И еве ме пак мене. После 5 дена од инекцијата прогестерон и пиење на дабростон,строго мирување,сабајлево само што видов пак некоја си бледа крв. Да идам одма у Ремедика пак или да почекам? Аии ,ќе си умрам од паника
Да обавезно оди да те боцнат пак депо. Јас сум со ин витро и од почеток примам депо на секој 4ти ден. На пример ако ти пуштат во четврток, прв ден го рачунаш следниот-петок, сабота-втор, недела-трет и понеделник е 4ти ден ден за нова доза. Може ти треба прогестеронска подршка да си примаш редовно оди на консултација кај некој доктор на приватно.
Да не паничиш,да одиш ќе ти дадат инјекција тие се примаат и сигурно и дабростон или утрогестан плус. Јас 7 недели примав инјекции и терапија плус. И се смири сукрвицата еве 20та недела терам. Оди ремедика
Аделин немој да се секираш приската и не дава некој податок резултатот кој го добиваш не е конкретен туку наводно можност, многу поважни се скрининзите така бар мене матичниот ми кажа јас малку закаснав ама успеав со приоритетен да испитам, нема место за паника Сакав да прашам мешиња во тетото тромесечје освен брисевите има ли нешто друго за испитување? Дали се прави трет скрининг?
Добро утро девојки, јас 22 недела сум дали си влегувам во 6 месец или не? И кога ке почне да го чуствувам бебето повеќе и со посилни удари го чуствувам ама не често и слабо некако да паничам ли? Поздрав
@***Bony*** Читам дека имало уште еден скрининг во 30 недела... Ама јас се одлучив да не го правам, @Adeline јас правев само 4д ехо во 12 недела без хормоните (ПРИСКА) зашто ПРИСКА-та е математичка веројатност.... Според големината на плодот, мојата здравствена состојба, уште кога се внесоа податоците излезе практично без ризик за синдромите за кои се прави ПРИСКА-та, а беше ужасно скапо 5000ден само за 2 хормони плус 4д ехо....
Да, веќе си во 6ти месец.... А за бејби ќе бараш да поспие хахахха кога ќе крене на тежина ќе мрда повеќе и ќе го чувствуваш повеќе и почесто .... Моево е будно од 3:20 сабајле.... Како да знае дека јас треба да спијам.....
Немој да се секираш за движењата на бебушот секој ден може да бидат различни,ние сме 27+2гн а се случува и по цел ден да не ја осетам а и да има таков ден каде незнае да престане @Ygritte и јас прочитав дека има ама незнам кој го прави и дали е важен, матичниот ми спомна дека после скриен шекер и ддимери само брисеви остануваат и нез дали да го замарам за трет скриниг а цтг од кога се прави?
Женички... утешете ме,почнаа мачнините и тегобите. како ги издржувате? Многу ми се гади и тоа скоро цел ден но не можам да си се олеснам со повраќање (простете на овој ужасен израз) како ли ќе издржам 8 саати на работа денес... И утре и наредните многу недели....
T Иста мака веќе трет месец повраќам по цел ден.то е то мора да се издржи јас отворив боледување бидејќи неможам на нозе да стојам вртоглавици изнемоштеност итн.која недела си мамичка?
реглан не би,малку поагресивен е сум пиела ама во овој случај не верувам дека многу ќе ми помогне. За анги метил сум слушала доста го употребуваат во бременост. Дилемата ми е дали да почекам до четврток па да го прашам матичниот или да си земам на своја рака. јас само кога јадам или поткснувам или било што да имам вуста ми се смируваат мачнините. Сеуште докторот не кажа точно која недела сум,била рана бременост. Според неговите пресметки по последниот циклус треба да сум 7ма недела но според моите по терминот на зачнување 5та недела. Ќе видам четврток што ќе рече. До сега само еднаш имам отидено на преглед
Не знам колку е важен, нешто беше со прокрвеност на плацента и плод. Д-димери правев во 18 недела зашто имам во фамилија длабока венска тромбоза а скриен шеќер не правев, немаше потреба. Сега правам само крвна слика и тест на тироидни хормони зашто сум под терапија и во 34 недела ми рече матичниот гинеколог брисеви.... Само тоа....
Мене пред 2 недели ми се појави крв, и примив 2 инекции депо на 4 дена иако за 2,3 дена ми помина скроз. Сеа сум само на Утрогестан орално и вагинално. Се мислам за инекциите дали се доволни. Ама веќе немам крварење фала Богу!