Си чекам уште, навечер имам најчесто контракции, а кога ќе појдам на цтг денски е мирно. Во недела дум на преглед па ќе видиме
Може некоја да сподели дали од доктор и бил одобрен спреј за затнат нос освен солена вода бидејќи не ми помага воопшто, а не можам да дишам ...
Мене ми беше одобрен оперил Мене ми дадоа дополнителна фолна од 7ми месец инаку фемибион од почеток пијам Ако е многу што да кажам јас со +20 ? до 7ми месец сега сум 8 замо 1 кило варирам цело време, и нр де замарам уживам во бременоста си јадам се и убаво ми е бебе гладно да не ми е после 7ми јадам многу малку од претходно така ми бара организмот не се лакомам хаха Јас сум задоволна од Димчев во систина, кај него и скрининг правев 2 бремености ми има водено (една прекината за жал) еднаш во месец одев после 13 недела. За пораѓај не знам
Мојата докторка ми кажа дека за трудници горната граница на третото боцкање (мене ме боцкаа 3 пати за скриен шеќер) била до 8, демек се поместувала бидејќи се работи за бременост, така да веројатно е ок ама секако нели ќе ти ги прочита резултатите гинекологот што те води. @NNA не знам која недела си, мислам дека и тука резултатите варираат зависно од неделата. До 500 е границата исто за небремени жени, кај мене во 28 недела беа околу 950 и на извештајот од трансфузиолог пишуваше уреден наод во согласност со гн. Истото ми го кажа и гинекологот што ме води.
https://sitel.com.mk/mtsp-se-voveduva-ednokraten-nadomest-za-prvo-vtoro-i-treto-dete наидов на една информација. Само не знам дали ја споделив на соодветна тема инаку денес бев на контрола,8ма недела и бебето веќе имало циркулација. Ми дадоа упати за лабораторија микробиологија и трансфузиологија. Во претходната бременост стартував само со уринокултура и крвна слика. Баш ме интересира што ќе испадне.
Женски да се напијам едно од овие на место фемибион 2 ? Малку појаки се од него и има нешто плус.. Па утре ке си земам од фемибионот
Мамички како го осеќате малечкото во почетоков на третото тромесечие 2_3 дена некако слабо ми мрдаше дури чудно ми е денес повеќе како другите денови стомакот ми се поместува сттав ми е кога го нема ? Не знам како е нормално дури после празников ќе одам на контрола сум
Жени,денес цел ден имам крвав секрет од нос,нормално ли е ? Секретот го имам веќе неколку недели,настинка, ама денес ми е крвав некој искуство слично
И јас го имам веќе два дена и исто бев настината. Денес бев на гинеколог, не бери гајле не е страшно!
Женички вие што пишувате дека сте поправени по 10-12 кг. Дали ви се познаваат на вас килограмите? Почнав со 62 паднав до 59 а сега сум 68.5 кг. Речиси 10 кг имам ставено а на пола од 7м сум. Ама на мене ништо не се познава сеуште сум испиена во образи, немам отечени раце нозе, имам само меше кое ми теже многу и кое ако го немам нема ни да познаат дека сум бремена би постирала слика ама нез дали можам