Мене оваа ми ја препиша гинекологот. За три дена ми помина болката. Консултирај се со твојот. На термин треба да те видат и да договориш динамика како понатаму ќе те следат. Ќе биде, може да се утне термин али тука е крајот нема да е вечно ова Не ги плаши За да биде токсичен треба да испие 100 литри. @Emma2 мешај го со кисела вода за поголема количина во денот. Оние со кока кола- не се препорачува ради шеќери. Во први три месеци само ова ве спасува така да пијте си слободно. И кисела вода секако слободно.
Ми фалат труднички муабети и мешето уживајте женички секој период од бременоста и после неа (освен болките на кои ќе заборавите) се магични
Мислам да не ја голташ. Вака не би требало да има опасност. @FreeMind ја бар знаеш нешто подебно не падавичарам, не се пазам којзнае колку, ама така ми рекоа повеќе души и ај..
Мене на почеток од повраќање и мачнини ме спасуваше само кисела вода, швепс и цеден портокал и лимон....се давев во нив, а и сега конзумирам... Терам 30 недела сум... Исто сум останала бремена во Јуни, се налапав тостови со кашкавали мајонези кечап сувомеснати и кока кола, а не знаев дека сум бремена, па се беше во ред со бебка во 12 недела.... Ништо не ми забранија да јадам, само ми рекоа да зголемам внес на овошје и зеленчук... самиот организам ќе ти покаже што му пречи не се оптоварувај.....
Значи за чајот од хибискус се извадив од памет шо испив две чаши и неможев да спијам после цела вечер..сеа и за швепсов ли??? Значи го пијам со месеци умерено нормално по чаша две и тоа не секој ден...неможам па да паничам сеа
Уживај, јас јадев цимет после видов дека не треба.. Чекав 24ч ништа не се деси и се ослободив... Уживај
Мене ништо не ми помогна за мачнини дури од вода и кока кола ми беше лошо, ама еве помина си качив веќе 3-4 килца
Јас на почеток имав страшни грчеви се виткав од болка и докторот ми забрани газирани сокови, кисело млеко а јадев многу и цитрон и тоа несмеев ради киселини, немора да значи дека кај секој е исто самиот организам ке си каже, мада јас сега си пијам газирано сокче кога ми бара душата не се замарам и ништо не ми е
Не ми се сеќирај мила моја првата бременост ја поминав само со газирани сокови што да правам кога си ги обожавам си родив здраво дете се најдобро помина.секој организам е различен еве и оваа бременос исто само кисела вода пијам од неа ми е најубаво.имај си добра ноќ
За движење на бебушка мора да споделам со вас некои гафови што ми се случуваат овие денови. Денес на каса во маркет пакувам во кеса што сме купиле со мм и наеднаш на лепотицата незнам што и текна и што ли правела во тој момент ама мислиш скокна а јас не ни очекував и свикав па речиси на цел глас, незнам како реагираа околу мене ама јас се усрамив и само наведнав глава и одвај чекав да излезам толку силно мавање мислам стварно не ми е јасно 28гн сме нормално е или детето ке ми биде некој боксер???
@Ygritte @***Bony*** абе ова докториве колку да те стават во мисли па пиши по форуми Мака имав од газираните сокови и благо и воопшто не пиев и не јадев пред бременост оти мн имав киселини, сега фала богу немам и се изнајадов и изнапив мислам за цел живот арно не ми се познава на мене
Епа денес му ја ... мајката,се исфорсирав до даска,цел ден мислам не излегов од кујна,ма не кифли,ма не торти и пралини,салата,ручек,малку ми беше тоа па ајде и две машини алишта,епа душа веќе немам,ми останаа садови не миени ама ќе си почекаат тие до утре грбот не го осеќам,како да не е мој плус бебо турбо,клоца на сите страни...доста е за денес...за утре ми останаа некои ситници и слободно може да си оди 2018та Ќе си ја чекаме 2019та со повеќе сили,повеќе здравје,среќа,успех и се разбира со уште еден нов предизвик и само убајни да ни носи. Не пишав писмо до дедо Мраз ама си знае он што сакам јас за нова година Жени и вас ви посакувам се најдобро во новата година,да имаме што повеќе мешковци и бебиња,во темата "термин на породување" списокот да е што подолг,а во "породилни приказни" да читаме само убави и филмски породувања.Темата "бременост со близнаци" да биде тема на повеќе идни мајки,а во темите за бебе и деца да читаме само среќни,позитивни,незаборавни моменти и искуства.... Толку од мене во оваа 2018 год,се читаме во 2019 Се предавам,идам да си ја гушнам перницата...ајт лека ноќ
Не се вади од памет, овде и се препорачува швепс со ѓумбир во први три месеци против лошење. Во зелена флаша е тој швепс. Мене не ме бендиса оргиналниот ме вадеше. На тие тостови со кечап и мајо што ги слапав овие 9 месеци, швепсот спаѓа во овошје и зеленчук
Jas ke ti odgovoram oti I jas imam faktor v heterozigotna mutacija I vo bremenost cela bremenost primav fraksiparin I 20 dena po poroduvanjeto za nego ke mora cela bremenost da primas kleksan ili fraksiparin
Thank you ме изнасмеа со тостовите Цимет врз овошје си ставам поприлично редовно Уживкај и ти! Си се разбудив од сабајле со болки на нозе ама ко од задната страна Синоќа позади колена ужасно ме чешаше а сега еве... ама онака ко да немам циркулација во нив...непријатно чувство...едвај станав по јадење... Сеа излеа ќе го прележам буквално цел ден...
Јас го јадев врз сутлијаш... Пошто не можам млеко да пијам и го конзумирав така.... Со пола пакетче цимет врз него
А со сутлијаш тоа се подразбира, не замисливо е без цимет И те молам за прекинеме за јадења, едвај се движам сабајлево,треба да си стаам стол до фрижидер