Пак почнаа тапи болки во долен дел на стомак исто како менструални. Пак почнува паника да ме фаќа и дека ќе видам крв Во Ремедика ми рекоа као ок е ,се шири матка ама пак се трипам. Утрогестан ставам уште,а за прогестерон депо ми рекоа као ај ако прокрвариш пак,па да ставам еднаш неделно,последно ми ставија во понеделникот. Од овој понеделник сум 8недела.Скапав две недели во кревет,се ме боли
Ке пробам и со тоа сега, обично немам проблем со притисокот ама ке пробам. Ти што направи со утрогестанот?
И јас ги имав тие менструални болки, па еве некој пат пак знаат да се појават а 22ра нед сум.. Не се плаши, се дури е издржлива болката не е страшно.. Одмарај си повеќе и пиј си магнезиум.. Знам колку е тешко да се опуштиш, и јас уште на секое си ја проверувам хартијата ко ке одам во вц Ама верувај многу полесно ке ти е ко ке се водиш со позитивна мисла и ке веруваш во тоа дека се ке биде во ред.. Со лесно
Само нешто мислам,се нервирам..сеа и хормони ме лупаат па си плачам како мало дете.Али ај,се ќе издржиме за нашиве бебушки да се живи и здрави,и да се гушкаме.
Зошто толку сите се плашат од провокации? Има доста со позитивно искуство што брзо се отвориле. Ти поготово затоа што си со второ. Така беше, нели?
Не се секирај кај мене се појавуваат сеуште по малце, и не само тоа, туку и други чудни благи болки се исто нормални, секако ако се издржливи и мали. Мене па ме чеша стомак, ме пецка, страшно нервира, со се се мачкам ама пак чеша. Па се надевам дека без нив ќе се отворам овој пат Да, имам уплав од тие провокации, ненормални се ако не си отворен и ако не ти е пукнат водењак барем да е почнат процесот. Ама добра мисла имам овој пат валда полесно ќе поминам, ништо не може да биде исто ама од 0 пак провокации никако, ќе избегам
Од депо нема зијан и јас понеделник сум 8ма недела значи ист термин сме и на 4дена ја примам инекцијата ама јас не сум природно останата. Башка си примам кринон и клексани. А даа испиташ д димери да не ти требаат клексани па затоа покрваруваш? Чисто да си бидеш мирна бидејќи јаас кога покрварев во 5та недела ми рекоа клексаните никако да не ги прекинуваш. А женски до која недела се смета за критичен период?
Мене до сега сите ми рекоа дека после 14недела е поминат критичен период. Може и после 12. И ,да..тука сме јас и ти со термин Ај за д димери баш да видам,иако се си мислам дека ми спомнаа дека е рано сега,или може сум грешка.
Не е рано јас понеделник ќе испитувам за да видат дали два клексани дневно ми се многу за да ми намалат. Уште пред трансфер јас по два примам. А во која недела кога ќе влезеш си влезена во 4ти месец, 12та или 14та недела? Инаку и марчи коол е ист термин, сме се накотиле 3 сега за сега со ист термин
Тука сум и јас со вас не ме заборавајте, малце само понапред ... 14+3 ! Јас кога прокрварев во 12та полна ми искоментира сестрата дур го чекав докторот као до 12та е критично така да не би требало да имаш ти проблем. Фала Богу се беше во ред! Да, јас веќе влегов Ништо, го сменив за good old Crinone!
Ќе ја имитирам @monik55 ,во еден наврат имаше пишано:аман веќе нервоза ме фаќа,едвај чекам дада се породам. Ете така сега и јас. Ми се смачи.Ама едвај чекам да поминат уште 5недели. Целава моја бременост јас не сум седната. Во седми месец јас фуга ставав на плочки.Работа,работа и само работа. Сега па и свеки ја оперираа од карцином на дојка во понедечникот ама ја пуштија следниот ден и таа рабпта што ја делевме остана на мене. Таа се ервира станува да ми помогни,ама нит може дакрева,и се лоши,ја боли а не може да ме гледа се јас да работам. Мускулите ан бутот не си ги чувствуваѓм,немам ростор ни. Време да обрнам внимание на тоа.А пусто,клекни стани,подолго време стоење ме боли стомак,осеќам како да ме сече,прободува. Само бог нека не чува и мене и бебетп,пошо очигледно јас ни најмалку не се чувам... Едвај чекам да се породам,не сум голема тешка,ама движењата преку ден ме изморуваат и болка ми предизвикуваат. Смачено ми е,ама баш! Добра ноќ си кажав маките...
Втор ден по ред чувствувам повремени менструални болки, кои некогаш ме држат подолго време...38+4 сум...Страв ми е од породување, а од друга страна едвај чекам да си го видам бебетоо
Леле исто и јас ..активна цело време,и на работа и дома,овие денови и низ град се акнав шетање,купување мислам веќе едвај дишам ајбарем ти си пред крај шо се вика,јас имам уште 10 недели Овие денови ми се поремети и сонот,бебка ај што си мрда турбо,а и на сабајле пак почнаа утрински мачнини..се будам рано,некогаш и во ноќта,па тешко заспивам послеНестрпливо бројам до март
@Мариаа. Јас немав крварење обилно,но имав сукрвица и кафено еднл 2 недели нон стоп,во ремедика и јас одам еднаш неделно земај си инјекции нема лошо да сториш,одмарај лежи до 12 недела минимум. И ми спомнаа дека пример 4та недела,8ма недела и 12та недела се тие недели кога матката памети дека имала циклус и најчесто исфрла стара крв така попросто ми објасни за да се смирам. Само одмор без стрес
И јас имав сукрвица,немав крварење.Се испаничив што за 5 дена ми се повтори и ми рекоа строго мирување.Ама кога ми се појави втор пат пиев дабростон,сега ставам утрогестан и мислам дека се многу поефикасни.Дури во Ремедика докторката се смееше вика од 3мм за 5дена пораснало на 9мм Сега ќе одмарам строго до 12 недела па дај боже се да е во ред