Ќе мора на тестови да минете кај мене прво за да ја дадам Стрес тест, кафана тест, алко тест, брза географија, нуклеарна физика, молекуларна биологија и нешто од права на животните, скок на јаже, склекови и знаеш како си е редот миразот да го видам, колку крави и говеда ќе дадете. Да не ви барам камили.
Колку многу храбри мајкички! Да сте живи и здрави вие и бебчињата и уште многу радости да доживеете! Со лесно на сите и само убавини
Секаде со бројче работава, дури и на Фемина Форум @ifv некои прават прв скрининг кај матичен, некои кај специјалист. Инаку освен тоа ги има нели и пренаталните тестови - ПРИСКА е на државно, другите одат приватно. Обично се оди на скрининг прво (тоа е всушност ехо преглед) па со тие мерки се прави ПРИСКА, на приватно тестовите мислам дека можат и порано да се направат ама еве ќе каже поточно некоја членка што правела.
Ve molam dali nekoj moze da mi gi procita rezultative. Znam deka ne e za tuka ama vo prrviilnata tema ne mi odgovaraat.
За кашлица читам некои лекови со кромид, шекер, мед...Дали е безбедно ова во бременоста? Некако додека не ве прашам, не сум мирна да земам било што хаха
Да да и јас го знам ама не би сакала трудна да го пробаш инаку помага. Направи си прегорен шекер со млеко и маргаринче.Ем вкусно ем ефикасно.Или бел слез направи си сирупче.
Здраво,мамички..долго ве следам и читкам,и конечно решив да ви се придружам.. 30+5 гн бремена со девојче во моментот сум во голема дилема..рано ни е за породување ама размислуваме за да направиме добар избор.. ве молам што би ми препорачале ГАК кај др Миле Тантуровски или Чаир кајдр Зоран Илиевски Пријатна вечер мајки ❤️
Welcome to the club.... Јас сум 28+5....Јас имам веќе две недели такви болки, во пубичната регија и во сакралниот дел назад во кичмата.... Бев на контрола и ми рекоа дека е нормално, бебка почнува да тежи, да се врти и карлицата си се спрема за породување... Ми рече да пијам Магнезиум два пати во текот на денот и да се одмарам (ако многу се движам) или пак да се движам (ако пак одмарам многу) работата ми е 8 часа седната а времево е ладно, каде да се движам ама гледам да балансирам... Тоа е ... Ќе помине, битно е бебињата да се здрави и живи нас ќе ни помине
Помага и топло млекце со цимет,Мукоплант сируп исто можеш...јас се лечев овие денови од настинка,освен со горенаведените работи,секако супи,многу лимон и чајче пиев со мед,па фала богу ми помина
Од утринава благи менструални болки. Дали оти вчера долго време бев на нога, дали малава решила да си игра со матката не знам. Не се болни, туку се константни. Еве траат половина час веќе.
Девојки јас сум 6+3. Веќе 10 дена не сум спиела асално, не можам да најдам добра позиција, многу ми се мачни ноќите.. Исто чувствувам притисок на желудник, како некој со стапало да ме гмечи. Од вчера сум на утрогестан па само ми ја доинтензивира состојбата, ноќеска сериозно мислев ќе умрам. Од утрово имам нагони за повраќање, ама јас имам фобија од тоа, дали 2 пати во животов сум повратила... Ќе помине ли за некое време или вака ќе ме тера цела бременост?!
Зависи... некогаш поминува, некогаш не, или поминува па се враќа... итн. Барај да си најдеш што ти е удобно... Пример, напиј се чаша млеко пред спиење, или облечи си други пижами, или не ставај омекнувач на пижамите, смени перница, итн... пробувај да си најдеш нешто што ти е удобно. Кај мене ова функционираше некој период, а после тоа пак си барав нешто друго...Сите сме различни. Уживај си во бременоста тоа е дел од неа јас го пиев ова, главица кромид варена околу пола саат, со додавање на вода по малку за да биде константно околу 400 мл, од кога се излади, додадов мед и лимон и го пиев по една чаша на ден (неколку дена) Помага, мене во тој момент не ми беше гадно барем така мислам...не се сеќавам , ме фати тоа ептен на почеток на бременоста. И битно беше кромидот да не се лупи, само се мие убаво да нема земја на него
До кај 13та недела ќе ти биде тешко со мачнини и нагони за повраќање. Потоа се ќе помине преку ноќ. И јас не сум по повраќањето, ќе стискаш заби. Чувството е одвратно, али се преживува.