Нормално и е да паничиш после се,знам како е јас бев од бетер дан бетер а сега со бебево за чудо сум ептен опуштена,само кога читам нешто на моменти ме фаќа паника.
Штом ти текна од што може да ти се крева притисокот,избегнувај такви нервози колку што можеш. Ништо да не ти биде побитно од бебе,јас барем така почнав да не ме допираат небитни работи колку можам да не слушам. Олабави си се
Се е тоа нормално,грижата во бременоста и после тоа продолжува со доаѓањето на свет на бебушот, па се прашуваме дали е тоа што го правам исправно или треба да го правам подобро,дали донесов исправна одлука и ред други грижи и прашања.....мајка..... е тоа грижа и паника до крај
Штом ти поминала болката откако си била во вц ништо страшно . И мене знаеше така скроз доле да ме боли стомакот бидејќи цела бременост имам нередовна столица , штом се олесниш поминува . Без грижи
Зошто да плачеш и да се грижиш . Па нема трудница која поминала без лекови за железо , притисок, киселини и слично. Не се нервирај и не се плаши ,со тоа само притисок ке си качиш .Еве јас втора кутија пијам хеферол за железо, ке ги пијам до крај. Без грижи
Добро дојде во 8от месец каде се што било добро наеднаш нечини Само одмарај и притисок два пати на ден мери.
@Happyinlove абе не беше баш работа што може да ја поминам така без нервоза и стрес... Ама сега ќе се потрудам да не реагирам импулсивно.... Инаку ситници не ме нервираат воопшто... ти благодарам @Elena ena абе знам дека е нормално да земам плус нешто за да има и за бебка доволно и за мене, само некако многу ми дојде наеднаш се ..... @FreeMind добре ве најдов, хахахахаха... Најтежок месец мислам ќе биде со сиве овие работи  .... И да мерам сабајле и вечер обавезно.... И на режим се ставив од денес.... Ви благодарам на сите
Леле чути, јас неколку пати имам сонувано кај што се пораѓам, па се нешто не е во ред, сигурно од страв, баш вечерва се гушкав со бебето и 300 гости имав дома
Леле дали јас сум единствена која уште не сонувала кај се пораѓа Кај и да е во реалноста сум се поблиску до породувањето
Што убаво вака кога ве читам со убави вести и здрави бебушки Јас 10та недела и одвај го чекам сгринингот ќе си пукнам. Барем сега се движам малце,не сум 24/7 во кревет,па време проаѓа некако. Неколку дена немав мачнини,ама вчера многу лошо ми беше,главоболка,и вечерта пак повраќав ваљда ќе се среди брзо. Ве
Здраво мамички јас денес се разбудив со страшна главоболка и затнат нос пак ме фати настинка а колку се чував и внимавав ама џабе.шубе ми е да земам лекови кажете нешто по природно.
Јас на почеток сонував дека крварам сега дека се пораѓам и мм одбива да ме носи на болница.... Цела сум лева
Ајде уште две три недели и ке се средат мачнините. Кога ке ми текне јас каква бев едвај јадење за синчето правев
Мила јас уште неможам да се опраам, кашлам нонстоп, а дома седам цело време и јас незнам како настинувам. Фала Богу не е ништо страшно, само што нос до пред некое време ме зезаше а сеа кашлањево. Јас сум на чаеви само, прегорен шеќер, инхалации неколку правев, супи исто... толку! Шубе ми е било што друго да земам.
Нема шанси да земам апчиња какви сакат нека се.не знам за главоболкава што да се напијам а кафе од никогаш ме сум пиела не пак сега
Јас некогаш по некоја голтка кока кола или малку швепс, ако осетам дека ми е паднат притисокот и главата ми паѓа.
И јас исто имам сонувано дека крварам, ама не и пораѓај, среќа И јас тоа се прашувам, подобро да ја прекинеш него и бебето да трпи, јас кашлање со настинка имав па така ако останав уште ке бев болна, се што е дозволено/препорачано од лекар зошто да не се зема?