Девојки како успевате да земете урина во чашка , а да не ви падне во него парчиња од кринонот? Сакав сабајлево да одам да проверам урина али не можев , џабе ќе правам ако ги има ... резултатите сигурно нема да се валидни...искуства ве молам ?
Првиот млаз ќе го пуштиш во шоља па другото ќе си го пуштиш во чашката. Јас со утрогестан вака правам не покажува ништо плус минус на резултатот.
Да така стално сум правела и сега така направив, али пак летаа парчиња внатре ...тебе на овој начин не ти паѓаат во чашката?
Не се секирај и да има малце парталчиња, ќе си видат на анализа тие се шо треба..и ја така се туфкав ко тебе првиот пат .. сеа неам гајле , 3 пати до сеа проверував меѓу кои и уринокултура, а ставам кринон секоја вечер... уживкај дури и да има... а да, резултатите ми се тип топ секој пат...
Немај мака слободно да си испиташ летаат и од утрогестанот парталчиња,но не се тие бактерии не даваат сигурно грешни резултати.
Извини што улетувам... А сигурна си дека од тоа се парталчињата? Јас не сум сега бремена, не ставам ништо доле, носев мокрача за уринокултура пред некој ден и имаше парталчиња бели...
дада сигурна сум дека е од нив, ги знам по изглед секој ден ми пагаат откако ставам, а претходно никогаш сум немала
Мешиња само што се вракам од преглед бебушката е супер одлично си напредува одговара на 31гн а треба да сме 30гн ама за некој ден е не е страшно, а теже 1769г душиче малетко е имаме еден друг многу голем проблем со главчето е горе, др кажа ако не се свтри ке мора царски а јас несакам царски има ли некое решение вежба или било што за да се заврти? колкави се шансите повторно да се сврти ? До сега постојано беше со главата долу што ли и текна да се сврте
Крофнаќе си се намести си знае она кога,женска ли е што ли е по нејзино ќе биде. Не се мисли сигурно ќе си се намести кога ќе дојде време за надвор. Штом сте се во ред ништо друго не е битно
Леле дај боже да се сврти јас одма се расчитав за царски кој какви искуства имал и многу ми е страв. Фала ти на утехата ке направам контрола поскоро само за да видам како е свртена
Мене накај 31- 34та изненадно со ноџиња доле, глава горе, испаничив и јас, реков шанса нема да се заврти пак, а цела бременост убаво наместена беше. Правев некои вежби (пиши на јутуб exercises for breech baby). Дали поради вежбите, или она онака салта си правеше, си се заврте убаво, на контрола 36та веќе со глава надоле, арно ама пак ме зезна (друга причина) и завршив итен царски
@***Bony*** мене ми ја кажаа оваа вежба кога ќе влезам во 9ти. Ми ја кажа внука ми која е фанатик за вежбање, живее во Америка, и таму докторите и рекле ова да го прави ... Не знам колку можеш ама практикувај го...
Ја имам видено оваа вежба овде и си имав ветено кога ке влезам во 9 ти да ја правам, сакав и пред недела дена ама мм ми рече рано е покасно ке почниме со таа вежба и затоа оставив ама сега дефинитивно ке ја правам, фала ти @mariz фала ти на предлогот баш отворив и има доста добри вежби и ке ги пробам сите не се тешки ама ми изгледаат добри, ке пробам и ке чекам да се сврте
Кај мене од 23 недела е наместено со главчето надоле и сега на оваа контрола во 27 уште си беше така, не сметам дека е рано, повеќе ме загрижува што еве читам дека може наеднаш да се заврти и во погорните недели. @Софија 88 , тие парченца не прават никаков проблем при испитувањето на мокраќа. Јас исто баш го прашував докторот кога ми правеше брисеви дали ќе смета дека бев полна со утрогестан, тој ми рече дека бактерија кога има ќе покаже и со него и без него, дека нема никакво влијание.
Исти маки си имаме. Кај мене цело време е со нозете доле, еднаш само беше со главата, ама тоа траеше неколку дена. Еве 32+1 сум, бешиката партал ми е жими се и стварно се надевам дека ќе се сврти до крај. Многу ќе ми биде криво ако завршам на царски, а бременоста реално одлично и без некои поголеми потешкотии ја поминувам.
јас не го повивав,ај што не знаев ама жал ми беше,кај встомак стиснат стегнат сега уште и да го повивам.