Мешиња јас вчера и денес се изнашетав бајаги по снегот. Денес дури и го санкав синчето на санка. Како трудница во 9- ти месец малку чудно знам ама и синчето си бара свое , сака да се шета ,да се радува на снегот . Греота да не му го приуштам тоа кога веќе се осеќам супер . Здравје утре маж ми е дома па тој ке го шета
Јас користам цело време Нивеа купка, Head&Shoulders menthol шампон и дезодоранс на Rexona.... Купка не користев првите месеци.. А редовно користам дезодоранс останав бремена на лето и немаше смисла да не користам
Јок мила, никогаш подобро не сум се чувствувала во овие 9 месеци. Ништо не ми е, се правам сама, енергија еден тон мислиш прв месец ми е. Бебе уште не е симнато стомакот ми е горе, ќе одам уште мин две недели. Таа ми е среќата до крај да идам. Битно убави вести еве вечерва убаво ми е на душата. Ти како си?
Јас на почеток повеќе пазев да не користам јаки препарати,најчесто Бекутан купка,сега користам купки и дезодоранс на Dove,Shauma шампон и се мачкам со масло за стрии кои ги немав ни со првата бременост,а се надевам ни овојпат нема да се појават. Шо се тиче тема секс,ептен сум за жалење..само еднаш пробавме и неуспешно,некако страв ни е овој пат,а седми месец сум...Ама па затоа во првата трудноча бевме ко на маратон,редовно,9 месеци од почеток до крај буквално си имавме најнормално и супер ми помина и бременоста и лесен природен пораѓај,а и доста пешачев тогаш кога ќе се сетам...Значи кај нормална бременост секоја активност е здравословна Додуша и пред 7 год.беше,можеби времето си го прави своето,организмот се менува..мм сега е поисплашен од мене и не му текнува на секс
Уххх се отепав чистејки до сега. Па сега почна половината да ме боли. Како успорена снимка сум.... Осми месец... се пазите ли вие? Или и вие како мене?
Вчера само што влегов во 9ти, и сега си седам гледам тв кога одеднаш осетив страшни болки скрос ниско доле во јајници и кон половината. Прво мислев лошо сум наместена па подлегнав ама не минуваа, буквално како вистински контракции, цела се препотив..а бебето го осеќав баш во тој момент беше многу размрдано..лежев некои 5 мин може малку повеќе не знам, и така така помина..сега имам само некоја блага болка во јајниците..дали беа лажни контракции или нешто друго? Јас веднаш направив филм дека готово ќе раѓам..
И јас како тебе Но си треба пазење,јас се занесував до скоро така,ќе се исфорсирав после се ме боли и филмови одма ќе ми биде нешто..Затоа покротко,уште малце ќе издржиме после ќе си се вратиме у нормала..со сите обврски
Чaретo ти е вo мкд. Сoри,севернa мкд. Oдмoри се,припремaј се сигурнo ќе јa изненaди мaмa кoгa нaјмaлку oчекувa Дoбрa сум,oд денес 35тa. Свеки сaмo прaшувa дaли сум oдбрaлa дaтум зa пoрaѓaј пoшo цaрски ќе сум. Мa ме фaлеше нa мaјкa ми кaкo не сум се здебелилa,дoбрo сум нaпредувaлa сум рaстелa сaмo у меше. И декa немaм oтoци,aкo мaјкa ми снoшти ме виде Си чекaм дa влезaм девети
Труднички ,да ве прашам како се справувате со стравот од пораѓај? Колку што сакам побрзо да се олеснам толку повеќе и паника ме фаќа како ќе помине се, дали ќе се снајдам во улогата мајка и слични работи..Ме плаши и тоа што нема помош да имам првите недели по пораѓај, сами ќе сме со маж ми.. Еве и сега дур пишувам срцево ќе ми излезе Хелп!
ќе се изненадиш од тоа колку и покрај маките ќе бидеш способна за бебчето. Јас бев со царски ми рекоа да мирувам и колку што можам да лежам првите 2 недело одкако ќе појдам дома. Јас не се сеќавам да подлегнав освен за спиење. Лежење само една недела дур бев во болница. И ни мака ни болка видов. се изненадив од самата себе како уопште не сум си обрнала внимание на себе,се само околу бебето. Обврските си го прават своето. Нема зашто да се плашиш.
женички денес т.е вчера ми земаа крв на трансфузиологија,испитуваа антитела. И ова е резултатот. Глупаво ама ништо не ми објаснија. Ни за што е испитувањето ни што значи резултатот...
Мешиња ја веќе незнам што да пробам за стрии. Ај што стомаков цел ми се направи стрии ама последнава недела почна многу да ме чеша незнам што веќе да ставам. Уште од 2ри месец се мачкам и еве 8ми месец сега ама џабе ништо не помогна за стрииве уште од 5ти месец негде ми се појавија постепено ама сега во 8ми жар црвени ми се па и нагло чешање ми се јави. Пробав со хип путерот исто хип масло за стрии,павличева, витаминска на бекутан ама ништо не помогна сега во моментов се мачкам со масло за стрии на еуцирин и исто со витаминската на бекутан ама веќе отрпнав нови стрии ми се појавија. Незнам што др да пробам
До кожата си е јас испукав сегде само стомак не а он е нсј оптегнат а секој дел го мачкав уште од почетокот
А дали значи дека ако бебево е уште горе , дека има уште многу време до породувањето. И моево е уште горе