Ништо веќе не помага а и настинав од вчера се ми е собрано и некоја депресија ме фати се ми се собра мислам ќе пукнам
Се мислам каде да правам втор скрининг. Со првото дете го правев во систина. Сега сакам кај матичната, ама па и во државвна да појдам....Не ми се оди во систина кога матичната има совршена технологија, а на државна колку и второ мислење да слушнам. Сте праеле ли некој два пати скрининг?
Ако има добра технологија можеш и кај матичната, многу од матичните го прават вториот скининг а за државна иако прегледот е 30-40мин на крај на извештај нема многу пишано само мислење дека според тоа што можеле да видат е ок се, мојот матичен беше многу револтиран наводно тој самиот повеќе мерки зимал на обичен преглед, како год добро е да се направи ама немаш потреба од два пати бар јас така мислам
И јас правев два пати втор скрининг, не дека нешто посебно имав потреба, чисто сакав да си слушнам две мислења. Едниот ми беше во државна, едниот во Систина и искрено тој во Систина повеќе ме бендиса, подетално ми објаснија се, макар што горе доле нели го кажаа истото. Ако си ти така посигурна, направи си, зошто да не?
Не можам веќе денес сум се изнаплакала аман за ситници плачам јас и по природа сум чувствителна ама сега сум уффф ужас.а ова повраќањево ме докрајчи не знам уште колку ќе издржам вака
Јас правев прв и втор скрининг во Систина...се ок ми кажаа,ништо посебно,дури матичната подетално ми објаснуваше се и повеќе време..Али ајде за секој случај тркнав и до Систина,битно се да е во ред
И јас се мислам вториот да го правам на две места, само ќе гледам бар недела дена растојание да има меѓу двата.
Нема потреба од 2 пати ист скрининг. Јас го правев за двеге деца во систина кај Димчев, задоволна сум, убаво ме гледаше и ми објасна се, му верувам и тоа ми беше доволно.
многумина викаат до 3тиот месец било така но ти и @Charlotte* прекорачивте. Јас се надевам до трет месец (12 та недела) ќе помине зашто не се издржува.