Доколку си имала мачнини и повраќање нормално е да не качиш многу . Јас до 5 ти месец имав само 2 кг качено . Сега сум 36- та недела и имам +10 . Се надевам нема уште многу да качам сега на крајот
Добро утро женски 30+5 недели сум, синоќа кога легнав осетив болка надолжно во пределот на маткава, на два пати, како грч некој ... И сум заспала потоа. Сабајлево исто така осетив болка силна ама кратко... Сега немам ништо... Дали се тоа контракции? Искрено се плашам од предвремено породување дали на некоја од вас и се случило слично нешто? Инаку бебето е океј, исто и јас.. . Немам индикации за предвремено породување ама се плашам имав малку повеќе стрес пред два дена, па можеби и тоа влијае..
Може е само незгодно местење на бебчето. Контракциите држат по 30сек и пуштаат, не држат повеќе од 1мин... Доколку пак имаш, мери си на колку време е, па ако имаш утре тркни до дежурен да не во мисла. Јас со второто стегања болки имав од 36та, а 41ва се породив..
Немав мачнини и ниту еднаш немам повратено до сега, фала Богу! Ама затоа си кркам машалааа на 3 саата може, и тоа и преку ноќ станувам.
Се разочарав. Се качив на вага читајќи ве што да видам 62кг. Да потсетам со 50 почнав 12кг а стартувам 6ти месец. Многу е стварно 12 кг каде ми е крајот. Жени на оваа килажа на порајѓај одат. А не јадам стварно количински,а некогаш немам потреба да вечерам. Ајде совети давајте како да не идам нагоре,а и пешачам сега за разлика од прво тромесечие каде што само лежев. Еве благо нема да јадам,во план и бел леб ми е да исфрлам и пецива,и идеа за доручек ќе немам. Ме мавнаа хормониве.
Не си ја барај бељата Јас стварно се замислив од каде овие килограми на мене. Слон не јадам. Ама многу се брее 12
Јас до 7ми месец се здебелив 10кг.од кои првите 3 воопшто не се дебелеев... Тоа не е само твоја тежина, бебка тежи имаш вода, постелка, повеќе крв.... Не се грижи... Ќе видиш после породувањето ќе се смени
Верувај не се мислам за после,не ми е ни за сега битен физичкиов изглед се плашам за шеќер,притисок со вакво дебелеење,само за тоа а за симнување не му се замарам жени сме учени на диети
Конечно да се израдувам како човек од кога дознав дека сум бремена!! Само што се вратив од ехо.Се е во ред, утрогестан ми намали по едно навечер,да почнам пак да се движам нормално,и бебчо одговара на 8+4.И дочекав да ми рече за еден месец контрола,до сега секоја недела идев. На среќата и нема крај
Намали само на благо, смени со овошје. Јас ист случај како тебе до 7ми +15 кг, од седми до 9ти -1 кг. Ние сме ваљда наопаку.
Браво мила! Уживкај! И јас моиве си ги гледав сабајле, па може и поише од пола саат траеше прегледот,супер се и сега и јас сум си раат!