ЈМислам дека со TORCH тест се испитуваа неколку можни инфекции, Токсоплазма, Херпес, Цитомегаловирус, Рубела и Хламидија.Јас видов на форумов членки коментирале .Но ништо не кажуваат и многу се нервирам со докториве
Деновиве треба да направам но кој да земе денес упат на овој снег Си носам цела бременост низок притисок, се надевам крвта не ми ослабнала многу
Јас одлучив сама на два месеци,прошлиот пат кога поднесов фонд,таа ми рече на шалтер нема врска на колку време ќе поднесуваш,само гледај да не ти се соберат многу. Јас поднесов негде на почетокот на декември,сеуште не ми е исплатено ништо.
Филева беше 'лепа уста' ќе те тинтри тинтри охооо... Не ми се свиѓаше воопшто... Боро и Мимоза се редовни лекари се менуваат, и има двајца специјализанти, но не пораѓаат тие.... Цела бременост ми беше мирна, сега крајов.... лекарите од Скопје веќе не доаѓаат, не им плаќале... А таман реков Јовчевски ќе ме пораѓа ... Ова се информации од пред една недела... Се надевам дека до Март ќе се смени.... Ќе се вратат ко штрковите хахаха
Јас така се осеќав,изнемоштено без сила,железото испадна доста ниско..а ми беше супер до пред некој месец,но сега понапредна бременост ослабува пак
Хаха..секоја чест на искреноста!Јас еве со втора бременост сум,со првата супер беше се..и сега исто,но имам овојпат потајно страв чат пат од предвремено породување,не знам зошто но некое такво чувство ме мава понекогаш.
Сакам да се напијам б6, немам од нашите од Мк.. најдов овде едни benadon vitamin b6 300mg. Мислам тоа е тој истиот б6 нели, но, 300мг нели е многу, колку беше дозволено во бременост? Тие нашите беа ситни мали таблетки овие големи
Сигурно ќе ми даде да пијам нешто, слабее обавезно железото ама мислам дека и протеини ќе ми се ослабени, страв ми е да правам крвна слика...
Како јас да се читам... И јас не уживав/м во бременоста ... Прво си правев притисок и стрес зашто останав бремена од прва, а пред мене имаше еден куп што пробуваат, после ме исплаши матичната докторка како со јазол на тироидна и низок ТСХ остана бремена, па ајде Скопје на Нуклеарна, па ајде секоја контрола коски ми се кршеа дали бебето се развива нормално, во 7ми очекував предвремено породување, на секое одење во WC мислев дека ќе видам крв ... Сега кога треба да се пораѓам нема лекари асални.... И дури помине првата година од животот на бебка ќе сум под стрес....дали се ќе биде во ред со неа ....
Само не вода да пиеш кога ти е така лошо затоа што водата уште повејќе знае да ти го падне притисокот. Сокче цедено портокалче така земај. Мене железото ми е од сам старт 7 не земам ништо,не ми ни дале. А баш сега гледав резултатите не знам за протеини во крв како да најдам,за во мокрача пишува но за крв незнам како пишува