Уфф незнам што да кажам лежи одмарај ке издржиме уште малку и се ке биде како што треба верувам, само трпение и претпазливост и ке помине
Јас носам женска и мм вика види иста како мене иста уста муцка нос имаме хахаха битно карактер на мене има инат и хиперактивна ептен хахаха
Тоа дека тестот не ги покрива сите.... Ако се прави секвенционирање на геном се откриваат сите.... Ама тоа е мноогу скапо, а покрај тоа можеби и нема да заболиш од некое заболување за кое имаш мутации.... Можеби тие мутации не се во виталниот (кодирачкиот) дел на ДНК. И моевооо јухууу ко мајка е во карактер
Јас пак сакам цела да е на татко и така како буце малечко мишелинче нема да се лутам да е на него па и карактерно не дека не се сакам ама има подобри особини и црти од мене
Ние го правевме на Verify, во 10та недела и 1 ден. Резултати стигнаа по една недела дека чекаме здраво момченце Со амниоцинтезата постои шанса да се повреди плодот, а ова тестирање траеше 10 секунди, само ми земаа крв од рака. Се распрашавме и во Nifty, но тие ги праќаат примероците во Хонг Конг а Verify во Калифорнија. Тоа беше единствената разлика, и земајќи во предвид дека генетски сме малку подалеку од азијатите, се одлучивме за Verify. Презадоволни бевме. Првиот скрининг го направивме две недели подоцна, кај др. Димчов во Систина, сите го препорачаа како најдобар за скрининзи.
Мила, а нели тој тест се прави одма по прв скрининг или јас грешам? Некако ми е нешто останато во глава дека по прв скрининг те гледа докторот и ти кажува дали и што да правиш хмм или јас грешка сум запамтила нешто?
Ние бевме решени по секоја цена да го правиме тестот ( а најрано може да се направи во 10та недела ) па затоа не чекавме до првиот скрининг ( кој е помеѓу 11 и 14 нед. ) да ни потврди докторот. Исто ни кажаа дека не ни мора да одиме на скрининг по тестот, затоа што се излезе супер, ама немашеда спијам мирно додека не го видам на 4Д
Се согласувам, и јас сакав најрано што може да го направам за мирно да спијам (иако неделата дур ги чекав резултатите не бев баш мирна но добро сега се се заборава нели) и секако после на скрининг за потврда на убавите резултати а и за убаво гледање на бебчињата. Ја прашав баш докторката дали сепак треба да направам и амниоситенза, ми рече истите резултати се добиваат како и со Verify тестот т.е истите хромозомски испитувања се прават, затоа и не ја направив.
Така е, не ја разбирав нетрпеливоста додека и јас сама не дознав дека ќе сум мајка. Само јас знам како спиев таа недела додека ги чекавме резултатите За сите оние што имаат финансиски средства да одвојат, најтопло ги препорачувам овие тестови кои се многу нестресни и за нас а и за плодот.
Сабајле сум на ехо па викам да не ставам утрогестан вагинално,да го испијам вечерва. Како побогу?! Ми изгледа гадно,и така цело време ми се лоши
Истото сакав да го пишам,т.е да ги препорачам тестовиве ама викам некој да не ме сфати ко реклама дека правам. Си се разбираме потполно!! И ја сум утре на ехо и си шибнав кринон...абе не бери гајле, може само малце на кондомот да излезе на вадење, ама верувај гинеколозите си знаат шо е тоа...никој нема да ти рече ништо...не ми е првпат мене
Штом си на преглед нека помине прегледот па кога ке стигнеш дома ке си ставиш и ке одмараш немора да е рано наутро можеш и покасно важно е да е земена дозата
Ооо да си ми жива зар на трето да одам..... Искрено не би Добро само мене ми се чини дека ми се лепат килограми како лепенки на мене? Некако наеднаш ставив 4-5 кг, а кај ми е крајот... Страв ме фаќа..
Ставам и сабајле и навечер.Баш се надевам дека утре ќе ми рече да ставам само навечер.Дај боже да е се како што треба само.