Здраво на сите..не сум нова на форумот,ве читам кога имам време, но до скоро имав обврски со факултетот и неможев активно да се дружам овде. Сега кога го завршив ќе можам да се дружам со вас Со мм после три годишна врска летово стапивме во брак и пред некое време почна да ми се повраќа од се живо и диво, ми се гадеше и во себе си знаев, биднало од вторпат првиот пат ги бевме утнале плодните денови минатата среда бевме на контрола и веќе сум 12 недела бремена толку многу сум среќна, но ете некако нешто во мене не ми дозволува да почнувам да кажувам на другарки, луѓе со кои сум во контакт.. (секако мојата фамилија и фамилијата на маж ми знаат), но друг никој...позитивна личност сум,дружељубива, секогаш подготвена да се најде во добро и лошо, но некако среќата сега за сега ја задржувам само за себе...што мислите дали да почнам да кажувам, еве на пример на најблиската другарка? Можеби е тоа затоа што имам слушнато дека треба да се почека барем 3ти месец па потоа или незнам што?! Збунета сум, среќна сум, а и забележувам промени кај мене Ова ми е прва бременост Поздрав до сите, имајте убав ден
Здраво мамички. Како сте ми денес? Сакам да ве прашам нешто јас со докторката кога бев на гинеколог се договоривме нареден пат да ми види крвна слика и крвна група да одредам која ми е. Знам која ми е, но ми рече требало да имам картонче која крвна група сум. Е сега, сакам да ве прашам дали сега на втората контрола освен што треба да однесам крвна група и крвна слика дали треба и мокрача да испитам? Не ми спомна таа ништо или јас од што ја видов точкицата се збунив и не ја слушнав што кажуваше. Never.Stop честитки за бременоста со лесно да си го износиш бебушко.
Честитки, со лесно да си го носиш. За кажување, јас чекав. Планирав да чекам до трети месец-12 недела ама неможев да дочекам па почнав во 10 недела. На наекои другарки одма им кажав,тие порадосни од мене, јас во невереување деке се фатило од прв пат а некои ми рекоа дека ако не по друго по градите ми се познава така да џабе си ќутев А они пак, одма си кажуваа, уште во 5та недела сите знаеа. Гледам ти веќе си во 12 недела. што значи најризичниот период ти поминал.Можеш да си почекаш уште една недела да ти помине третот месец. Ама ќе видиш колку подоршка и помош ќе добиеш од сите околу тебе кога ќе почнеш да кажуваш.
Agrona и captivating многу ви благодарам и јас велам да почекам уште недела време па ќе почнам да си ја кажувам веста и да примам честитки, совети, бабини деветинки Ве бакнувам
Агрона мила препорачливо би било да однесиш и мокрача на испитување...Јас барем досега и крв и моркача испитував А за крвна група имав картонче од возачка каде ми е запишана крвната група... Невер стоп добредојде во друштвото на мајчички...со лесно!
Mrs.Bass значи дефинитивно е машко бебулето ? Јас сум на прглед на 15ти нареден месец па ќе видиме што е
Женче вчера бев кај мојата матична а таа како и сите матични си ќути си мери и на крај ми вика бебето е супер , супер си напредува а за пол јок мајче, ништо не кажа... затоа пак нели јас си бев на приватно си се изнауживав гледајќи го бебчо и гинекологот дури 2 пати ми потврди дека е син на мајка е сега ќе почекаме уште 3 4 недели да одам на 4д па ќе бидеме сигурни што е.... нека ни се живи и здрави бебушки!
Ех и јас прво се мислев дали да кажувам ама најблиските пријатели ме познаа одма оти наместо вообичаената пиенка на која се собираме, мезе со ракијче или скара со пивце не сакав да душнам алкохол па по тоа познаа Инаку јас не можев да издржам, на најблиските им кажавме уште на почеток на бременоста, на родителите први, на браќа, сестри, на братучеди и на најблиските колеги од работа, другите колеги со кои не комуницирам многу не сакам уште да знаат. Ама не е за криење работата, како што е Господ никој не е. Иако е уште многу рано, сакам само да ве прашам од која недела отприлика се дознава полот? Не дека ми се брза да дознаам туку љубопитна сум да знам од која недела може да се види.
И јас имав картонче од возачката ама не знам кај ми е. И затоа вчера бев да ми земат крв и да ми одредат крвна група и денес после работа да си ги земам резултатите. Ај и деновиве ќе испитам и мокрача, и да си бидам комплетна. Па здравје наредна недела накај 7-8 ноември ќе одам кај матичната тогаш треба и да се чуе срцевата акција. Фала ти многу мила. Поздрав !
^ Нема да е доцна за 4Д во 25 недела од бременоста? Сега си веќе 20 полна, во 21, после 4 недели ќе си 25 недела ми се чини, јас мислам дека тој скриниг се прави некаде до кај 22-3 недела. Инаку јас испитувам и крв и мокрача.
