Ти посакувам најбрзо што може да се породиш, да те изненади бебушка наеднаш. Изгледа тоа така оди, прво страв од предвремено па потоа страв од надминат термин . Само се да си биде во ред
Мамички имам еден проблем и сакав да прашам да не има и некоја таков проблем и решение значи имам повлечени брадавици на градиве а кога ќе се породам сакам да си го дојам бебушот ама во мојов случај не е возможно.дали некоја од вас знае некое решение дали постои некој крем или што и да било да можам барем малку да ги извлечам моите брадавици
Јас имам рамни, синчето успеваше сам во цицање да си извлече и оформи како брадавичка, он дури од што неможеше да дочека на страна на рамно знаеше да ме зашмука додека го местев, имаат инстинкт и што се вика стварно и рамно да им дадеш лепат муце како пијавички Додека со ќеркичката се зезнавме.. и дадоа шише во болница и после не се трудеше баш да цица, ич не сакаше, секој подој борба со вриштење беше, едвај до 4,5м се помачивме да цица. Така да упорност и кај и да родиш кажи да не даваат шише во старт, синчето во болница само со шприц го ранеа, после месец едната ја молзев (дека имав голема рана) и давав од шише до 3м, а од другата цицаше, но друго е кога ке се навикне во старт на твоите гради... особено првите денови, само града. А ако така не бива и силиконски има, јас почнував подој со силиконска, па за некое време при цицањето ја вадев и ги ставав одма на таа града, бидејќи малку е извлечено при цицањето со силиконска. Ви пуштам среќа да успеете
Пробај со штипкање секој ден а има мислам едни посебни силиконски за влечење се продаваат, мене ми се некогаш рамни некогаш испакнати, валда топло ладно ха ха. Не се секирај ако неможе има и силиконски, ама и јас како членката тврдам дека имаат инстинкт, но не е лесно, ќе ти помогнат сестрите за правилна положба и послушај ме кога ќе го учиш бебето да цица со раката ќе му го држиш целото тело и главчето припиено до тебе(значи десна града лева рака) а со другата рака од надвор(странично) ќе ја фатиш брадавицата, многу полесно вака ќе ја фати.
Јас со првово дете нерви искинав никако не сакаше да фати многу опадна во килажа како на болница така и дома со се пробав со силиконски со извлекување со шприц во болница сестрите што ми го направија ама се беше безусшешно и затоа сега барам решение дури сум бремена да можам да ги извлечам за здравје кога ќе се роди да можам да го дојам одма кога ќе ми дојде млекото
Баш ми е жал, пробај тогаш најди сликонски пумпички или па кога ќе се роди здравје ако не бива не чекај, измолзувај се или на ад млеко,.. А и со бременост посебно млеко кога ќе дојде се растегнуваат уште толку.. А има и жени што неможат лесно да ги извлечат, инаку со второ не ти се извлекоја сами од себе барем малце? Пробај единствено да ги влечеш додека си бремена иако е малце болно друго чаре нема
@Yowannty што е назначено на упатот? Приска е некаде 12та недела, иако кај вас може имаат други методи на следење бременост. Тоа е обична статистика ама штом ја препорачува др ок е да се направи. Ме буни тоа за мт, можеби е некое друго испитување кое тука го немаме. Ќе споделиш утре за сигурно.
Приска се прави 12та недела. Зошто толку рано? Убаво разговарај со докторот и нека ти објасни се. Нема на што, тука сме.
Како рано бе Македонка, таман си е, приска е за утврдување на хромозомски нарушувања, за не дај Боже нешто да не е во ред па да се прекине бременоста со време т.е порано....
@duffi @Makedonka007 Испитувањето е за медитеранска анемија. Искрено не знам зошто јас треба да го направам, оти не сум овде родена, ама веројатно таква е праксата тука. Во понеделник треба да одам по дополнителни упати за дополнителни испитувања.. може за приска тогаш ќе биде.
Да да ама најчесто се прават 12та недела. Доколку докторот се сомнева на нешто или по желба на пациентот се прави порано и Неинвазивни-пренатални-тестови. што пишувавме вчера. Но таа рече доктор и рекол а не таа. Ете сепак видовме подолу за каков тест станува збор. Немај гајле
Јас немам мајчина книшка кога барав ми рекоа дека веќе се е електронски и се откажав од барање Кога аме веќе кај боледување од кога се отвара трудничкото со самото влегување во 9 ти или ? и дали треба нешто документи да се собираат или се оди преку фирмата каде што сме вработени?? Исто сакам да прашам дали некоја има проблем со половината? Знам дека до крај ке не боли многу поради тежината ама жени јас неможам да се поместам целата ми пука кога се вртам многу ми е страв имав јако вкочанување пред две ипол години и ми рекоа дека треба да се пазам дека ке ми е преосетлива и до сега немав проблем ама еве сега крца целата ми е страв за пораѓај како ке биде И за крај Срекен Божиќ на сите да сте живи и здрави срекни и берикетни вие и вашите најблиски ( мн сум тажна не ни дојдоа коледарчиња а толку убави кесенца спремав )
Ние си се шетаме по забави, бебка ужива на рок свирка а богами сум и темпераментен карактер го збудалив бебево.... Ем се движам, ем имам висок тон, ем се работам по дома и бебка нема гајле....заборавам дека сум бремена, ич не му се секирај подобро да си подвижна отколку да дремиш по кревети.....
Мешиња смета нешто ѓумбирот? Имам чај од камилица и ѓумбир па не знам што ми текна да прашам дан пречит нешто ако пијам ...
За боледување искрено незнам зошто јас не работам .. а за половина мене ме боли јас сум мн во рана бременост и уште од сега осеќам болки во кичма, бубрези, половина и стомак ...
Не, сигурно нема 100кг ѓумбир да испиеш. Јади и пиј што ти лежи на душичката. Се во умерени количини е ок.
Имам забележано дека после туширање малку ми се испапчени ама после некое време пак ќе проверам и повторно рамно нема ништо.а дали постои некој крем нешто за брадавици?