Труднички муабети

Дискусија во 'Бременост' започната од meU, 23 јули 2012.

  1. senjorita.lombardi

    senjorita.lombardi Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2011
    Пораки:
    1.207
    Допаѓања:
    754
    Добро утро, па вие многу рано сте станале :D јас дури сега се свестив, и гледам уште сабајле сте се размубетиле :lol: нека ви е наздравје кафето, појадокот, ужината, и јас сакав кафе ама оти ги откажав цигарите кога дознав за бебето, и кафе без цигара неможам да пијам, а и искрено не ми е ни убаво, за тоа јас ке јадам нешто овошје, не ви кажувам да не ве фати стрвост :D.

    Дали сте станати премногу сентиментални? јас сум чудо на чудата, плачам за се живо, мала караница со мм плачам, на филмови, вести, реклами, за се плачам, и сум сонувала некој глупав сон кога се разбудив пола саат лежев во кревет и плачев до сеа, многу плачка сум станала :$

    kalias фала многу за поканата за сладолед, мене по распоред ми во после 5 часот па да се договориме заедно да јадиме :D :D
     
  2. Unique.chick

    Unique.chick Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    1.258
    Допаѓања:
    2.368
    Добро утро и од мене .. нека ви е наздравје кафето и појадокот на сите .. јас од кафето се збогував откако останав трудна а и од цигарите..
    Денес се чуствувам многу подобро конечно ми помина настинката :) :) :)
    Инаку и јас сум по цел ден дома сама мажулево е до 17ч. на работа , јас цел ден сама, ама ако кога ке се родат душичките нема да си бидеме сами ке си имаме заниманција и работа преку глава..

    А за плачењето и јас во последно време многуууу плачам и сум така многу чуствителна за многуууу работи.. мајками ми вика леле каква плачка си станала хаха :) или нешто кога зборуваме ми вика леле само немој да почнеш да плачеш инаку нема да зборам хаха :) :) :)

    Туку сакав да ве прашам за мислење .. за изнесување од болница не знам што да земам дали од оние платнените како корпи што се или пак имаше во базаро едно како транспортер 1500 ден. беше а ми кажа таа дека може да се користи до 5-6 месеци се зависи нели од детето колкаво ке биде.. и незнам што да правам сега знам дека и овие платнениве корпи не се нешто анатомски ама па ова транспортеров многу евтин ми се виде.. :) :)

    Поздрав... :)
     
  3. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.020
    Јас за изнесување имам едно многу убаво розево како плико кебенце е. Не планирам да зимам торби, транспортери и сл. Од болница во кола и дома.
    Засега барем сум на ова мислење, а мислам дека така и ќе остане. Минатата недела додека чекав за преглед излегуваа мајка, татко и бебе од болницата, а бебето беше во торба, искрено како од продавница да си го носат :) можеби сум грешка , можеби е многу по практично, но јас ќе си го земам во прегратка , ете тоа е мојот став во однос на ова прашање. Но, нормално секој прави како му одговара .
    Затоа мислам дека треба да се водиш по инстинктот, а и нормално прво прерачунај си што подолго ќе користиш и што ќе ти се исплати.
    Јас мислам дека транспортерот би требало да е поиздржлив од корпата, а и по функционален.
     
    На Unique.chick му/ѝ се допаѓа ова.
  4. ivanovicka

    ivanovicka Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 март 2012
    Пораки:
    395
    Допаѓања:
    221
    АЈДЕ НА СЛАДОЛЕД ЕВЕ КУПИВ ТРИ ВРСТИ ШУМСКО ЧОКОЛАДО И СТРАЧИАТЕЛА ПА КОЈ САКА АЈДЕ БУЈРУМ.

    САМО ЌЕ ВИ КАЖАМ НЕ Е ЗА ИЗЛАГАЊЕ НАДВОР АКО НЕМА СОНЦЕ И ПОСВЕЖО Е НЕШТО ЈАС ЕДВАЈ СЕ СОБРАВ ДО ДОМА СЕ ЦЕДАМ ОД СИТЕ СТРАНИ КАКО ТУШ . ЛЕЛЕ АЈДЕ ЕСЕН НЕКА ДОЈДЕ КОЛКУ И ДА ГО САКАШ ЛЕТОВО ВО ВАКВА СОСТЈБА ЌЕ ТИ СЕ ОДМИЛИ. :|
     
  5. leo-n-tina

    leo-n-tina Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    449
    Допаѓања:
    372
    Леси се врати пак дома.
    Само што дојдов од контрола и ова моево лавче не сака да излезе што инат ке беше,др вика има доволно плодова вода си ужива.

