Ти благодарам за одговорот, и јас немам крварење само кафеав исцедок, ти кога почна да го користиш утрогестанот веке имаше исцедок или после го доби.?
јас имав претходно исцедок, и заради тоа ми го даде, ама после тоа ете чувал господ не ми се повтори ништо а сум уште малку 5 -ти месец. верувај ми кога ми го препиша докторката се изначитав на интернет за утрогестанот и немаше ништо негативно за него, сите беа задоволни затоа мислам продолжи да го користиш, ама секако и да се слушниш со докторката да и кажиш. и фолната продолжи да си ја пиеш до трет месец
Девојки да ве известам да не ме мислите, денеска сум подобра, малце само ме наболува стомакот, скоро ич. Фала богу немам крварење или нешто слично, а на лекар не бев,пошто на клиника на дежурен само вагинално со спекулум прегледуваат и со вагинално ехо, па уште тоа ми фалеше...Само ме секира што не го осеќам бебето да мрда, ама може случајно така ми се погодило. Во секој случај во понеделник имам закажано кај матичната па ќе ми каже што е и како е. Ви благодарам на поддршката За Lady05, никако Утрогестанот да не го прекинуваш...јас така еднаш го примав вагинално една недела, ми се среди кафеавиот исцедок, и се направив паметна и си го прекинав.Си викам добро е,ова се исчисти, нема потреба веќе од него. За три-четири дена првпат прокрварев. Тоа беше во 7-ма недела. Од тогаш па све до сега (а сум скоро 19-та недела) ги користам без прекин. И немам намера да ги прекинам до крај. Затоа немој да ризикуваш, за аспиринот незнам, ама овие никако прекинување. Како што кажа Меу мислам, докторката сигурно нешто видела па затоа ти ги дала. Кафеавиот исцедок не ти е од Утрогестанот, туку он чисти ако има нешто внатре. Користи си ги редовно, и кафеавото ќе го снема. Они се прогестерон хормон,з поддршка на бременоста. Одма во веце да ставиш , еве и јас сега ќе дрмнам една ... Цмок
Silk многу ми е драго што читам дека ти е подобро, и верувај дека те мислевме сите..Се надевам дека се ке биде во ред и со бебето Поздравче и одмаркај сега повеке
Silk мене ми олесна што пиша само би ти препорачала до дека да отидеш на рпеглед во понеделник, гледај строго да лежеш. Кога ќе отидеш објасни се што и како било, да обрне посебно внимание на постелката и на висината, каде се наоѓа плодот. Lady05 јас кога примав Утрогестан имав исцедок и пред и по неговото примање, но го пиев, а не вагинално. Инаку доколку имаш повторно крварење отиди си на лекар, па доколку е потребно нека ти стават и Депо прогестерон инекција. За прекинување на Утрогестанот или било кои други хормони никако наеднаш, нагло. Тоа би требало и докторот да ви има кажено , се прекинуваат постепено. Пример конкретно за Утрогестанот , мене ми кажа д-р да ги пијам последните 5 пачиња по едно на ден(до тогаш по две на ден, а за да не биде нагло, да се навикне организмот, на крај по едно на ден) За Дабростонот исто пиев по две на ден, па последните 5апчиња ми беше кажано да ги кршам на пола, и по половинка на ден да пијам.
Многу ви благодарам девојки за советите, знам дека ке ми помогнете (затоа ви пишав бидејки друго е да слушнеш искуство од друг кој што поминал низ тоа), поздрав до сите. Силк бидете добри и ти и бебето, со лесно нека е.. И јас ке се јавам во понеделник да закажам на приватно да се консултирам и со друг доктор, па ке ви пишам каква ке биде состојбата. Многу бацки до сите и со господ напред....
Женски , а да направиме еден список на кој како му се ближи редот??? Да си знаеме,д а не се мислиме кога некоја ќе ја снема
убава идеја, ама јас мислам дека сега за брзо само ти и Unique.chicк може да ни се изгубите, другите некако сите за на зима сме, декември, јануари
Јуник е малкуцка пред мене. После две недели секој момент може да биде до крај на септември ми е термин па ќе видиме буцево како ќе се реши да не изненади.
е па тогаш меу останува да го напрајш списокот, како иницијатор ме интересира се рачуна според ехото така???? ако е така тогаш , мене краен термин мие 28. јануари, досега по него си следам, а ако се рачуна по последната менструација на 08. јануари , ајде кажете ми вие шо знаете поке, затоа што немам баш праено муабет со докторката само ова ми кажа на првиот преглед
Па и јас рачунам според ехото зашто сепак нели не се знае кога е зачнато точно и ако рачунаш по последниот циклус може да згрешиш (јас така знам, иако знам дека никогаш не се знае и нема правила ) но сепак мислам дека е најдобро според ехото. Ако сакате поинаку, кажете не е проблем, сеедно е
и кај мене се раководиме по ехото затоа што јас и и кажав на докторката дека имавме односи прв пат дури по некаде две недели откако ми заврши последната менструација и таа тогаш рече во ред, и на секој преглед така си сметаме, ама нели мора да се евидентирало и по ментруацијата... значи мене терминот мие 28, јануари 2013
може може така да направиме , инаку и мене ми е терминот 20септември , ама како одам на ехо се помалку ми кажуваат ама еве нека биде овој како последен нели
Здраво на сите. Меу ке правиш список а еве овде израчунајте кога ви е терминот на тие што не се сигурни мислам 99% е сигурно http://tvoebebe.com/kalbrem.php ајде Меу, Unique.chic, NoellePage, проверети вие најблиску сте со термините. иначе навистина сме скоро сите за после зимата или некој околу зимата така нешто Силк за тбе мило ми е што си добра јас најмногу се плашам од такви удари скогаш сум се плашела па и сега од како сум трудна оти од секогаш сум имала болки во половината поздрвче до сите
Меу, јас сум ЗА идејата за списочето, ќе си бидеме во тек. Мене матичната ми рече термин дека ми е 24.01.2013 Е сега имам едно прашање до вас...Какво е тоа пресметување според ехо...? Пишува на сликичето нешто или на секое идење ви кажуваат и ви пресметуваат? Мене мојава само првиот пат ми кажа за краен термин,гледам секаде истото ми го запишува, не се ни замара да ми кажува по ехо. Иначе ми го пресмета по последна менструација, и со едно како календарче во кругче што е... И ајде да го почнеме списочето што побргу.
Женски почнав ваму, но некако не ми одеше , не ми беше логично како и на кој начиин би се надополнувал списокот. Затоа еве ја темата каде може секоја од нас да го надополни и збогати со својот датум bremenost/terminite-na-nasite-trudnici-t14082/