ау женче треба да го сменам стикерчето 19недела сум во 20 за 3 недели ќе бидам 23 и таман тогаш ќе одам..... фала ти
невер стоп-добро дојде имај убава бременост ние сме добри со бебуш,вчера се шетавме доста долго,се прошетавме и пешачиваме убаво денес во акција во домот за расчистување и сега пак одмор. инаку бебуш е веке се поактивно,секое мое легнување и одма чука и често на десната долна страна од стомакот како јајце ке потече веке го чуствувам и кога се превртува или преместува,незнам што прави Tоа внатре ама го чуствувам убавкото на мама утре веке влегуваме 20 во пат за 21недела,еех како си поминува времето така мили мои имајте си убава бременост и најлесен порогај
Многу ви фала на сите Сакав да ве прашам, читајќи наназад во постовите, матичните ви препорачале витамини за во почеток на бременоста..мора ли да се пијат некои витамини задолжително или? Јас живеам во странство и мојот матичен гинеколог уште не ми даде никакви витамини, само ме упати како со исхраната, што да се јаде, што не... Човекот е еден од најладните луѓе што сум ги запознала досега во животот но се познава дека има големо искуство и знаење од неговата област, така што нема да очекувам насмевки во текот на прегледите Гооолем поздрав до сите, имајте убава вечер вие, а со тоа и бебчињата во вас
Женски, може ли да ми кажете како изгледаат контракции? Како да ги препознаам? Ја прочитав темата за Braxton Hicks контракции (лажни контракции) ама уште немам идеа како изгледа контракција. Што да отчекувам? Болки? Грчеви? Навистина врска немам Never.Stop Не сите доктори во странство препорачуваат витамини. Можеш да пиеш фолна киселина од 4мг. (тоа обавезно) и магнезиум, 250мг минимун Ама имаш и витамини за трудници кои во една таблета имаат се што ти е потребно така да ти одлучи си. Прашај си во аптека или докторот што мисли дека е најдобро
Добра ви вечер девојки,како сте ми? Јас одамна не сум пишала,но ве следам Инаку ние сме си супер,бебушка е добра,секој ден се повеќе и повеќе мрда,мислиш балет си игра внатре Тато и бато се многу среќни што и тие ги чувствуваат движењата на нашата балерина Син ми мноогу ми е интересен,ќе прави што ќе прави мора да дојде до мене и да ја погали дада Еден период ми се изгуби желбата за да јадам се што ќе видам но еве пак се врати,периодов не можам да се изнајадам мандарини ммммм...ги обожавам. Почнавме да се лепиме по излози на продавниците за бебешки алиштиња,лелееее сешто има,некогаш си викам за маливе има многу повеќе избор отколку за нас возрасните Поздрав до сите
Добр утрооо Честитки за НЕВЕР СТОП, со лесно да си ја износиш бременоста , е кога сме веќе кај бременоста наредна недела при крај влагам во 9-ти е сега гинекологот ми рече за последен брис да идам кај 36 недела, имал некој вакво искуство оклу доцна да му земаат брис ? Стравот расте, ама и еуфоријата за новиот член во семејството спремни сме, уште да земеме улошки, за бебушко се наоружавме со се и сешто, значи од наредна недела почнува исчекувањето . Секој ден се мислам којзнае колку ке е слатко ,само да се роди здраво и живо. Мислам и дека веќе осеќам лажни контракции, ми се стврднува стомакот,ме приболнува и стомак и кичма, и како нешто да гура надолу,ама кратко трае и престанува. Прва бременост ми е и толку сум збунета што мислам дека нема да знам кога да идам во болница или кога ми пукнал водењакот Има да има смеење и плачење.
Добро утро и од мене. Јас сум 36та недела во моментот и мене ми е прва бременост и истите прашања нонстоп ми се мотаат низ глава. Стомакот мн често ме боли и навечер воопшто не можам да спијам. Инаку брисевите и крв и урина се испитуваат во 36 недела. Брисеви (колку што знам) се земаат за да се види да не има некоја инфекција што може да се пренесе на бебенцето во текот на пордоувањето. Ајде нека ни е со лесно уште малку остана. Убав ден на сите форумки!
За болките во стомакот особено навечер или во текот на ноќта немам коментар Никако не можам да најдам позиција за спиење и се ми смета. А за брисевите,се надевам нема да се породам пред да стигнат резултатите
^Мене брисевите ми ги земаа минатата недела, ама леле колку болеше . Солзи ми течеа. Докторот ми рече дека тоа е заради тоа што е спуштена матката надолу. Инаку ние вчера паднавме надоле. Завчера стомакот ми беше до градите, вчера утрото забележав дека е малце спуштено, ама не бев баш сигурна, ама вечерта ми се врати како што ми беше пред месец дена. Малку сум испаничена сега, страв ми е да не е малце рано, бидејќи на часовите во ГАК ни рекоа дека откако ќе се спушти стомакот за 2 недели после тоа да очекуваме породување. Изгледа порано ќе ве напуштиме од труднички муабети.