Лејди па јас и ти имаме ист термин, исто е и кај мене.. Бебка активна, мене ми се спие ... Мачнини повремено..
Девојки здраво на сите конечно стигнав и јас до оваа тема. Прво да ве запознаам со мене: Последна менструација на 20.11, со следење на фоликули 09.12 плоден ден и пред некој ден позитивен тест Во средата отидов со намера кај гинеколог да земам упат да испитам бета хцг , ме виде на ехо ми рече те гледам за да видам дека не е вонматерична бременост и да ти кажам дека матката се спрема за бременост, не очекувај менструација. Рече дека е многу рано за да се види било што, да одам на 4ти јануари. Не ми пресметуваше недели, а и не ми кажа што да очекувам на следниот преглед. Бременоста ја почнав со кашлање пијам прегорен шеќер,прскам прополис,гаргара со чај од жајфија, цеден лимон и ацерола. Некако споро ми поминува па сакав да прашам што друго смеам? Слушнав дека не смеам да пијам чај? Дали смеам да пијам салеп за кашлицата? На бришење имам светло кафеав исцедок, дали има простор за паника или да почекам до 4ти кога ми е прегледот? Дали смеам да се деплирам во салон, дали смеам да се фарбам(се фарбав на 3 недели имам бели влакна)
Дали смеам по 2 фемибион од розевите да пијам дневно? До сега пиев по 1 плус 400мг метилирана фолна ама ми се потроши и немам кој да ми земе во брзо време Па се прашувам дали смеам по две фемибион да земам, бидејќи во една има само 200 мг метилирана?
Слободно можеш да пиеш по две на ден,само едно насабајле едно навечер. Јас уште пред трансфер,една недела по препорака на трансфузиологот и докторот,почнав да пијам по две, ради метилираната фолна. Слободно пиј си,немај гајче. Инаку и јас да се пријавам и тука,до сега ве читав,некако рано ми беше да преминам во оваа група. Јас сум 8+4, од врорникот навака имам како грчеви на матката, ама се е тоа нормално, ваљда . Инаку @Мариаа. Јас една недела пред транасфер почнав со утрогестан 3×1, по позитивна бета еднаш неделно со инекции депо, па кога прокрварев,таму негде 5та недела на 4 дена се боцкав, па по контролата минатиот пат,затоа што фала богу немам крварење,продолжив да се боцкам еднаш неделно со депо,и плус ми даде дабростон 2×1. Инаку уште пред трансфер се боцкам со клексане, и пијам аспирин од 100 преку еден ден. Поздрав до сите.
Честитки Недели ке пресметаш во апликација инаку се рачуна според последна менст. Значи од прилика си 4,5 нед. Смееш да пиеш и чаеви и салеп, јас лижев едни со вкус на ментол што се за кашлица и грло како гумички се прашај по аптеките ги заборавив како се викаат бело паковче со плави букви беше.. за кафен или крвав исцедок обавезно слушни се со гинеколог, може ке ти треба некои лекарства за подршка на плод и смееш да се фарбаш слободно.
Супер. Ќе пијам по 2 додека да ми донесат метилирана. Ти цело време ли пеше по 2? Или само 1 недела ?
Јас пијам Фемибион веќе година ипол,порано ги пиев по едно на ден, а по две почнав,ти викам пред трансфер,и уште си ги пијам по две на ден.
Честитки @Sofi.ja и мене ме мачи тоа со фарбањето не сум се исфарбала од кога дознав дека ссум бремена а веќе сум 15 та недела и косава ми е бела.срам ми е да излезам до продавница го пратив мм да бара фарба без амоњак па ќе видиме што ќе донесе од форумов што прочитав не е ништо страшно скоро сите се фарбаат јас со првата бременост се исфарбав дури во.деветти месец исто со фарба без амоњак некако шуббе ми е не знам
Да, во право си, јас во 12та кога прокрварев истото ми го спомнаа дека е можеби период за циклус, а по прорачунките така и испадна дека е баш во тој период. Така да,можно е... Ех, и ја сакам фарбање, не сум побелена ама си сакам, така по не ми се мрси. Јас бев едвај на фризер негде скроз на почетокот за да скратам врвови дека ептен ми беше расцветана,цел стан со влакна од шо ми паѓаше,маж ми со усисивач иде по мене, и фризерката ми рече дека фарба не сметало, ...ја додуша едвај и за шишање влегов од страв да не дишам нешо внатре...ама еве пак ми е некако шубе да стаам фарба незнам..
Јас се исфарбав со Биокап фарба, органска као, без амонијак, малце е посоленка ама мнооогу добро ми фати, чекав да поминат бар првите месеци. Сега наредно нема да чекам, повторно ќе се фарбам со истата. Доста пигментирана е и многу ми е мека, другите ми ја сушат. Ја има во ДМ. Инаку бев на преглед во 16 та недела, бебко супер, мноогу немирно, скока скока со крст нозе и не се покажува Ќе си го чекам скринингот втор, решив кај Димчев да одам, може тогаш ќе се покаже што е,ма да мене ми е тотално сеедно. Цервикс меревме, беше одличен, со тоа како почнав, добро си терам. Домче сум, си одмарам, ова време сама не ми се враќа.
Најпрво честитки и добредојде. Не сум сигурна ама за чаеви распрашајсе убаво зошто не се сите мислам дозволени, салеп, прегорен шеќер не верувам дека би штетеле, сигурна сум дека можеш овошни чаеви, ставај мед, лимон, пиј витамин ц. Кафеното може е од всадување на бебето но во секој случај јави се на доктор, да не погодуваме зошто според датум на последна менс и пизитивен тест веќе е всаден бебушко. Со лесно.
Честитки до новите трудници @Sofi.ja и @Nane26, со лесно до крај. @Sofi.ja за исцедокот јави се на гинекологот, сигурно ќе ти даде вагиналети за поддршка, сигурно не е ништо страшно но барем ќе си бидеш посигурна.
Zencinja dali vi se slucuva da cuvstvuvate kako pritisok vaginalno, jas sum 27 nedela do sega nemav pocuvstvuvano no deneska cel den osekam nekoj pritisok kako da me turka nadolu bebevo
Осеќам, осеќам. Се молам само да не кивнам баш тогаш . Нормално е бебе стиска. @maja8 пиј си слободно нема штета. Кај мене се е дупло од старт, па така и Фемибион. Инаку на крај открив што ми сметало страшно многу на желудник па може ќе му помогнам некому. Од Омега 3 обвивката ми го иритира желудникот. Кој има мака нека проба да ја извади само течноста, а тоа гумата во канта.
Нормално е. .. И јас го имам од 27 наваму... Денес 30та цепам леле многу брзо помина некако.... Уште 10 недели ќе ја запознаам бебка. .
Болките се смирија и крварењето престана, строго сум во кревет. Ако поминеме вака денес, утре ќе се договараме со мојата др.кога ќе биде резот. Ако се врати крварење ќе ме прават одма Фала @monik55
Дали некоја има искуство или слушнала за Божидар Бошковски од МВР односно Коруновски? Бил во Чаир, во Ремедика... Искуства? Дали си ја знае работата?