Мешињааа ме фака криза за храна јадам веќе три саати по нешто и пак ми се јаде не сум гладна ама ми се јадееее ке си пукнам што ли сака да јаде лепотицата сега стварно незнам
Готовоооо стигна диливерито го жалам мм кој знае што си вика во себе ама ние бар ке сме сити сега @Emma2 леле тешко и на тебе за која попрво да касниш се надевам нема да качиме 100ка до крај
па и да качиш 100ка... Еднаш се живее не че гладуваме хахах. Јас од мојот последен коментар до сега 3 пати јадев. Плус и ако не ставам нешто вуста ми се гади имам мачнини така да ќе си гнетам 24/7
И тоа е така боље сити него гладни после че слабееме сега веќе ме гутка јас до тука ве дружам од 6 ч сум на работа мора да дремнеме малку, поздрав мешиња убав и мирен сон на сите вака ја замислувам мојата принцеза
Жени,влегувам во трето тромесечие и наеднаш како поголема тежина да осеќам,мачнини како на почеток на бременост,поспаност,а се задишувам мислам и од најмал напор...а да,и ме фаќаат страшни кризи за благо и тоа навечер најчесто
Од 8ми месец уште потешко ќе ти биде спреми се психички @PeachGirl ќе ни донесе божиќно девојче денес, со лесно да ти е! П.с леле ми иде редот
Дали во 29 недела ве фатиле утрински мачнини? во 05:00 сабајле се пробудив со мачнина ама и наспана, одморена... Го зафркнав бебево еднаш и јас да се разбудам пред него
Иста бев прво тромесечие ако не каснев одма ќе ме нападнеа мачнини,затоа па во второ сега немам толку апетит,ама па со такво јадење стварно полесно ми беше не повратив,желудникот само да не е празен. Јас сабајлево се разбудив со болка во желуник а не сум гладна сигурно стомаков ми притиска
Д Да не те фаќа паника што ти се ближи редот? Јас само си бројам уште колку бебиња има за доаѓање пред моето Инаку вчера разговарав со сестрами за тоа дека освен едни чорапчиња, 2 боди и количка ништо немам купено за бебето и ја убедувам дека имам време, уште два месеци пошто нели термин 22.02 и кога ми кажа она: епа кај 24-25 јануари влегуваш во 9ти и можеш секој момент да се породиш, првите 10 дена од јануари ти се празници значи имаш уште 15 дена да купиш се што ќе ти треба, после да испереш и испеглаш... ме исплаши малку, како да ме освести дека ттеба посериозно да се посветам на шопингот за бебе
И јас си седам на едно уво хахахахахаха ама има време до Март... Чекам празничнава апокалипса да помине по продавници, се плашам да не настинам... Си седам по дома...
Од првиот ден од кога се зачленив ја гледав листата колку далеку ми беше мојот Јануари и сега кога почнаа да се породуваат од Јануари силна возбуда ме обзема Од утре свечено и официјално во 36та недела и 9ти месец. Чувството дека ќе се породам пред време исчезна, сега имам чувство дека бебе ќе седи до 42 недела. А јас одвај чекам да заврши ова се.
Добро утро . Јас веќе недела дена се чувствувам некако тешко, при стоење ми се слошува и морам да приседнам за да не се онесвестам, приметив и дека деновиве ми се спие повеќе од вообичаено . Претпоставувам дека сум слабокрвна , железото дека ми е слабо бидејќи и со првата бременост бев иста во последното тромесечие . Утре идам да проверам крвна слика па ке видиме. Ве гушкам И мене ме фаќаше таков период од време на време Нормално е срц тоа во трето тромесечие. Се повеќе и повеќе ке се чувствуваш така, без грижи
Добро утро и од мене денес сум катастрофа од 6ч сум на работа а уште неможам да се освестам, очите ми паѓаат одвај чекам да си одам за да спијам А му велев на матичниот да ми даде боледување да поспијам малку ама тој е многу строг несакаше демек боље е за мене да се движам оффф
Уф, ама лета време леле... Нека си тече редот, пред мене @FreeMind, ја не раѓам додека не се изнајдам руска со кифли и пита за Василица и печена тиква. После на мени ми се мои мекици, ако ми донесе нели некој . Инаку умрев од киселини. Ништо не ми помага. И исхрана запазив, чоколада не пипнав-ма џабе! Млеко, ориз, кисела вода .. се тоа уште бетер да ми се дозгади. Офф, уште малце ајде! Вака сама си се тешам секој ден .
Мамички утре влегувам во 15 недела а овие гадења и повраќања никако да престанат.цело време си викам ајде уште малку уште некој ден ама не можам веќе да издржам