Како стоите со енергија во 9ти месец..до скоро бев ок, само што влегов во 9ти умжас, немам енергија и нозе не ме држат не можам 5мин.да стојам..како ќе терам цел месец вака, нормално ли е?
Oчигледнo и зaклучoк oд бременoст е:се oнa штo е ненoрмaлнo, вo бременoст е нoрмaлнo и јaс oд петoк влегувaм вo деветти енергијaтa ми е нaмaленa. И се нештo ме бoле,кoлк,левa нoгa.. a зa желбa зa спиење дa не збoрувaм Вaжнo,oд вчерa сум среќнa пoшo вo мoетo телo имaлo естрoген кoнечнo
Јас во 9ти се чувствувам како во први месец со енергија. Јас имам многу енергија и нула проблеми во последниов месец. Кај секој различно очигледно, иако докторот ми рече дека очекувал полоша слика од мене во 9ти, али за изненадување и отоци се повлекоа и спијам повеќе.
Супа со многу бибер, ако можеш внесувај повеќе лук во јадењата, топол чај , витамини ц ,можеш и Парацетамол ништо не штети. Свежи салати , овошје Јас највеќе енергија имам сега отколку во првите месеци. Незнам дали е до мене , но супер се чувствувам, дури почнав и ноќе да спијам повеќе. Единствен проблем ми е што бебето ми е уште високо па штом ке каснам нешто веднаш мора да легнам бидејки ме боли под градите , бебето удира во желудникот и ребрата
Јас само со носот што ми е затнат со крвав секрет 9 месеци, мислам дека е најлошо моментално не можам да дишам. Ќе ми помине после породување?
Девојки бев на ехо, бебто беше добро, ми мереа сервикс 33 дали е добро за 25 нрдела? Ме прегледа и со спекулум речр не сум отворена и не е мекнато грлото на матка, ама имав инфекција добив 12 дена Полигинакс вагиналети ми рече дека можеби од инфекцијата сум имал болки ама ми рече да не се движам повеќе да легнувам. Вие кажете добро или лошо е ова. Поздрав
Би требало да се среди , барем кај повеќето се средува по породувањето. Но мислам дека @mariz го имаше истиот проблем и неколку месеци по породувањето
Јас од кога влегов во 9ти ме фати невидена мрза среќа алиштенцата за бебето и торбицата си ги средив, друго ништо не ми се фаќа, спиењето ми се влоши пошо кичма и колкови немам веќе од што болат и ниедна положба за спиење не можам да фатам, синко клоца баш дремка кога ќе ми дојде, ме спрема уште сега за несоници
Не се сеќирај дека ти е ниско и јас имав нормална бременост ама од 24 недела скрстен сервикс и ниско е бебето лежев до 36 недела само за вц станував пулс висок имам цело време еве сега сум 37 ма недела одмори се лежи све ке помине со лесно само.
Цервиксот ми е во ред така ми кажа, да не кревам тешко само и само да одмарам ... Да стигнеме до 36, после тоа е полесно
Крв првата бременост имав и исто затнат нонстоп, а втората крв не, ама нонстоп ми беше затнат, а неможев да го издувам. Ке станев сабајле како поминеше време ке се одзатнеше малку, а на спиење нонстоп затнат, сабајле јазиков скроз исушен ми беше што дишев на уста. Неколку месеци и по породувањето така, после се среди, сега немам мака.
Јас си завршив денес вонредно на лекар. Некое време чувствувам болки доле, ама од синоќа станаа прилично појаки. Не како контракции, туку само на една страна и се ширеа скоро до задникот. Триста филма завртев низ глава, само мислев дека крварам и отидов кај докторица. Испадна бебе е одлично, постелка одлична, високо на заден ѕид, плодова вода доволно. Инатот е уште карлично поставена и таму каде што ги чувствувам најголемите болки изгледа повеќе стиска со нозете. Веќе полека губам надеж дека ќе се сврти, ама се додека е добро како сака нека биде. Според мерки одговара на 32+4 и само се надевам барем уште 4 недели да издржи. Јас уште сум постојано на нога, си терам на работа без проблем, дома само нешто работа си наоѓам, ама веќе ќе морам малку повеќе да се припазувам.
Од прв ден ми е таков али последниов месец скроз не можам да дишам, вчера и ќе се удавев секрет ми се спуштил во грло на спиење станав борејќи се за воздух.
дада никако не кревај ништо и не чисти по полека само со одмарање и лежење ке дочекаш 36 па после нема да сака дс излези и моево е ниско ама еве чекаме