@monik55 слична ситуација сум и јас 10 дена е понапред па да те прашам се водеше по недели од циклус или спрема ехо? До сега и докторката ме водеше спрема циклус ама од денес наместо 21+3 сум 22+6 па не ја разбрав дали да се водам спрема ехо?
Ако правиш тест скрининг нема потреба затоа што тој скрининг е за даунов синдром а тестот ке покаже ако има нешто амниоцитеза исто така не правев , јас правев верифи во 10та недела скрининг прв не правев, така одлучив дека ми е тој нај веродостоен во суштина нема разлика кој каков е само еден е по рекламиран од клиники болници затоа што земаат процент други не, во Србија го практикуваат и форсираат верифи па затоа одучив тој. За во рок на 1 нед стига рез. Ја следиш крвта до кај е во кој град, држава, авион е ..до 700 евра е јас земав цел пакет со целосно испитување на све, дојде претставничка јас бирав лабараторија ми зема крв и тоа е тоа, си фискална со се. Едина мана што немаат соработка со лабаратории и сл. Таа доаѓа во твојот град ја водиш во лабараторија ( колку да имаш некок да ти земе крв, рака за боцкање дека она не боцка ) потпишуваш согласност плаќаш пола тогаш пола кога ке стигнат рез или можеш се одеднаш
Се имам изјаснето повеќе пати дека и ако генетските тестови се одлични се прави скрининг,има аномалии кој не се генетски поврзани. Јас се водев и ме водеа спрема ехото.
Моево 2 недели е понапред немам скриен шеќер,има доста на тежина ама нема никаков проблем едноставно си е крупно бебе Според менструација ке си се водиш, може бебе да се израмни со неделите, како и да е штом влезеш во 9ти месец го очекуваш било кога
Веројатно е до тоа што незнам како би изгледале контракциите, а за здрвување баш пред саат време се собра како топче кај папокот како мислиш се уплаши од нешто баш ке го распрашам докторот секако сум на контрола да ми објасни како треба и на што треба да обрнам внимание фала ти на одговорот позз
Така ми кажаа гинеколозите, матичниот и во систина Димчев дека нема потреба, знајќи дека имам искуство со бебе позитивно на аномалии и ред др раб не е тоа темата. Тој ми ја водеше и прва и сега ова бременост валда не е бездушник да не ми каже испитај амниоцитеза И незнам што кога знае дека се тресевме за ова бременост дали има нешто
Хм, мене ме однесе во точно одредена лабараторија од неа и таму ме средија се цакум пакум. Платив целосна сум неколку дена подоцна. Платив 39.000 ден, таа била тарифата за близначка бременост. И плус полот се дознава.
Мене до сега ми се случуваше и стомак да ме заболи како за менст. И кичма и да се стврдне ама не ми беше ништо..пред една недела станав во 11 и имав болки во стомак ниско и половина до 2 часот. Се јавив да прашам дали е нормално и ме стави на цтг, болки не покажа, ни контракции, вагинално погледна не сум отворена а меше се стврдна и кажа да легам да одмарам повише и да се боцкам прогестерон до сега се боцнав 2 пати сега ке чекам да пројде божиќ па да видиме на контрола што ке биде, ми рече лажни болки се ама да сме претпазливи за предвремено породување како и да е бебе има на килажа повеќе од 2 кила така да не е страшно и да дојде до предвремен. Ова е мое искуство со лажно болки.. од тогаш цело време ми се стврднува ако стојам или седам и се спупта ниско и доле удира дури заболува.. затоа лежам по пријатно ми е
Точна сума не знам не плаќав јас, кога се счушнавме не праша дали можеме ние да ја одведемњ во лабараторија доколку имаме познаник во истата и да немаат против или да оди да бара таа каде може да ми земат а ние имаме близок што држи лаб. па таму ми земаа, изгледа се е до договор како ке се одговориш така, и јас го дознав полот а кога правеше ти? Мислам пред колку време?
Мартка срце, незнам за едно бебче колку е,јас одма си прашав за близнаци. Ама можеш неа да ја прашаш има и вибер и враќа одма, многу е фина и самата е бремена Објаснува убаво се до детали. Јас и верував комплетно. Фирмата се вика Sanus Vitae, лабараторијата кај што ми земаа крв е карши Еквилибриум кафичот во Аеродром (Визиа нешо така се викаше,има надвор реклама во нови згради е), а рече и на уште едно место мислам дека можело, јас дека живеам во Аеродром па таму ме однесе. Ако сакаш контакт ќе ти дадам, све ќе ти објасни, темелна е.
Ехее ја пред 7 месеци, сигурно после мене си нашле место за соработка јас кога правев имаше о реновирање во Калифорнија кажа ке има новости.
32+6 сум. Од вчера вечер имав некои менструални болки пропратени со болки во половина и чувство за одење по голема нужда. Денес малце пропешачив и некоја тежина ми влече надоле, како шише меѓу нозе да имам, пак благи менструални болки со притисок доле на срамната коска како да сум се удрила силно или сум имала ептен груб секс или сум се удрила на шипката од велосипед, болка кај тртникот како при запек, болка во стомакот како да ме сече нешто баш во линија со папокот. Се слушнав со сестра ми ме испаничи да одам на лекар тоа биле контракции, вие што мислите? Да напоменам имам зголемен вагинален исцедок, но не личи на инфекција, и веќе два дена немам отодено во вц по голема нужда. Описиве на болкиве ми се... смајли што се крсти
мене матичниот лекар ми рече дека не смее да се појават менструални болки а доколку се појават веднаш на лекар. Јас би те советувала да си појдеш на контролен преглед.
Не се секирај, пак ќе се надоврзам, чести здрвувања ми беа, многу непријатни како што кажав од 6ти месец и се породив во 41ва недела ни 1цм отворена, со почетни провокации. Не се плашите нормално е ама мора да се внимава да не е со одреден интервал и пречесто.
Фала многу ме смири малку, јас и така нешто благо не јадам од почеток до сега само 3 кг сум поправена до сега се беше ок само 3 дена беше понапред ама за 2 недели наеднаш порасна во скопје втор скренинг беше 370 и сега кај матичната по 2 недели беше 725. И повеќе се плашам затоа ова е со инвитро трансферот ми беше во 12.8 а се рачуна од последна менст 24.7 и тука се 2 недели и кога гледам многу се собира, да даде господ да биде се ок. Поздрав Фала да даде господ о моето да биде само покрупен. Поздрав
Најлоши недели ми беа од 32 до 36. Истите симптоми ги имав. Резултат кратење на грлото на матка. Кај други истиве симптоми немаше кратење на цервикс. Не се паничи, повеќе лежи, а не е лошо и да ти измерат цервикс колку ти е. Ако има контракции треба да ти ги спречат и да полежиш до 35та.
Женички, мешиња кај сте? Јас да се апдејтирам, немам болки во половина сега ниту менструални болки, туку само ненормален притисок доле и кај тртникот. Ме боли при одење ме боли при седење и осеќам како ми се шири болката накај половина и ми го стврднува долниот дел од стомакот.