Фала, значи уште една недела јас, прашав затоа што една апликација ми покажува со полна 26 а една со полна 27. Поздрав
Од 22 часот до сега имам на моменти слаби па малку посилни менструални болки на половината и колковите, никако да поминат. Да не ми дошло време?!
Внучкo,дa му верувaш нa oвие oд труднички... Пoчнaв веќе секoјa вечер дa сoнувaм кaкo се пoрaѓaм.Пa кaкo мм трчел дa дoкупувa ствaри (пoшo у реaлнoстa не купувaв туку сaмo нaјнеoпхoднo). Пoчнувa стрaв дa ме вaќa кaкo ќе гo гледaм дoдекa е нoвoрoденче?Целo млитaвo,јaс штo гo нaрекувaм вoнземјaнче <3
Мајки за која возраст, големина и кг.ги земате првите алиштенца, за ќерката тие првите се и беше големо се нервирав, сега зедов 2 комлета до 56цм па некако мали ми стојат, сум изгубила претстава колку мало може да се роди.. И ова сакав да прашам, дали кога бебето е свртено со глава надолу, по ударите и движењата може да се осети како е наместено или само на ехо се гледа
Јас претежно 50ки и 56ки земав за почеток и нешто за бебче до 4,5 кг па се надевам да завршат работа а инаку јас приметив дека е со главчето надолу зашто осеќав силни удари во желудник и почнаа ноџиња, коленца да искачаат
Мили мои јас синојќа пред легнување една појака болка долу и се исплашив се тресев буквално па после едни гасови па бев во вц и малку поретка столица,па некако ми се смири па сум заспала.Му велам на мм ајде во систина,а тој ме утеши дека е нормално било ама страв во коски...уф.....страшно беше.Леле како вака до крај.Иначе 9 та недела.Му се има случено на некој вака како мене,има место за памика....и времево споро минува никако да побрза.Сакам и се трудам да сум позитивна,ама некогаш се плашам.....Терапија примам и ќе гледам да се смирам и продолжам понатака храбро.Ве
Добро утро мешковци за мене денов почна во 4:00 вчера бевме на контрола ... Бебка спремна за излез главачки, ниско поставена... Мајка треба да одмара.... Тешка е 2.130кг а според големината на глава, стомаче, раце и нозе одговара за 33 недели (32+2 сум денес) значи една недела унапред.... Мајка се здебели само 3кг (и ова ми е максимално што имам достигнато килажа ) добив таблети Фероглобин заради намалено железо и апчиња за притисок на граница ми е 140/80 .. . И така ме мавна анкс од сабајле во 6 си преплакавзошто до сега се беше во ред а сега на крајот те железо те притисок.. . најбитно е дека бејби е добра си расте, активна си е тоа ме радува....
Ако земеш сега да мислиш зошто рипнал притисокот,нема да ја поправиш работата уште повејќе само тежини ќе си ствараш. Можеби моментално било од позитивен стрес што се имате видено со бебка. Него кажи жено што јадеш/нејадеш што само 3кг си во плус од кои бебе 2 и кусур каде се постелка вода... јас кутра 23г.н 13 имам плус. Сега тука сум удрена како да не мрднам повејке од 63имам сега максимум од 65кг. пиши тука оброците
Добро утро мила. Чекај сега објасни ми.Откако беше во тоалет и заврши работа се смири ли болката? Мене на неколку пати ми се има случено последното завчера вечер,идам може најмногу два пати во тоалет неделно ништо не помага се природно пробав. И муабетот ми е ќе ме фати една оштра болка во стомак ама толку јака што си помислив толку е ама откако ке се испразнат цревата готово нема.Има разлика помеѓу болка и болка ама ајде пусто у тој момент на паника разликувај го Сега си добра така?
Пред да одам во вц ми почна како гасови и после вц се смири,болки и влечење осетив и после отидов во вц и имав течна столица и после ми се смири и сум заспала.Можеби помешав малку и од храната,јадев месено пита,па овошје киви,јаболко и мандаринка,па потоа млеко и изгледа претерав малку и направив кашапопара во стомак.Од синоќа не ми се повтори,ама јас се исплашив.Фала ти мила на споделеното искуство
Имам пишувано тука дека од 9 месеци бременост јас 8 имав течна столица и тоа по неколку пати во ден,причина зашто и како беше и последици од истат немав.
Од ко останав бремена до сега сум здебелена 11 кг. (со 59кг почнав сега сум 71кг) од кои 3кг. ставив од 28 до 32 недела... Јадам се што се готви дома за сите не посебна храна за мене, вклучувајќи месо, супи, чорби, сукани работи домашни, обавезно јадам 4-5 јаболка, 3-4 киви, портокал и мандарина сега.... Многу пијам вода.... Инаку притисокот е од стрес предходно, од после анализирав, ама ме чукна в глава ко ми накажа ова ќе земеш, тоа ќе земеш.....а цела бременост мирно се одвиваше. .
Туку така наеднаш баш се исплашив ама помина и не дај Боже да се врати.Фала ти мила на споделеното искуство.Можеби све е нормално,ама пуста паника,а и рамнодушен да е човек не иде.Господ нека не чува нас и бебушките.