И под терапија сум тука застана на 0.1....едвај го накачив, бидејќи имав проблем си викам не може да останам бремена.... Ама се останувало.... Другите хормони ми се во ред...
Ја искрено и со првото немав никаков проблем, со 2,3 напони го родив но многу ме исекоа , едно 15 мин ме шиеше и кога прашав колку конци имам не ми кажа , рече не е многу а јас јадна 10 дена неможев да седнам саглам
И јас бев со првото изгледа многу сечена, ме успаа за да ме сошијат, три недели заздравуваше раната. Со второто малце сецнаа, веќе нормално седев откако дојдов од болница, за 10 дена местото изгледаше како да не е сечено. Кај повеќето второротки е така, дај боже прелесно да поминеш, ти пуштам среќа А наместо урми, секс
полни 36 недели мама веќе е спремна , уште синко да се накани да излезе желба ми е да се породам после 21 јануари , несакам синко ♑ јарец да биде дома со 3 јарци се расправам , а јас овен сите со толкави рогови
Јас го спопаѓав секој ден. Мене не ми беше до секс ама го терав баш ради ова пошто добив совет од гинеколог и од една акушерка. Се жалеше дека го искористувам
Феминки да се пријавам, ми закажаа царски, бебе уште е карлично, д-р вика папочната и е околу вратот затоа не може да се сврти Така да, уште малку ми остана Сеа уште да си средам по дома да биде спремно за бебе
Мешиња почнав повеќе да кашлам до сега се лечев со чаеви ама не помагаат . Се јавив кај општиот матичен лекар она ми рече Проспан суруп да земам ама аптекарот крсти раменици за овој суруп после ја прашав матичниот гинеколог она ми рече Алпенкрафт слободно да земам. Ама читам за сурупов на интернет да не се користи во бременост и сега незнам што да правам кого да слушам ? Искуство со некој од вие два сурупи?
А јас што да кажам?! Откако пред скоро 3 недели ме прегледаа и ми рекоа спремна си за пораѓај,за брзо ќе се породиш,бебето нема да чека до термин,синко реши да ги демантира и да си остане и после термин. Еве 40+1 ,болки само наутро и тоа не многу јаки и поминуваат брзо,стомакот ми е тврд поголем дел од денот,бебето клоца ли клоца..... а јас......чекам ли чекам!!!! Да одам денеска на преглед или да почекам па ако нема ништо да одам утре,бидејќи според менструација термин ми беше 01.01,ама според големина на плодот уште од почеток ми стоеше 03.01,па можеби ќе биде утре? Нема да биде ништо ако не ме прегледаат денеска? Страв ми е да не ме остават без болки и неотворена,па да ме намачат во болница! Јатрва ми ја оставија во болница 3 дена пред да се породи,само ја намачија.
Нема да биде ништо ако не те прегледаат денеска, чим бебе е активно. Чекај до утре и оди да те видат на цтг. Не знам оти би те оставиле на 40+2 ако не си отворена и ако се е во ред. Можеш и даље да идеш, али убаво е да те следат почесто. Со лесно @SaNJaAaaAaa
Земи си хербион на природна база е , го има во Зегин околу 150 ден е . Јас на почетокот околу 7,8 недела ме фати страшна кашлица со сирупов за 2 дена се средив