во последните два дена пред да се роди, едноставно природата го "спрема" за искачање (ова ми е муабет од гинекологот плус и на мајка ми ѝ се случило). Затоа треба да се почека до крај ако сѐ друго е нормално, но секако има и исклучоци.
Девојки, дали се препорачува авион или кола е сепак посреќен избор? Состанокот ми е закажан уште летото и е за крајот на Февруари без опција да поместам дата. Би била во 14та недела.
Јас женски имам чуден проблем (барем за мене) Работата ми е со седење и се дури седам во ред е, ама а ке станам да се исправам осеќам јака остра болка кај бешика или кај каналот можам да кажам, незнам да објаснам убаво.. Движење нема шанси,мрдање исто никако како да ми е потфатен мускул со коска и ме боди е баш така можам да опишам како се осеќам.. Во спиење навечер исто ми е така ме тегни нешто.. Се слушнав со сестрата од кај матичната, ми рече првично ти е од седењето напиј се магнезиум, раздвижи се и би требало да помини оти немаш други симптоми фала богу.. Ако продолжи, да појдам кај нив да видат недај боже да не е нешто друго проблемот.. Ама многу е болно и неподносливо и се јавува на секое мое мрдање.. Немам претстава што би можело да е проблемот..
Авион дефинитивно, не само затоа што е побрзо туку и нема вибрации за разлика од патувањето со кола. Мене во рана бременост ми забранија патување со кола и автобус а за авион ми рекоа дека може слободно да летам колку сакам.
Повторно почнаа тие чудни благи болки како менс, како притискање, како стврднување на долниот дел на стомакот... Некако плус наеднаш порасна за недела дена, сигурна сум дека е нормално, и знам се ќе станува поинтензивно додека растам. Два пати со ред ми се деси при станување да ме здоболи така појако долу лево, ама одма помина. ..
незнам колку е точно јас имам една кај што се наоѓа десно горе и девојче е За оние што се прашуваат прерано
Mene po otkucaite na srcenceto, a I po ova mi kazuva maze pa ke vidime mn e rano kaj mene za pol Tvoeto tocno beshe?
@Martka топло добредојде и дај почасти нешто за кркање @Flower123123 каде си и ти да се пријавиш/регистираш? Уф, се полни со тазе труднички местово, па време беше... мешињава пред пороѓај што се време е да отстапат место, да си фатиме ние со ред муабети Со лесно нека ви е во финалната стаза
Здраво и од мене Се мислев дали да се приклучам дека се ми зборуваате за отварање, контракции, пораѓај и мрдање на бебе Мене многу ми е рано за такви работи се надевам ќе си најдам друшки што се околу 6та недела
Јасссс... пукнаФ....сеа се успружив и блеам За многу години да ни е празникот! Живи и здрави сите да сме! Е и мене ми беше така пред 6 недели, ги начекав у муабети за пеглање работи за бебето,спремање торби и то.. Конечно ми дојде и моја дружина Очичке, добре дојде и остани да си се дружиме...