    И знаете што ми кажа оди дома и фати се за работа со сопругот секс,секс,секс,е баш до тоа ми дојде и викам а како невозможна мисија е ова со стомаков ,ке најдеш начин ми вика имало во с..... хормон кој предизвикувал контракции па да го размрдаме бебево малку .
    Оф леле ама мене ич не ми се сака ,ако му кажам на мм ке му светнат очињата нема бегање што се мора се мора.

    Јас мислев дека забегав во бременоста со маргарин и сиренце дури се криев едно време секое сабајле само тоа јадев сите ме караа а мене пусто едно слатко на душучкава па и со патлиџанче ах како најубаво печење да ми направиле ,ама не било само до мене гледам и вие го обожавате.
    Сега мешлаци мои ке си направам и јас едно кафенце и нозете во вис и така ми се бумбар немам веке глуздови од прстињата ми почнува ногата ,ке одмарам малку па ке си муабетиме.
     
  6. ivanovicka

    ivanovicka Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 март 2012
    Пораки:
    395
    Допаѓања:
    221

    На мама е или на тато е тоа јуначето твое ;) ајде сега и денес поуживај малку пивни кафенце и за мене зошто мене не ми иде без цигарче па не го ни пијам. и после со тато удри на секс како што ти рекле издржи за љубов твоја кон бебушка па до следниот пат мекици да имаме ...поздравче со лесно :inlove: :*
     
  7. MacenceEna

    MacenceEna Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    1.582
    Допаѓања:
    21.635
    Пол:
    Женски
    И моето бебуле нејкеше да искочи
    9 дена си бев после термин
    Докторката истото ми го рече и на мене , Него мене ми одговараше тоа и те како :D :D :D : :lol: :lol: D
     
  8. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.020
    :rofl: :rofl: Ме изнасмеа :rofl: ај сеа не ради тебе , ради бебето :lol: , леле ова изговор за маживе закон :lol:
    Ќе биде леонтина, и ова чудо, има после да ни се жалиш како не си наспана, туку па и тоа како ова ќе помине :)
    Луѓе јас пукнав од досада, по досаден и долг ден не памтам да сум имала, катастрофа :( го удавив маж ми по тел, на секој саат му вртам за да го потсетам дека ми е досадно :fubar: сирот па ме занимава како мало дете :$ што сум му јас крива што си најде млада и досадна жена, па сама да ја остава дома :lol:
     
    На ivanovicka му/ѝ се допаѓа ова.
  9. senjorita.lombardi

    senjorita.lombardi Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2011
    Пораки:
    1.207
    Допаѓања:
    754
    хахах ти барем можиш на твојот да му се јавиш, денес мојот маж не е дома и мене ми е многу досадно, ама многу сум му налутена и не му звонам и не го барам па што сака нема биде, а за тепање досада ги најдов очајни домаќинки во превод и ги гледам онлине, само што многу пијам млеко, и си седнувам шишето до мене и гледам филм и без да осетам цело кило сум испила :D што да правам убаво ми е, но папчето почна од вчера да ме боли и денес веке ме фати страв, дали е нормално или не? и еве веке втор ден го осекам пак пеперутчево како мрднува по малку во мојот стомак, ми ствара блага насмевка на лицето во целата монотонија :)
     
  10. aksor82

    aksor82 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 декември 2009
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    2
    Пол:
    Женски
    eve me i mene da vi se pridruzam jas sum veke 34 nedela znaci uste malku go ocekuvame bebco nas da ni se pridruzi :) inaku za macninite od pocetok pa se do sega postojano imam utrinsko :puke: prosto da ne ti se stanuva od krevet :D :D :D no se za nasite mali ke se izdrzi mi rekoa ke pominat so prvoto tromesecje no uste si go guskam lavaboto sekoe utro :D
     
  11. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.020
    еее јас ги изгледав домакинките сега демек госип грл, ама досадна ми стана веќе :(
    немај гајле за папочето, веќе пишав погоре дека ќе почне да те влече од внатре, сега почнуваш да го осеќаш, ќе биде интересно. Јас имам претстава секое утро, ми скока стомакот :lol:

    аксор82, ај добро ни дојде, и со лесно нека ти е :) ајде набрзо ќе ти завршат маките и дружбата со лавабото, без грижа :)
     
  12. senjorita.lombardi

    senjorita.lombardi Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2011
    Пораки:
    1.207
    Допаѓања:
    754
    аксор82 па ти си била веке при крај, ке издржиш уште малку, јас сум 16та недела па секое утро мака мачам додека измијам заби, и се што гледам ми е грозно, мислам стомачни добив, од што се зградувам и автоматски ми се стегнува стомакот, и мене не ми помина ама тој еден час во денот се издржува.

