Јас спремам пити,едно добри 2плеха и 3тави округли Ќе има за сите Чекаме бебче новогодишно ајмо цури. Као и секоја обична вечер си е..
@FreeMind и јас како @Eni. со севн ап. Истеравме дневна шема. Пред време прославивме изедовме и испивме, кичма корне не можам до тоалет сега. Не знам што им е на луѓево, една коментира т.е прашува дали сум при крај со трудноча, друг чиче дали ќе било новогодишно бебе... Да го фати шубе човек да прошета. Ве нервираат вака коментари/прашања од непознат? Ја не би се дрзнала да прашам трудница, глупо ми е.
И јас сакам да прашам која до кај е, што чека бебето, што чека она, торбица дали е спремна, такси на повик, име дали најдовте, дали мрда, колку мрда, може да допрам, а ќе сетиш ли кога е време за пораѓај, ама некако се осеќам дека би си го пикала носот кај што не треба. Ваљда до осетот е и колку да се најде човек во муабет нели?
Тука сум и јас,си к'снав,пијнав..да ви кажам веќе очи ми паѓаат Рано станав,денот турбо,сега сум кома..Ако не дочекам 12 ,ви посакувам нов среќен почеток на годината што доаѓа,сите да си ги дочекаме нашите мали ангелчиња во здравје и благосостојба,и секако љубов,среќа,пари..што ви душа сака
Си добив и главоболка ме боли око и место околу око.. како мигрена секогаш кога ме боли глава вака ме боли.. мн јака болка е испив далерон, ајде да издржам да исчеститам и да ги оставам да си слават сите среќни и задоволни, едвај чекам да си легнам неможам да ги гледам више посебно мм, кај и да одиме мачно му е да се слика одма понашање а мене мерак ми е заради меше а со колеги се утепа сликајќе пфепа намерно не се сликав ни еднаш сега нека види како е сите со жени девојки само он и уште еден дека нема се сами
Мамички женички кралици нека ви е најсреќна новата година да сте ми здрави живи весели и сите желби да ви се исполнат.оваа година е наша и на нашите бебувчиња
Среќна Нова и од мене. Сите трудници да си имаме најлесно породување и најмирни,најздрави и најубави бебиња. И секако бројот на членови во темава постојано да се зголемува.
Среќна Нова Година! Здравје, среќа, љубов, успеси и многу исполнети желбиии, сите да се гушкаме со нашите бебенца
Срекна нова година мешиња бидете ми живи и здрави срекни и весели, нека оваа година ви следат само убави моменти, да имаме најлесно породување со здрави бебушки и секако бројот на бебиња ова година три пати повеќе да се зголеми сите да си ја дочекаат оваа убавина
Среќна нова (идни) мајки! Живи, здрави, насмеани, со бебушки во раце да ја дочекаме наредната година, убавини и среќа на тони
Среќна Нова Година. На сите ви посакувам она што си го посакувам и себеси,здравје,лесна бременост,уште полесен порајѓај на здрави и живи бебенца. Само да се шири кругов на труднички. Се што се купува со пари ефтино е. Пе сите
Среќна и бериќетна 2019 мешиња inlove:бидете најпрво здрави и живи долги, лесни бремености на тие што се на почеток, тие што се при крај лесен пораѓај, здрави, живи и буцкасти бебиња нека се множи подфорумов со еден куп нови трудници
Мешиња убави нека ни е среќна новата година.Да сте ми здрави и весели и позитивни.На сите ни посакувам лесен остаток од бременоста и лесно породување и да се гушкаме со најмилите Ве гушка и бакнува среќиче
Срцлести мешлиња, ви посакувам најубава година пред вас, полни срца, полни раце и безброј нови искуства и спомени во неа. Добро здравје да ве служи, љубов никогаш да не ви недостига и се, буквално се што ви треба да си имате доволно. На нас што сме уште на почеток, се знае, лесни труднички денови без нервози, со убаво се а најубав пороѓај и здрави и убавки бебушчиња. Со среќа и лесно на тие што се веќе при крај, разгалувајте ги бебулињата Поздрав и гушка до сите!! **Среќна Нова Година***
Тукушто прочитав прво бебе во 2019 година се родило една минута по полноќ и е машко нека е живо и здраво , оваа машка година ке биде изгледа