Ќе ти пишам малку покасно кога ќе ми ги донесат апчињата, заборавив како се викаат, плус Маџун ми набавиле а и еден рецепт ми го кажаа ,ќе ти пишам и за него
Две недели од преглед ќе поминат добра ќе сум и еве пак сега црни сценарија си режисирам. 23+2 сум и зошто не го чустувам многу често? Само легната кога сум знае да ми буричка доле,па лежам на страна,па благо ќе каснам... 300 филмови се нервирам што вака си барам симптоми но вие во оваа недела многу ли го чуствувате да мрда?
Мене ми е крвта 10 пиев флорадикс сируп ама го прекинав после една недела повраќав. Докторката ми кажа дека предизвикувал гадење или да бирам друг сируп ама од него повеќе ќе ми се гадело и не го пиев. Сега правев крвна слика слаба ми е крвта и ми рече докторката пиј чај од коприва тој многу помагал за крвта
Ти стално за истово пишуваш Мислам дека нема за што да се грижиш, некој ден е помрзливо, некој ден поактивно, нормално си е. И јас навечер кога мирувам тоа се активира инаку вака денски кога-како.
Ама нели ќе влезеш во нова недела и очекуваш поголемко е и повејќе да го чиствуваш и поинаку од предходната,и кога ке видиш дека не било така одма филмот е тука Нема вејќе да мислам на тоа ветувам
Малечко е сеуште не се секирај, јас знаеш од порано го осеќам но знае да е мн мирно, 2 дена скоро го немаше а вчера толку силно ме тресна дури малку ме здоболе(знам дека е за неверување). Се буди навечер повеќе моево, а преку ден знае со саати да го нема не се грижи ќе видиш за некоја недела здравје кога ќе пишуваш како коски ти крши
Јас само што ги видов резултите од крв,и за големо чудо се е како што треба.Цел живот слабо ми е железото сега 20,се израдував. Единствено што не штима е дека пишува имам бактерии во урина и ми се препорачува да направам уринокултура. До сега не сум правела немам појма што е Да се секирам или не е ништо страшно?
Не е ништо страшно Урина ставаш во шишенце и ја носиш они ја испитуваат и за неколку дена имаш резултат
Уште од кога ми се слоши пред неколку дена притисокот ми се покачи. Си се правев херој бидејќи матичниот ми беше на одмор и денес веднаш отидов кај него. Прво ме искара бидејќи вчера и денес отиде ептен високо притисокот 145/115, 150/95 итн... еве на 2 дена пред 9ти месец си заработив 4 апчиња дневно метилдопа и строго мирување дома (ми отвори боледување, никако на работа). Ме исплаши и он дополнително, рече денес да го следам на 3 саати да запишувам и ако не ми се подобри од апчињата тогаш најверојатно ќе морам во болница. Испив апче пред 1 час и притисокот ми е сега ист како што ми беше пред да се напијам. Сега малку сум и исплашена. Што може да се слчучи од висок притисок? Кои се последиците? И дали има нешто што природно може да го пијам покрај апчињава?
Мамчки пак јас да се жалам што настинка ќе беше ова што ме врза за кревет очи неможам да отворам.вчера повраќав цел ден и сношти цела вечер само шлајм и последниве повраќања со крв ми се.што и да се напијам или да каснам за пет минути го враќам.се јавив кај матичниов после пладне е на смена.пукнав веќе неможам да издржам до 15 недела повраќав секој ден сега пак.кај да одам не знам веќе
Девојки сите имате цврста столица а јас течна....има ли чаре за неа.Да ве прашам утре треба да го продолжувам боледувањето и дали знаете која смена е буквата М.Ви благодарам
Добре дојде во клубов на висок крвен притисок јас имам 143/85, 141/82, и сум на Метилдопа 250мг на ден, мерам на сабајле и вечер притисок ... Ми рече да избегнувам солена храна кисела храна, туршија, мрсно .... да одмарам повеќе после работа.. .. Мене минатата недела ми течеше крв од нос, мислев дека е нормално зашто цела бременост сум со крвав секрет во нос .... Ама еве денес пак.. . а сабајлево имав нормален притисок .. Намали солено луто, кисело, благо, течности исто намали и лежи одмарај..... Ќе се среди .. Јас сум 32+3 недели
Веќе решив солот скоро и да го исфрлам да истерам дај боже уште малку барем. Ти 250.. и мене на кутијава ми пишува 250мг а 4 на ден треба значи 1000 да не е многу тоа? И дали е ова индикација за царски или?
Мене за висок притисок ми помага лук секогаш, во рок од 10мин ми е во нормала. Јас имам една шема ,за да не бегаат сите од мене после,го голтам со вода.Ова од матичната ми е ИЉАЧ пробај ако не ти е гадно,стварно помага
Сo пoкaченoстa нa крвниoт притисoк се ,нaмaлувa,крвoснaбдувaњетo нa плoдoт.Некa не те плaши oвa штo гo пишaв.Пиј oд aпчињaтa,oдмaрaј,јaди лук,oвoшје и сaлaти пoвеќе. Немoј сaмo дa мериш целo време,психички ќе се oптеретиш пoшo вaријaбилен е секoгaш oд време нa време. Теши се,влегувaш веќе вo девети,aкo имa индикaцијa т.е не се симнувa притисoкoт ќе се пoрoдиш пoрaнo oд терминoт сo цaрски. Девети ближи,не се плaши! Пaтем,мaгнезиум земaј.. @Annie.mk1 сегa oд 36тa неделa и нa цтг ќе се види дaли му сметa нa плoдoт и уште кoлку ќе си седи внaтре едвaј чекaм цтг oд пoнеделник.