Некa руменaт,некa руменaт син нa мaјкa Кoгa гo пишувaв пoстoт мaјке ми нa тебе пoмислив ,oвaa мoник се пoрoди и сaмo у мaјчински ќе пишувa oвде пoвеќе не,aмa не изненaди. Вo Кaвaдaрци. Дoaѓaaт дoктoри oд Гaк,е сегa требa дa рaзберaм кoи ќе се тoгaш пo рaспoред тие недели декa нa зaкaжaнo ќе oдaм oсвен aкo не ме изненaди кaкo твoетo.
Моево на 25 закажавме на 14 се роди Кој и да биде доктор сите се одлични што доаѓаат така да гајле да си немаш.
Сабајлево пак на бришење крвче ама некоја раничка е изгледа дека само така надворешно се поминав и оставаше капки ептен мали. Матичниот ми е на одмор па за да сум мирна се мислам да тркнам до гинекологија. Сега се умислувам и стомак дека ме боли нез дали е психа или стварно
Така е Девојко! Да да знам и јас .. . Ама оди кажи му .. Татко ... Се грижи многу, на се се внимава. Абе душичка, не го обвинувам само кога ќе му кажам дека има како мене и други почнува да омекнува .. Па не се ' треси' толку!
Надвор врне снег, имаме чист воздух а јас сум трудна и имам слободен ден, мора да седам дома..... Ко си бев 'празна' цел ден го поминував надвор чистев снег....
Девојки, јас сум 24+1 сакав да прашам бебето овие 2 дена го чуствувам многу доле кај јајниците и плус поретко сабајле малку и кога легнам малку, дали е нормално, јас мислев ке почнам да го чуствувам посилно ама не. Некој совет. Поздрав
Кај нас многу врне снег. Не можам во дворот да си испаднам. Ами што имам уште работа по болници по доктори ... Леле луѓе што ќе се прави многу ми е страв да не паднам со две леви сум секоја година си паѓам на снегот
Леле исто и јас, денес бев за крвна слика и одев како на мравка. Буквално лазев по пат за да не паднам од страв. Мажето си го викнав за придружба па под рака, полека. Многу лошо време за нас за шетање, а што да правеме мора и контролите да си се тераат.
Да е само за шетање не излегувам и 3 месеци, ама те ашкаат де матичен, де специјалист, де лабараторија... и до бескрај е цело време така. Па и еден град се на ридишта е кај нас може да заврне и да е непроодно по некои уличиња
Исто не мрдам од дома ако не е за контрола на ова време. Плус се облеков како ескимец, едвај се движев од многу облека. Ама само да не настиниме
Дали некоја од вас имала искуство со детектирана циста на папочник на почеток на второ тримесечие? Ме испаничија дека може да е поврзано со хромозомски нарушувања, па воедно ако некој има искуство ве молам споделете и кој тест го препорачувате за отстранување на сомнежот. Фала многу
Да се пријавам и јас. Помина и првиот преглед. Срцето трепери од радост за тоа мало срце што почнало да чука. 6 недели и 5 дена, нека е за убаво
Мешиња во која недела се земаат брисевите во трето тромесечие мислам два беа ама незнам за што точно?
Убав денов, снегче конечно и кај нас, милина да ти е да го гледаш. Требаше да излегувам ама јок, нема ризикување за мене денеска. Него, нормално ли е жени болки во стомакот? Е ќе си пукнам од мисла. Вчера вечер цел стомак и половина ме болеа. 20+6 сум иначе. Денес само половинава повеќе ја осеќам. Од што растеме е така или е можно да е нешто друго?
Во 34 недела мене ми рече матичната, сега во 32 ќе одам онака на контрола... А веќе од која недела треба да одам т. е. Да изберам гинеколог што ќе ме пораѓа?
Ние сме тука некаде, и мене наредна контрола во 32ра а брисеви ми рекоа 34-35. Туку, можеме и доктор да си избереме пред време? Јас мислев се бира само болница а д-р кој ќе ти се падне на смена. Освен во приватните нели... Јас тој период на 21-22 недела имав највеќе грчеви и болки во стомак и половина. Еве и сега ги има чат-пат ама си викам од времето е, од бременоста, од тежината.. Ако не се силни и ако не се постојани веројатно се нормални. Магнезиум земај си за олеснување колку-толку.
Колку сум несмасна луѓе, бев клекната нешто ми имаше паднато позади па демек да го извадам со стапче, клечев ниско до подот, како за чучневи, се занесов и паднав на газ..седнав веднаш да видам дали мрда бебе, тука е, клоца ама јас се исплашив, мислете ли дека можело нешто да се деси, крајот на 35недела сум инаку..аман веќе, човек да не е така мирен се нешто да мисли
Не е страшно кај мене секаде лупа ама долу кога мава се мислам ке излезе и кај мене мрда кога сака зависи како е расположена не се секирај нормално е