Јас три дена бев со такви болки, 32+6 сум и денес отидов на преглед пошо ме фати страв некој ама се си е ок, фала богу, нормално било ако те боли мн тркни да те зирнат да не ти е во мисла
Сега бев.. контракции нема болови нема на цтг вагинално ме прегледа не сум отворена ама стомак тврд , болови во кичма и ниско во стомак,имаше некоја акција бев на мисла за систина се јавив ми рекоа да не се малтретирам дека во пон ме видоа таму све е ок да се боцкам прогестерон и да лежам.. матичниот ми кажа да не де плашам дека е бебе 2100, покрупно е, и да се роди порано пак ке е ок дека има на тежина нема да има потреба ни од инкубатор ( а во понеделник во систина ми кажаа 1650 тежи и си одговара на недели) како и да е ме потсмирија сега лежам и на 31ви пак боцка и лежење.
Со лесно на сите кое сте при крај со термини, уште малку ве дели од најголемата љубов . Кога ве читам се возбудувам и јас, а имаме време уште, треба да го поминеме зимово во меше
Јас имав неколку интервенции за краток период(вонматерична, царски...), Па докторката смета дека побезбедно е да одиме со царски,иако еднаш ми спомна дека можеме да пробаме природно. Ама јас не сакам да ,,пробувам" , па на крај и болки за природно и болки од царски. Па сега како ќе биде, ќе видиме.
Немој да се замараш ние полот го дознавме дури на вториот скрининг до тогаш на секој преглед ни беше обратно свртена а за коментарите ги имав и јас демек "знаеш а не кажуваш" ама ете сега се знае и знат сите да не не мислат
Дали некој од вас имал болка над папокот,чудна на допир и при истегнување ја чуствувам,дали е можно рачето или ножето да му се таму на бебче па така да ме затега ?
Од денес сум 31+0 но денес бебче мн малку ми мрда онака некои нежни движења и од време на време на едно место како плус да удира. Тоа ли икање на бебето на едно место кога подолго време удира како плусот што го чуствуваме кога ќр ја ставам раката? А до вчера неколку дена ептен беше активно стомакот ми рипаше хахха и ноќеска боксови ми маваше ама денеска е многу нежно? Нормално ли е така некои денови ептен да мава а други денови така благи удари ни стомакот не подрипнува само така движења у стомак
Чути не кажувај сегде ги има, јас на никој скоро немав кажано дека сум бремена до 4ти месец Не дека нешто ќе направат скраја да е ама за првото во 5та недела разгласив и од некој луѓе многу негативно се изненадив и затоа сега нема што да знаат.
Не се плаши опуштисе, мора да помине, дај боже со убаво да си се олесниш, жени сме ние ќе издржиме се
34та недела, исто го осеќам. Освен икање не знам што друго може да е. Секогаш е на истото место, кај што е грбот на бебето. А за нежното гурање мислам дека снемува место. Одамна не ме клоцнало силно, само тегнење и притисок.
Исто и јас го чувствувам како тебе, освен тегнење и притисок друго ништо а пред 2 недели баш убаво клоцаше
Во 36та уште помирно станува, а стомакот се изобличува при негово движење. Оние силни удари на кои се навикнавме ги нема сега. Побарај помош од пријател @lackygirl вака ли ќе биде до крај? Мене од утринава препоните така посилно ме болат. И јајниците. Во таа регија се дешава нешто.
Јас сум 29+4 бебка е активна 24/7, само газето излегува на стомаков во 28 недела беше свртена како што треба... Ама уште 10 недели уште 110 пати ќе се преврти ...инаку една роднина фанатик за вежбање ми кажа во 9ти месец дека само се тегнела на скали, за да се намести бебето... Инаку не живее тука, во странство се...