Мене за повраќање и лошење ми даде Антиметил да пијам. Додуша не го пијав нонстоп само по потреба, ама мислам дека делуваа и плус составот им е ѓумбир. А за утрогестанот еве 33та недела сум и уште пијам по едно на ден и сакав да кажам дека јас го пијам на празен желудник насабајле. Ајде ќе издржиме и со лесно .
Прашај дали може вагинално да го користиш Утрогестанот, да ти олесни бар тоа додека имаш гадење. Неподносливо е знам, мора да се издржи. Пробај на гладно чим станеш некој крекер, соленка, оризови галети, банана... Јас така прежвував + кисела вода. Антиметил и помага и не баш . Со лесно бременоста, ќе помине само биди трпелива и не се плаши.
Ќе помине без грижи ги имав и јас истите симптоми во почетокот од кревет не станував исто со утрогесран бидејќи прокрварев меѓутоа се помина после 12 недела еве веќе тераме 34 +5 и се е ок се надевам дека така ќе биде и кај тебе поздравче
Пријателка прокрвари,7-8ма недела,не упатуваат за скопје на клиника. Каде треба да одиме? На кое одделение?
На гинекологија, првата зелена зграда кога се качувате накај водно. Не се влегува на главен влез посебен влез има.
Изгледа стварно ќе дојде малата на роденден кај мама Чим ја нема досега да пише. @aceee99 ти свечено ќе ја затвориш 2018
Мамички како сте?имам мали главоболки и низок притисок 80 со 60 сега мерев.што би можела да се напијам?
Ај ,јас почесто ќе ве дружам овде Ми почнаа мачнини и повраќање,ама кај преку цел ден,него и навечер се разбудив околу 2 и повратив Е сега,проблемов ми е што морам дабростон да пијам 2 пати на ден,а мене нон стоп ми се повраќа,па да не биде да го испијам па да го повратам.Кажете некое чаре?
Денеска во 4:40 ме разбудија болки во стомакот и во половината,си реков готово дојде денот сигурно. Ама не. Неколку пати како да ме прободе и во стомак и во половината,потрае 20-30 секунди и престанува. Се повторуваше повеќе пати,па престана,па околу 7,па пак престана,пак се повтори околу 10 и толку. Баш си мислев ќе се појачаат (бидејќи не беа многу силни) и ќе зачестат,ама не,веројатно беа лажни,колку да ме заплашат. Да очекувам дека ќе ме фатат вистинските болки за брзо време или не мора за значи,а еве цела недела како многу често ми се згрчува стомакот и е таков и по 3-4 мин? И дали ќе ги почувствувам породилните болки,се ми е страв да не се породам дома? Бебчето сеуште го чувствувам високо под гради,сеуште е активно и не ми е спуштен стомакот,термин 01.01 Поздрав женски Со лесно на сите
Ја несаакајќи го направив. Се заборавив, местев кондури и бев чучната па не можев да се исправам. Лазев на колена до дневна и ме фати кичма, едвај станав.
@hello-kitty.90 менструални болки и контракции ти претходеа неделите на овие болки или досега ништо немаше?
И јас мислев дека нема да ги сетам породилните болки, но верувај ќе ги сетиш баш се болки оти се јаки и многу боли.
Немав баш никакви болки,освен стврднување на стомак,ама кога бев на цтг,покажуваше контракции над 80 кои јас воопшто не ги чувствував.После прегледот со рака,два дена по малку ми паѓаше чепот,ама болки немав никакви. Дури и овие болки од сабајле не се јаки,ни налик на менструални,а камо ли појаки,па затоа се плашам дали ќе знам на време да отидам во болница,а не ми е страв од породувањето.
Здраво на сите мило ми е што ке се дружиме јас сум нова во труднички. Направив тест за бременост испадна позитивен после тоа бев кај матичната потврди бременост и закажавме преглед во понеделник за срцева реакција. Во понеделник според матичната ке бидам 6та недела дали мора да има срцева реакција? Или рано е?