Сигурно мрдањето е кај секоја различно,можеби си зависи и од бебето. Кај мене откако влегов во 36 недела само два дена беше помирно,многу помалку мрдаше и на преглед ми кажаа: Аааа се спремило за излегување,отворена си еден прст,нема да чека до термин,за брзо ќе се породиш!!! Аха,сигурно.Помина прегледот,утредента повторно не го чувствував многу многу,ама затоа од наредниот ден наваму,мрда нон стоп,поактивно и посилно никогаш не било. Клоца,се истегнува постојано,и дење,а посебно навечер кога треба да се спие. И да,дека не знаат ниту докторите според преглед кога ќе се роди,потврдувам. Можеби некогаш погодуваат,но во мојот случај не е така,само ме испаничија во моментот. Тоа беше точно пред 2 недели,а јас сеуште не се породив,39+3 сум и бебка изгледа ќе си чека до термин,ако не го и надмине. Туку, останатите кои сте веќе влезени во девети месец,одите ли на прегледи сеуште или не? Матичниот ми рече кога последен пат бев во 37 недела на цтг дека тоа ми е последен преглед кај него и нема потреба веќе да одам.Ме препрати истиот ден на цтг во болница и таму ми кажаа кога ќе добиеш болки да дојдеш. За повторно да одам на цтг не ми кажаа Да си чекам да добијам болки и да одам да се пораѓам,или треба да си одам повторно на преглед,а тие заборавиле да ми кажат?
За икањето тоа е сигурно, кај грбчето на бебето се осеќа ритмичко пулсирање и се поткрева и стомакот кај мене икаше едно 10 мин сигурно, еве и аега откако се роди исто така ика силно
Кај матичната не одам веќе. Последно бев 35та недела кога ми ги зема последните брисеви. Од тогаш одам во Систина, веќе два пати. Прв пат 36та со цтг и ехо, вториот пат после две недели во 38ма само цтг. Сеа ми кажаа за една недела пак. Мислам дека посекако би требало да те следат на цтг, без разлика дали имаш болки. Еве и некоја друга феминка нека сподели мислење.
Многу се смешни докториве кога ќе кажат еден прст отворена, ја добил меркава пошто го брцнал прстот И мене така на Гак во 34та ми рекоа еден прст отворена, и дека ќе се породам за два дена Јас истерав до термин. Ако не правиш кај матичниот, пожелно е во болница, барем ехо или барем цтг.
Како сте женски? Јас некако многу почнав да се чувствувам прејадена во последно, па ми е тешко.. А исто си јадам незнам оти вака Не јадам нешто посебно многу, ама па многу сум стрвна морам да си признаам, се нешто пикам во уста Дали па бебка се крева нагоре па затоа се помалку место имам незнам 21+4 денеска, во недела на скрининг едвај чекам Па таман од тогаш 22ра недела, во 6ти месец Неможам да си поверувам како лета времето, и секој ден му се заблагодарувам на господ што не благослови со чедово Само здравје да си изгураме до крај како што треба, се да е во ред од друго страв немам.. Знам ке имам подршка од маж ми за чување и ке се снајдиме самите без проблем само да сме живи и здрави.. па свекрва или мајка можат на гости да ми дојдат само и толку, уште сега ме фаќа нервоза од помислата да ми се плеткаат во рацете и да ми се мешаат околу бебка Уште сега сум љубоморна ама знам дека не грешам штом се осеќаме ние 2та спремни да се справиме со се, само тензија ке ми ствараат и ке се нервираме Незнам поискусните нека ме просветлат можи и грешам (на моменти си мислам и себична дека сум вака што размислувам ) ама се тешам со тоа што мм ме подржува
И јас да се пријавам дека од 20та недела кога влегов многу тежина чиствувам во желудник,а и не вечерам од што ми е тешко после ручек,гледам тоа да не биде обилно јадење нр јадам количински многу,стрв немам кон ништо освен што почнав чоколадо обавезно да кркам. И уште една недела во новата 2019 втор скрининг Само да биде де во ред. Новогодишна желба ми е
А од кај имате искуство со маж ти па сте толку сигурни дека можете се сами? Мене па паника ме фаќа како ќе ми биде првите недели, и секако морам мајками да ја ангажирам,башка јас со две наеднаш и те како помош ќе треба. Маж ми сака да помага ама реално не искусен е и само ќе ми одмага знам. Којзнае , сега во моментов така размислувам. Нека пркнат малку, да влеземе во шема и двајцата па после сигурно полесно ќе биде...дај Боже!
Јас имам закажан преглед на 37ма недела и верувам ќе биде последен. Бев пред недела дена и ми рече што и да има ќе си одиш во болница ако имаш болки. Се е во ред и со тебе и со бебе, тоа е тоа го чекаме да излезе. На овој преглед во 37ма го очекувам тој фамозен преглед со рака кој помагал да се отвориш. Се оди на цтг ако имаш индиции, не го чувствуваш бебето/го чувствуваш многу посилно отколку порано, притисок, крварење и болки неспецифични за 9ти месец. Ако ти е мисла секогаш можеш да мавнеш лажњак за цтг преглед дека имаш болки и контракции. Медицината вика да не се потресуваме многу и да се скратат прегледите ако нема индикации. Запомнете без индикации нема никаква промена на бебе или на твоето бремено тело. За се има знаци.
