мешенца како сте ? прашањето не знаев каде да го поставам па решив во оваа тема ме интересира мешковците кои имаат раѓано до сега да ми кажат како изгледа паѓањето на микозниот чеп ... јас во бременоста немав никаков исцедок кога сега наеднаш обилна бела течност ... ви се има ова случено
Благица, јас не видов никаков мукозен чеп, само водењакот ми пукна течеше малку по малку водичка ама не обилно , и потоа по 6 часа се породив , сега да знаеш не е кај секоја исто , мене докторката ми рече кога ќе влезам во 9ти ако видам да ми тече вода или крв тогаш да одам во болница. Така да ако ти е нешто сумљиво оди си во болница и не те прашав,која недела си ?
38ма недела ... вчера имав водена течност ... ама истече малку ... денес ова ... се јавив во болница и ми велат ништо страшно нема потреба да доаѓаш може е високо пукнат водењак оди утре кај матичен па ако има потреба ќе те прати кај нас ... мизерии ... ама се плашам
а да ве прашам ,ме интеесира ако пукне водењако,нели тече водичка? до болница треба улошка да се става или?ете јас на пример појма неам како иде тоа
Мој совет е да отидеш да те прегледаат, за да си посигурна вака од телефон и тие незнаат што е точно работата, само претпоставуваат што може да е. А и веќе во 9ти месец си така да веќе треба да го очекуваш кога тогсш бебенцето, и немој да се плашиш,нема зошто , само смирено уште малку душичето ќе си го гушнеш
зависи мене за првото водењакот ми го пукнаа во болница а за второто морав со крпа мејгу нозе да одам до болница и таа ми пропушти
мамички да прочитате нешто интересно за бебушките http://365.com.mk/100798/10-neverojatni-fakti-za-bebinjata
значи мир да се немало, постојано нешто искрснува и не може човек да се опушти. де настинки, де трчање по лекари, по брисеви, по резултати, по ехо, на работа само нервози зашто не можеш да работиш со проста маса. Само за арно нека е, ама многу трчканици. Колку и да размислува човек позитивно секогаш ќе се најде некој идиот да ти попречи, да те гњави со баналности. Не знам како вие се справувате со односите со колегите ама мене почнуваат страшно многу да ме нервираат. Не дека сум јас совршена, не сум до толку самољубива, ама преку глава ми е од овој македонски менталитет каде само се оговара, секој гледа да му ја препушти работата на друг а после да си ја препише на себе туѓата заслуга, невидена катастрофа, поготово во администрација. Не дека сум некоја нервозна особа, ама малку сум спора кога станува збор за динамика, не сакам да ме напнуваат. ете викендов не знам од каде и не знам како ми се појави јачмен на внатрешната страна на левиот капак. Ме боли кога трепкам, ме чеша и незгодно е. Пред некој ден колешка од работа ми рече дека имам убави очи и ме гледаше, и иако не верувам во бабини тракатанци, сепак ова почнува да ми прави сомнежи. Повеќе се мислам да не ми е од шминката, ќе пробам со облоги од камилица па ако не спадне отокот ќе се јавам на лекар. Имала ли некоја трудница проблем со јачмен на око во бременост?
ВАКА ДА СИ ПРАШАМ ЈАС ЕДНО ПРАШАЊЕ ЗА ИСКУСНИТЕ МАМИЧКИ. пРИ ВАШИОТ ПРВ ПОРАЃАЈ БЕБУШОТ МРДАШЕ ДОДЕКА ИЗЛЕГУВАШЕ?
дали мрда кога гураш дали го осеќаш ко мрцка , дали тоа може да го забави пораѓајот да не речам заглави може е глупо прашањево ама мене ми е логично
^Батерфлај си замислам како ти си замислуваш како бебето копа дупка низ тунел, така ти го сфатив прашањето Инаку сериозно не го чувствуваш ти како мрда меѓутоа може да заглави, моите и двата дека големи заглавија на сред канал со широките раменца, ги вадеа со форцепс.
КОга ке почне процесот на породување , и ке почне бебето да се спушта во родилниот канал ке нема место за мрдање Ке е се потесно и потесно
и да знаеш дека така го замислувам синоќа едвај заспав мислејќи на ова знам дека е смешно ама нема кај не ме носи паметов последниве недели
еве јас вака едно глупаво прашање кога почнува да рате стомакот еве јас веке у 3 месец влагам а стомаче иц даска како и порано
добар ден женски гледам сите добро расположени ако останете си така до крајот на денот.. денеска ја носев и золвата на гинеколог дека и таа е бремена па таму си почекавме скоро сат ипол и така си стасавме низ дома и ќе уживаме сега... ај бидете ми поздравенкии
Ах конечно наспана. Сум спиела 10 саати Ама сум шетала вчера многу. Ептен се уморив. И денес прошетав, малце шопинг. Полека, полека се спремам за пораѓај. Уште 18 денови влегувам во девети па да бидеме спремни
Babyane18 изгледа кај сите е различно..еве сега сум 3ти месец, а веќе почна да ми се познава малку од малку..јас па едвај чекам да почне да ми расте стомачето