И јас не спиев од 7ми до крај и си велев да се породам и да се наспијам, но не било така и само се жалев немам спиено... Сега гледам што било неспиење, по 2 саати во 24 саати ќе си водите сите што се слатки маки и со позитивна мисла, до лесно на сите...
Имa уште мнoгу муви дa ,лaпaм,зaтoa. мм се смее ќе ми се oдмили oд пу*** сегa сум нaјвaжнa,пoлекa ми се пoкaчувa нивoтo нa естрoген
Ааа не боди 3 години не носам веќе многу полесно ми е со маички(тие материјал сличен како боди што се) не ги мењам фсла му на господ чешање немам, кандида до сега немам, се надевам нема да се појави. А остај тоа па потемнала госпоѓава
јас сеуште немам гајле со спиењето спијам како мечка и само ми се спие .. овие два вечери не знам што ми се дешава бебе си прави бранови ,и цело време потоа некако само како да прави тк тк а неможам да осетам каде дали ика како што велат или не знам што ми се дешава и на моменти ппсебно навечер ме наболува кај вагината некока чудна болка 30+5 сум
Да, душо. Значи дека ќе имаш темпераментно и бесно бебче. Шега на страна, докторот на секоја контрола ме прашуваше дали мрда бебето штом влегов во деветти, а и тука сите пишуваа помалку се осеќало,помалку место нАли?! Врска немаше, ми ги скрши сите ребренца и коФчиња злато мајкино. И сега е такво бебе. Кај мене таа зголемена активност не беше никаков знак ни предзнак...
А викаат штом е темпераментно внатре, ќе не остави на мира надвор. И за тоа ме лажеле Има земено некоја позиција на лево, после породување да сменам и бубрег ако има некој за замена нека ме тагне. Фала ти мила
Де бе кaжете лек зa кaндидaтa чешa и тече кaкo лудo. Немoжaм веќе. Oдмивaње,aнтифунгaл мaчкaм,гледaм нa сувo дa oблекувaм пaмучен веш aмa зaкaченa си е внaтре и aбер немa зa излегувaње. Некoи други вaгинaлети? Ме пукнa oд чешaње
Мене многу ми помогнаа probalance lady. Земи ги,баш биле безбедни,и linex lady ги фалат многу и знам жени што на своја рака 9ти месец си ги зимаат за пред порајѓај да се исчистат.
Пробај почесто одмивање со топла вода и сода бикарбона, нема толку да те чеша. И јас имам кандида од 14 недела на брисеви ми се покажа , дури сега пред крајот ја снема. Јас ставав навечер пред спиење тампон натопен во јогурт, а може и домашно кантарионово масло на тампон
Јас имав на почеток од бременоста кандида, ми дадоа Микорил вагиналети, после кога бев на контрола ме премачкаа со Генцијан Виолет воден раствор, и од тогаш фала богу немам... Сега во 30 недела ми се јави бледо бел исцедок, кога бев на контрола прашав дали е тоа кандида мии рече, не е, нормален вагинален секрет е.... Дури ставав вагиналети немавме односи, се миев со ептен млака вода ама не внатрешно измивање.... @Adeline охооо јас носам бебе долу од 26 недела не може да се видиме со пријателката се средувам со огледалце.....ама имам и 10-11кг плус и можеби затоа не ја гледам а има сменето и 'фаца'
Исто и мене цел 9ти ми избоксира се што има внатре...така да незнам дали е предзнак мислам не е...мене на крај од симптоми само како менеструални болки ми се јавуваа ништо друго
Ви блaгoдaрaм нa сите ќе тркнaм дo aптекa зa тие прoбaлaнс и линекс. Ке прaшaм вo aптекa кoи.. Ме уби знaчи.
Јас од утрово слаби менструални болки и 2 пати во вц по голема нужда , што е чудно за мене. Од хеферолот си имам проблеми со столицата Незнам дали телото се спрема или Иако ми е второ некако страв ме фаќа пред крајот. 37- ма недела сум ,ајде нека си поседи уште недела дена
Верувај истото го велев кога ќе ми пишеа овде буквално истите зборови ќе си видите сите, дури не се осети на сопствена кожа неможи да се замисли, секако е поубаво со родено, нема поубаво и помилно нешто
@Emma2 Листам неможам да најдам, што направи ти со крвната слика ти препишаа ли нешто? Моите резултати испаднаа крш серумското ми е 5.3 а хемоглобинот 75 ми рече да бирам од флорадикс сируп или сидерал капсули некој некое искуство да не има? И малтофер од бугарија некои апчиња исто дали примал некој нешто од овие?