Често си плачам.. За се нешто... Дали е тоа знак на пред породилна депресија? Ме удираат некои страшни мислења за мене и за бебка и за мажот ми ... баш барав таква тема деновиве...
Ние анкциозните имаме баш така мн фази, за плачење, депресија, страшни мисли , стравови и сл...и уште пред да останеме трудни, па на стартот па средината, крајот, па по породувањето и така цело време ...некогаш на своја сметка се шалам , такви филмови ние какви што можеме да смислиме ниеден режисер не може
Емоции и плачење??? Јас вчера влагам во соба и мм ми вика што ти е.Му викам нога ме боли. Е добро ми вика ке помине.Леле кога рикнав да плачам ко магарица една овој стаписан што ми стана ,.Абе бог да чува
Моево е одамна со главче надолу и така си е уште..мислам турка да излезе ептен јако го осеќам долу, си мислам свеќа да направам( она вежбата на физичко у школо што ја имавме хахах) може ке се врати нагоре ахаха
Значи не ми зборете за секс, почнав интензивно да сонувам и тоа јасно,чисто. А обично немам сонови.Сега секс па секс. Не сум имала еве веќе 5ти месец
@Софија 88 @srekice филмовиии охооо и најголемиот трагичар не може да му текнат.... И тој ќе седне да плаче ... @Eni.r се мислев и јас дали нешто такво е возможно
Не ми е забрането, не сум ни прашала. Ма нема шанси, кај конечно бидна работава (со инвитро сум) башка две се, нели као комплицирано е близначка бременост, страв куќа чува, неможА едноставно А маж ми исто, и него му е шубе! Незнам , ќе тераме... А многу е непријатно у сред ноќ знам да се разбудам таква исповозбудена, па со "тресење" долу леле е до толку ако верувате...
Штом не ви е забрането удрите една понежна партија, според муабетов брзо ќе завршите Не е опасно не се секирајте многу, штом е се нормално Јас неможам да замислам да немаме секс подолго од 3 дена(и тоа ретко многу се дешава, најчесто преку 1 ден) Од што неможевме да издржиме(читај издржам) од кога се породив имавме на 35тиот ден, за 5 не дочекав, ама добро немав никаков проблем па затоа. Ич не му ја мисли скокни му вечерва
Хахахахаха уживајте..не трае долго процесот како предходно нежно полека доколу немаш проблеми.... Разговарај со лекарот и ќе ти каже. . . Не е страшно
Е ве обожавам сите до една зошто сте многу искрени и се кажувате што да ви кажам првата бременост сам ми кажа гинекологот ни го прашав ни ништо а сега оваа ништо не зборува манјаков ме нервира па маж ми не презема акција никаква па ова да не е она да не е аман не кажал ништо докторот.а почнав да сонувам почесто такви "мрснички" сонови ми доаѓа да го фатам и да го силувам хаххаха ама ај ќе издржиме што да се прави
Сaмo јaс изгледa #кaлуѓеркaдaбудем. Мм ќе ме гaли,фaти некaде јaс ништo не чувствувaм и гo тргaм. Не ми се прaви ништo. Кaде ми е естрoгенoт?
Еве сум ни на сон немам желба. Ајде забрането ни беше 3 месеци,сега не ни е ама ни на крај памет не ми текнува на односи,од страв ли е,од хормони ли е. Валда ке се опраам после порајѓај. Не го жалам ни мм,нека се мисли он 9 месеци дали ќе биде се во ред па ќе ми каже дали на однос му оди паметот.
Дa ти кaжaм прaвo се прaшувaм кaде ми е тaa енергијa? Дaли ќе ми се врaти желбaтa? Мислaм декa ќе се пoмaчaм сo вoспoстaвувaње нa oднoси јoвo нa нoвo. Кao девицa
Во оваа група спаѓам и јас Ни желба, ни потреба за ништо 6ти месец и можам на прсти да избројам колку пати до сега онака од жал према маж ми се имам препуштено а шо е до мене и тие неколку пати не ќе се броеа Не ме форсира тој, ама јас си велам ајде греота е Исто и се мислам дали некогаш ке ми се врати пак желбата
Грубо пресметано 40недели+6недели пост породилен 46 недели вкупно сигурно ќе се срамам и не ќе знам со сопствениот ми маж како да се однесувам Ќе биде весело Здравје за 24 недели кај мене п.с. можеби не е за смеење работава незнам...
И јас цел ден како утепана не можам веќе да функционирам, ќе му ја легнам порано. Ајде со лесно да издржиме уште малку, јас барем си викам до 37ма-38ма недела плус сум со скратен цервикс и гајле немам, трчај ваму трчај таму... тоа е.. За нозете не зборувај и мене тој предел странично де лева, де десна едвај се вртам од една на друга страна болка ме буди од спиење. Пусто женско... Да, треба да следам. Сега ќе видам овие денови како ќе биде. На почетокот имав многу висок пулс по 145 доаѓаше и носев два холтера и за притисок и за ритам на срце ама се беше во ред. По извесен период сам се нормализираше пулсот, очигледно од бременоста. Ама сега ете вчера забележав, но можно е да е и од што се исплашив. Денес мерам од 122-130 до 80-85 ми е.