На клиника ја фалат Јелена Петковиќ,јас успеав да закажам кај нејзе за 29.01 дури.Ако можеш биди упорна и закажи кај нејзе или кај Јани.Другите воопшто не се заангажирани нешто. Инаку јас си одам на приватно кај др.Павлина Герасимовска во ремедеика и мене ми е супер.Терапијата ми е од нејзе. И јас треба да правам кумбсов тест матичната ми рече накај 24та недела .Колку кошта таа инекција штом ја рефундираат
Баш во тој период беше најактивно ,дури и ноќе ме будеше а тоа што немаш уште никаков исцедок од градите немора да значи дека ке немаш млеко. Јас со првото кога бев бремена исто немав ништо, па штом се породив веднаш си имав млеко
Се стопив,после 5 недели го видов син на мајка. Втор скриниг помина одлично,цел е на татко му.. Сите мерки се одлични,од сам старт е напред па ми сменаа термин порано јас сум 21+3 одговара за 22+6. Само живо и здраво да е,си мрдаше тоа ама јас труп слабо го чуствувам и машала 527гр . Следна контрола за месец дена тоа некаде иде да бидам 27+ по нови мерки а 26+ по циклус незнам по кое да се водам. Освен крвна слика треба плус нешто да испитам?
Супер, само нека си расте мажето . Јас сум сега 26 + и ќе одам следна недела прво да испитам покрај крвна слика и скриен шеќер и д димери па потоа со резултатите на контрола. Ми рекоа тоа е следно испитување.
Исто значи... Од 6 сабајле ме разбуди како аларм да има еве го уште се тегне... Мислам дека ми влезе во ребрата.... жилаво дете
Дали ве фаќаат грчеви во нозете? Мене некако од 30 недела наваму секоја вечер во спиење ме фаќаат грчеви и тоа ако лежам на лева страна целата лева нога ми се укочува и згрчува ,од колковите до доле , исто и на десна страна кога лежам . Пред да си легнам обавезно пијам магнезиум - магнетранс но спијам мирно половина ноќ , а другата половина никако од грчевите
Штом не ти кажале сега ништо, ќе ти кажат на следната контрола, испитувањата кои следат се скриен шеќер и Д-димери Браво за супер поминатиот скрининг.
Мене во одење ми се случи, ми се закочи цела нога од препони до прсти долу.... Земам Магнезиум од Natural Wealth со Б и Ц два пати во текот на денот и ми е подобро...
Здраво труднички ќе ве молам ваши искуства за неинванзивните тестови Nift, Neobona, Panorama ( Nipt ) или евентуално ако има некои други што се навистина добри... ме интересира кој тест вие го правевте, во која недела и каде го правевте, и што ви кажале дека тој тест се разликува од останатите а и амниоцинтезата...и ако не е проблем да ми кажете кога е најдобро да се направи прв скрининг, кај кој доктор го правевте, дали тестот се прави пред скринингот или ? Извинете на многуте прашања, но би сакала да се добро информирам и да не пишувам две пораки поздрав и со лесно на сите
Душички се бе, колку и да ми језиво на моменти сепак обожавам да гледам како си игра се превртува или кој знае што праве одвај чекам да помине уште некој ден за да видам како е се мислам дека ми е сега обратно свртена, движењата и ги осекам само лево и десно од стомакот најчесто истовремено, само да не е карлично ме плаше за млеко и јас немам сеуште никаков знак, се надевам ке имаме на крај
Јас како што сум скокотлива запаѓам од смеење.... Сакам да видам без блуза или маичка како се бранува стомакот ама не сака да мрдне тогаш, а седнам /легнам и веднаш почнува срцка е, нека си уживка... Јас сум за 2-3 недели на контрола... На последната беше свртена главачки, докторката вели оваа се спреми за излегување ама од тогаш до сега 1000 пати се има превртено
Јас не го правев, ама се прави во 12-14 недела, ти земаат крв и за 10 дена имаш резултати ... Се испитуваат 3 синдром-нумерички аберации (Даун, Патау и Ангелман) и се испитуваат милиделеции и хромозомски аберации... Каде каде е побезбеден од амниоцентеза.... И поточен ама и поскап... Филип Втори имаат доста солиден тест можеш да се информираш околу 600€ мислам беше... Скринингот и тест се прават во исто време скоро 12-14 недела се надевам дека ти помогнав
Пренатален неинванзивен тест можеш уште во 10та недела да си направиш а прв скрининг во 12та (колку само да си ги потврдиш резултатите од неинванзивниот тест). Јас правев пренатален во 10та недела, се вика Verify. Споделив искуство и во темата за пренатални испитувања. Резултати стигаат за неполна недела дена. Скрининг прв, правев кај Др. Петрова од Ремедика и сум задоволна од неа.
@Софија 88 ако ти треба контакт од девојката за Verify тестот,ќе ти дадам. Иначе, испитувањата се прават во Калифорнија. Преку Dhl се доставува матерјалот, има и страна кај што можеш да следиш до каде е.
Истооо и кај мене како за чудо кога ке сакам да ја видам или да ја снимам како мрда ја нема се срами, или мм кога ке стави ✋ таа престанува само еднаш го има лупнато на последната контрола беше свтрена со главата долу ама нагоре беше така извртена што докторот се насмеа и рече вака извртено дете немал видено во форма шкљ и интересен момент беше што секогаш до сега е со едната рака над глава но д-р кажа дека тоа е навика и дека така ке спие и кога ке дојде на свет, мене многу ми е страв баш чекам да видам како е сега, многу сакам природен пораѓај ама здравје ке видиме
Точно 28 недела, правиш coombs тест еден ден со упат од матичен на трансфузиологија,откако ќе го земеш тестот одиш повторно кај матичен да ти даде упат за на гинекологија за наредниот ден, бидејќи само од сабајле примаат. Препрашајте си,може матичните доктори да не се информирани па затоа да си тераат по старо и да ве упатуваат сами да си ја купите ( иако не верувам ).Не би требало да се разликува од град до град.
Хахахахаха исто и кај нас е ... Само на почеток се срамеше од татко ѝ . .Не мрдаше кога ќе ставеше рака а сега мислам дека кога ќе и зборува уште поактивна е... Моево секогаш има два прста горе ✌ на олку мрдање мислам дека немам шанси за природно...