И јас мислам како @flower55555 Јас и мм ќе се снаоѓаме како знаеме, па како иначе ќе стекнеме искуство ако има баби околу нас кои цело време ќе преземаат обврски околу бебе или ќе се праат дека они подобро знаат.
И јас знам дека мм ќе ми помага, ама се крстам во свеки, има работено со дечиња, во детско, исто така е поискусна, (го пораснала мм тмн по мерка хахахаха ) не се плашам од ништо, само мирна ќе бидам кога знам дека е некој постар тука, да ми каже каде грешам
Е баш така, тоа ми беше поентата. По мирна ќе сум. Не значи дека нема да си ги гледам децата, баш напротив прва ќе бидам да научам нешто од постарите бидејќи тоа е бебе не е кукла па ај ќе експериментираме да видиме како ќе ни оди. Ние сме подруги генерации, порано друго било, ги учеле шо се вика од многу мали за некои работи. Абе само на почеток треба некој малце да ме внесе, после ќе неам гајле. Маж ми немора да се плетка многу, си знам за него какви обврски би му задала има како да се покаже, ова е женска работа. Секако па ќе кажам дур пркнат, па може и пелени да мења секако.
@Happyinlove , иста е ситуацијата и кај мене од 20 недела, ама мислам дека е така бидејќи се крева мешето нагоре и притиска на желудникот. @flower55555 каде прават скрининг во неделите?
Друго е ти со две се подразбира дека нема да можете сами, ама ние 2та едно бебе ако неможиме да исчуваме таман работа.. Не ми треба искуство за да се чувствувам спремна сама да се снајдам со бебче. Баш ко шо вели @SaNJaAaaAaa како ке се научиме ние ако некој цело време ни се плетка... Друго е да знаеш дека ако ептен не се снајдиш имаш на кој да се обратиш, па друго е цела работа на нив да е препуштена... Затоа служат и часовите за трудници за основното да се научи, а другото само по себе ке си дојди.. @maja8 во Плодност.
Сигурно ова дете нема да биде како мене пред 26г или како маж ми пред 30г...не значи ако ја имам неа покрај мене дека ќе сум лоша мајка, што не си го гледа детето.... Туку ќе осеќам некоја сигурност кога ќе ми речат :супер е продолжи така, или : немој не така, вака е подобро.... А маж ми подобро се снаоѓа со дечиња, од мене не мислам дека тој ќе го бања (ако треба и тоа) но сепак да стане ноќе да ми го подаде, или да смени некоја пелена не е на одмет ... Сепак кај нас обврските околу домот и се останато се поделени и заеднички... Така да не сум само јас родител на тоа дете...колку обврски имам јас толку ќе има и тој за тоа си разговараме после 30мин од позитивниот тест
Јас денес бев на преглед и исто ми кажа како на тебе , во 37/38 недела уште еднаш да дојдам и потоа да си чекам кога ке посака бебко да излезе тогаш да одам директно на гинекологија во болницата. Сега сум 35 +1
Денес бев за 3 скрининг..33+1 сум, тоа се рачуна како 33 недели или 34 недели? Фала богу се беше во ред но бебето е лошо свртено, главата горе и ако не се намести ќе морам на царски. Докт.рече да спијам на десна страна демек да се намести, има ли и некој друг трик? Паника ме фаќа од царски
Тегнење на скали, едната нога долу другата на 3та скала.... Синоќа ми го кажа една роднина фанатик за вежбање, јас ја прашав што вежбала дури беше бремена... Се породила за 15мин природно .. Инаку живее Америка....
Зошто да не се сигурни, па позитивната мисла е најдобра, ако и треба помош и сама кажа има од кого но не сака да и се мешаат, потполно ја разбрав јас. И јас така, да ми се меша никој нејќам, кога ќе ми треба помош тука се, фала богу. Искрено повеќе ствараат нспнатост ако ти се мешаат на секое, понекогаш е подобро сама, психички. Не да се замериш со бабите и тие треба да се свесни, искрено се осеќам благословена вака, не дека понекогаш мајками не ме нервира и се караме како куче и маче само имајте позитивна мисла, и јас знам дека ќе е тешко со две но сум сигурна дека ќе се справиме а и мојте се блиску кога ќе ги викнам тука се. Сега најбитно сите со лесно да си поминеме ти близначиња чекаш така? Дупли благослов наеднаш
@Happyinlove дали често го осеќаш бебушко? Јас по неколку пати на ден повеќе е мислам заспано или па може дека постелката ми е на преден зид. На преглед не застануваше