@snegce мене ми даде гинекологот за грло прополис безалкохолен да користам покрај лути бомбони,но ако приметиш дека гној ти се собира одма сладолед да земеш. Тоа му е мајката
Едново бебе ми ика откако станав, значи 6 пати. Тука сме и @FreeMind I @ajaja95 Иначе со поставеноста и откуцаите нема врска полот. 160/163 на двете па 99% машки ги водат. За поставеност сите можни пози ги сменија. Без воздух ме осттават .
Пред да ме внесат во сала за царски, анестезиологот дојде и ме прашуваше дали сум била настината во последните две седмици и дали сум примала терапија...
. Ние сме јануарска екипа, ние сме за во 2019 да отвориме. Како ќе ја отвориме годината ќе видиме. Од секогаш знаев дека сум посебна Декември се бела и аце, ваљда и снегче.
И ти си кандидат за Телевизор а Со анестезијата за царски добиваш и антибиотик превентивно така да мора да прашаат да не земаш лекарства.
Не знам, не ни прашав во тие моменти. Покрај тоа дали сум алергична на нешто и дали сум под некоја терапија, хронични заболувања, беше и ова прашање...
Цурици ајде помош.Десна препона и десна нога болат корнат на стоење и на седење ,во полулежечка и лежечка положба немам проблем. Некој лигамент а ?? Чаре нема нели
Мајка ми мислам цел живот ми викаше глеј да не раѓаш у најголема зима и снег да има до колена. Еве ја послушав како и се останато. И ја знаев дека сум посебна, али дека до волку не. Ја ќе го затварам Јануари, нека си иде редот. Најмалото на крај. @srekice се наместило бебе некако па боли. Нема чаре .
eve me eve me Ne sme interesni vise nie vo ovaa tema,pa zatoa ne pisuvam tuka si cekam...tik tok tik tok... nema aber
Девојки јас од денес полна 34 недела. Бебето е наместено со главчето надоле па деновиве се под ребра ме мава Вчера бев малку оптеретена со работа , дека славиме слава, па гости ,па да средиш се , да спремиш се , плус и синчево си бара свое , па ме фати дури 12 додека да си легнам , таман легнав почнаа менструални болки кои ме држеа околу сат време се исплашив викам веќе не се оптеретувам толку сигурно ми е од тоа. Среќа сум заспала и еве од сабајле сум ок , бебчето си мрда активно си е . @simona_baby што бидна со тебе срц , се породи ли ,
Маливе ќе почекаат малце за да ја преземат темава, пишувај си слободно што те боли сеуште фаќам забелешки
Како што кажала @FreeMind јас бев настината и недела дена пред да се породам пиев антибиотик. Завршив со антибиотик во недела, се породив понеделникот. На бебче не му е ништо, јас единствено затоа што се пораѓав со царски рез се измачив со кашлањето пошо душа болеше првите три дена на секое поткашлување.. Консултирај се со лекар што да земеш за да ти подолесни.
Девојки да прашам и јас едно чудно прашање. На почеток на 15 недела сум, а деновиве осеќам како голицање под папокот одприлика после јадење кога сум исправена во смирена положба. Матичната ми рече можеби ќе почнеш порано да го чуствуваш, понапредно е ама не ми се верува да е тоа. Не е непријатно, кратко трае 15 секунди ама денес на пример почесто е. Од сабајле до сега 2-3 пати се случи. Исто имам болки некогаш баш таму, под папокот. На нет читам дека нормално додека е издржливо. Незнам што да мислам, а на контрола сум по нова година...
Девојки дали и се има на некоја случено да и се здрви мешето во спиење и да ја разбуди од болка. Ние сме 26+5 и синоќа страшно се исплашив спиев и ме разбуди страшна болка тежина грч незнам како да објаснам, неможев да се поместам спев на грб малку завртена на лево, постојано се вртам кога спијам ама синоќа бев укочена мешето камен, го уплашив и мм што свикав на крај незнам како успеав да се свртам, нормално ли е ова?
Јас мислам дека е бебушката на почеток така се осека јас си велев како глувче да имам ме полазува, гали си го и уживај
@Martka , @ocicka2014 , @Flower123123 добре дојдовте, ви посакувам лесна бременост со здрави и живи бебчиња за 8 месеци. @snegce јас бев настината минатата недела и гледав постојано да шмукам бонбони кога ќе осетам нагон за кашлање па некако успевав да се смирам. Исто така чај со многу мед и пиев маџун исто кога беше многу надразнето грлото. Од кашлицата ми беше најмногу страв, но ќе помине за некој ден.
Мене термин ми е во понеделник на 24ти А сега во сабота на 22ри ми е роденден Цели 9 месеци посакував да излезе бебе на мојот роденден па да си славиме заедно...Ама вчера докторот кога брцна да види колку сум отворена рече нема шанса да е на 22ри си сака бебево негов роденден подоцна ,1 прст сум а тоа го рачунаат исто како ич...Немам болки никакви...Вика од прегледов (дека првпат добив таков преглед со прсти) може да крвариш или да се предизвика отварање и да имаш болки...не бе брате ништо на 5 мин вчера во Wc одев да видам дали има нешто ама јок (ич не ме ни болеше прегледот само така малку незгодно ми беше) Утре сум пак на преглед па ќе видиме Иначе цело време ме мачи едно прашање...нели сегде те прашуваат дата на последна менеструација мене ми е 19март а со мм почнавме со авантурите од 25 март..е сега таа јајце клетка како се гледа кога е оплодена ? Само што се створила на 19ти или од 25 натака кога ќе се оплоди се рачуна ?