    Инаку сите велат дека во второто тромесечие се зголемува апетиот, мене не ми се зголеми, се остана исто само што нешто што јадев сега неможам да го јадам, и млеко можам цело време да пијам без проблем. И до сега колку килограми имате ставено? :?:

    meu од кога почна убаво да го осекаш како мрда бебето? те боли ли?
     
  13. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.020
    е чекај па ти, второто тромесечие само што ти почна :lol: имаш време за апетит, јас повремено имам, мислам дека се ќе изедам, а еве денес на пример неможам да гледам храна, освен течности, овошје ми се гади од се.
    јас имам ставено сигурно 12кг до сега, кај ми е крајот незнам :?:
    а бебето убаво почна да се осеќа накај 19недела, за болење не боли, освен кога се подместува и ми се прави топка на една страна, ме стега, малку е непријатно. На почеток како тебе кога бев имаше болни моменти како нешто да ме сечеше од внатре, дури здивот ми се земаше, буквално како со жилет да ме поминуваа.
     
  14. leo-n-tina

    leo-n-tina Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    449
    Допаѓања:
    372
    Кафето го испив сега му ја мислам прозори во спална да бришам и завесата да си ја исперам ама па кој ке ми ја закачи после ,досадно ми е колку повеке лежам само мислам вака со работа побрзо минува време.Да ја светнам спалнава бидејки вечер ако мижам барем убаво на ленорче да ми мириса :lol: .
     
  15. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.020
    ааа леонтина се спремаш , му правиш миризлив терен на бебушот а? :P
    абе многу жени што ги знам пред пораѓај чистат, што ви е финтата ? :geek: :lol:
     
  16. Unique.chick

    Unique.chick Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    1.258
    Допаѓања:
    2.368
    и јас до сега се замарав со чистење аман веќе никако не поминува времево ...
    и јас како леонтина цел ден си седам и тоа си мислам..
    инаку меу ме потсети за скокањето на стомакот јас нели си знаев дека ми скока ама мм не знаеше
    и едно утро станал и ме гледал во стомакот а јас сум си спиела и не сум осетила дека бебушко мрда и тој ме будии ЛЕЕЛЕЕ СТАНУВАЈ БРЕ СТОМАКОТ ТИ СКОКА ЛИ ТИ СКОКА А ТИ НИКАКО ДА СТАНЕШ е сум се превртела од смеење ... :) :) :) :)

    Јас па никакви мачнини немам единствено кога јадам благо имам многууу киселини, ама па што да правам се нешто ми се пријадува..

    Пс. ме настрвивте со сладоледов морам да одам и јас еден да си купам :)
     
    На meU му/ѝ се допаѓа ова.
  17. senjorita.lombardi

    senjorita.lombardi Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2011
    Пораки:
    1.207
    Допаѓања:
    754
    мене така нешто како да ме сече ми се случува само кога храната ми се движи по цревата, и кога треба да одам во вц. И многу ми е страв дека ке почнам да јадам многу, и дека ке се здебелам уште повеке :( од друга страна па мислам за бебето дане биде гладно, дека треба да јадам, за да биде големо и здраво, и за тоа се трудам да јадам здрава храна ( а пред тоа цел живот бев на диета со здрави обороци, за тоа не ми е тешко сега така да се хранам), а и оти е многу топло времево па и неможе човек да касне нешто ептен мрсно зимско јадење, и среќа што во нашата држава не се скапи овошјето и зеленчукот може да јадиме колку сакаме.
     
  18. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    8.698
    Допаѓања:
    48.009
    Пол:
    Женски
    Аууу...ти си готова Леонтина, сестра ми ден пред пораѓај дома куќата ја сврте наопаку, исчисти си ти и спреми си се за ГАК. Досега сум слушнала повеќе такви искуства, жени пред пораѓај дента чистат вечерта се на Гинекологија веќе :rofl:
    Дај боже, да си се видите веќе со малиот принц :D
     
  19. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.020
    :rofl: Жената на лекар беше денес и кажаа дека има време, ама ние ја породивме, бетер од лекари сме :rofl: ќе не земат во медицината, ќе даваме дијагнози по интуиција :rofl:
     
    На leo-n-tina му/ѝ се допаѓа ова.
  20. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    8.698
    Допаѓања:
    48.009
    Пол:
    Женски
    Во право си претерав малку, ама досега неколку познати случаеви имам и еден ептен познат кој ме натера во 5 сабајле да трчам низ соба ко улава, така да од искуство мислам дека кај и да е наскоро ќе има меќици. Инаку и на сестра ми на ЦТГ и кажаа рано е ептен, имаш уште време па се породи за два дена. Секој со својата бременост но ете има случаеви ;)