Среќни празници пред се ❤️❤️ До каде - до нигде бев на гинеколог никакви контракции јас нз што ќе се прај... Шетам, чистам ко небаре да сум во 30 недела а не во 40+1 Денеска сум пак на гинеколог па ќе видиме што ќе кажат.. немам трпение повеќе
Среќни нека се. Изгледа таков е овој 9ти месец ниту еден симптом не се задржува од претходно. Ќе биде многу наскоро и наеднаш. Трпение што е тоа?
Уф не знам, знам дека се околу 12/13 доктори кои се менуваат на една недела. Ама не знам како да го дознаеш распоредот предвреме, освен ако имаш врски на гинекологија па да ти кажат. Мене ми се 'паднаа' Миле Тантуровски и Игор Алуловски. Претходно кога одев на ЦТГ, имаше една Адела, бивша директорка на ГАК.
Мислaм декa мoжaм дa дoзнaaм преку некoјa брaтучедa нa свеки.. Фaлa ти Грлo ме фaти,ужaснo бoли... Oд тие зa шмукaње кoи дa ги земaм кoи ви се пoкaжaле пoдoбри? Имaм кoристенo стрепдилс aмa бaш и не ми пoмoгнaле,имaм кoристенo и спреј Ангaл aмa незнaм дaли ми е дoзвoлен тoј сегa..
Добро утро и од мене . Среќен празник нека е ,за многу години јас од среда 37- ма недела и единствен проблем ми е што бебето ме мава скроз под ребрата па едвај дишам. Се надевам ке се спушти деновиве па ке ми олесни малку
Христос се роди мајкички... Со леснина на сите....здрави и живи бебушки да донесеме на свет за многу години до година ќе сме побогати *
Христос се роди, за многу години денот! Здравје, среќа и мир да ни дарува Бог на сите и да ни ги чува најмилите и најблиските, имајте среќни и убави празници!
која недела си ? ако си во рана бременост мора да издржиш,инаку капки некој само може да ставаш оперил или мукоплант јас користев што се дозволнеи во бременост
Здраво мешиња! Христос се роди! За многу години да ни се празниците и Среќна година да ни е оваа на сите! За празнициве, но и општо сум темпераментна и 'жива' личност. Зборам и тоа гласно, влегувам во секакви дебати, и кога сме сами пејам и играм Мм многу ми вика: немој бебето го мрдаш многу леле не играј леле! Како да му објаснам дека едно е да мируваш (да не си работиш физички) а друго е да 'мрдаш' малку??? И тоа од среќа!!
хаха Кукле ќе го оставам него за на крај за најслаткото кога ќе дојде, чувствувам дека така ќе испадне, а до тогаш ќе го поздравам "фино" со едно сликце убаво низ ходник
Девојки пуштив машина за перење на ваков ден никогаш не ми се случило.Леле каков грев направив,што да правам сега?
Девојко не било намерно и со лоша мисла. Битно е одвнатре да си веруваш и да си со добра мисла. Нема да ти се пише грев според мене.
Мила не се секирај што си пуштила машина, мене мн пати ми се случило на тежок празник да работам или машини да пуштам, и сметам дека е битно што имаш во душата да не мислиш лошо некому или сл. друго Господ се простува што не е намерно или со зло направено..еве и јас две машини за садови пуштив денеска, а за садови или алишта исто е мора да средиме тоа низ дома...верувај ми голем е Господ, напомош нека ни е
Еден ден ќе ме умрете од смеа дефинитивно. Да си ми жива и здрава, дијафрагма ми подигна! Туку ова ципиве многу ме болат цела нога ми се укочува. Како ќе одам до крај не знам. @mama*rose јас имав отоци во седми. После магично исчезнаа и од раце и од нозе. Немам ни укочени прсти наутро, буквално ништо. Освен навечер што не јадам ете тоа го сменив пробај така најкасно до 18 час вечерај.
Женски домаќински муабети! Како бе машина уклучуваш, хелоууууу трудна си, маж ти све треба да прави, не ти Ај сеа малце поозбилно, и ја сум чула дека ако не свесно си ја уклучила, нема потреба да се секираш , мислам дека не е никаква грешка