И да се намести ќе се одмести ова моето хахахахахаха многу е активно... Ќе барам петиција за затворен базен во Охрид за на зима, инаку кај ќе ја троши енергијата хахахахахах
Хахаха ме насмеа може ке биде обратно имам слушнато ако се активни сега потоа ке се многу мирни нека се живи и здрави ако треба и базен ке се изнајми нп
Девојки јас бев на ехо бебето беше поголемо дали има некој проблем јас сум 23+2 а според бебето сум 24+5 беше многу потешко за 2 недели 725гр беше ми дадоа да испитам д димери и скриен шеќер. Многу се плашам да не е нешто во ред. Совет. Поздрав
Браво за нив .. Јака им душа, им се восхитувам моето прво прашање на гинеколог беше: а едно е? Хахахахахаха и ко ми рече : за 10 дена ќд видиме колку ќе се, ми се сврти
Мислам дека нема потреба да се паничиш, сепак затоа се прават тие испитувања и доколку има нешто се земаат содветни лекарства, за се да биде ок.
Леле не ме потсеќај, јас па пустата едвај чекам да почнам да осеќам движења, 15 + 1 сум, изгледа рано им е некако на моиве близначки. Ама ќе ве апдејтувам како ми е
Машала супер си е Значи мажињава наши цели на татковците ако само нека се живи и здрави.. Мене само резултати од крвна слика и мокрача ми бараа за следен преглед, друго ништо. Прашај си ти пак
Мене инвитро ми се,ама и плус имав во фамилија близнаци од страната на моите. А ти која недела си? Или за наредната бременост мислиш?
Супер со леснина, да те чува Господ, здрави и живи ... Јас носам едно ама подвижно е за две 30+4 недели сум, кога дознав дека сум бремена и прво прашав, дали е едно или две за второто ќе видиме што ќе ни се паде, еднаш да се роди ова, здраво живо
Не се секирај, ќе биде се во ред, со Господ напред мила! Само да си истераме со лесно до крај Е за второ/трето отом потом, еве ќе те спремам
Јас осеќам понекогаш, или па дека 2ро па знам да ги препознаам зошто нели сеуште не се видливи на око, ама чувството е тука некаде Се сеќавам со првото во 6ти месец ги осетив прв пат ми се здрви сосем стомакот па паники ме фатија
Моето беше скоро за три недели понапред,испитав скриен шеќер беше на граница и си бев на диета. Се породив во 36 недела а бебе си одговараше скоро за 39 и така е заведено дека сум породена во 39 недела. Бебе си се роди здраво право без никаква мана,и јас паничев знам како тие но опушти се еве ти пример дека е нормално.