Не, не.. Брисот не е пап тест! Со пап тестот се испитува постоење на кандида, хпв вирус, цин, карцином и сл. а со брисевите проверуваат постоење на кламидија, уреаплазма, микоплазма и патогени бактерии.
Еве ме и мене. Од сабајле бевме крвна слика и мокрача. Па на шетење. Супер си помиавме. И сега, разлутати Крвна слика катастрофа. Речиси се е под нормалните вредности. Треба да се чујам со докторката за саат време. Само да не ме прати трансфузија да примам.
и мене така ми беше па ми даде сируп да пијам. Не верувам да те прати на трансфузија, скраја треба да си ,,исцедена,, скроз
Каков сируп пиеше? Јас тотема ампули имам ама не ми помагаат. А и искрено, полесно ќе ми биде сируп да пијам. Хемоглобинот ми е 87, а железото ми е 7.6. И секој месец ми се пониски и пониски вредностите.
ваков беше Ова не е стандард сируп,него во форма на течно железо , баш тоа што ти треба,црвени крвни зрнца, го пиев една недела по 2 пати на ден , по една кафена лажика,и потоа до крај додека да се истроши само по еднаш на ден,добри 3 недели ме тераше сирупот. околу 450-500 денари е . мене лекарот ми кажа дека за вредност на крв се гледа ХЕМАТОКРИТ она што му е граница најниска 0,37 чинам.
Позитив на денот- Си ја видов буцка, и ваш е буцка право да ви кажам, 2 850, 49 цм долга!!! Двометраш на татко и ќе биде. Постелката си зрее, вода намалена, ама кај мене тоа веќе 2 месеци е случај, наместена си е за раѓање, се си е таман! Само да ја чекаме да излезе, ама нека си поседи уште малку. Ако ја доносам до крај, има 5 кг да биде гарант, како тргнала.
Добар ви ден на сите и ние си се дружиме со фраерчето од сабајле сега моментално одмараме тоа е чудо колку е мирно хахаха само господ да не чува од лоши работи и нас и сите вас последниве неколку дена секретот воденикавко белинав некако е ујачан малку ми е чудно али ми кажаа дека ништо не било само прчистување ми кажаа дека е брисевите и крвните резултати супер ми искочија се беше чисто,здравје во понеделник влегуваме во 9 па ке си чекаме терминчето поздравчиња до сите вас
Не знам што да правам, докторката ми рече да продолжам со по една ампула тотема на ден, наредните 20 дена па на контрола. Па кога не бев трудна ми препорачуваа по 2 на ден, одреден период и по 2х2. И хематокритот ми е низок, 28,5 а нормално пишува дека е 40-56. Не се секриам за бебето затоа што повеќе доктори ми кажаа дека она ќе си земе се што и треба а за мене остатокот Навистина малата го цица животот од мене А прашав и за брисеви кога треба да правам. Ми рекоа дека во 36 недела затоа што ако направам порано кога ќе одам на пораѓај нема да ми ги признаат и ќе треба пак да ги правам
ее мила јас да ти кажам го пријавив мојот газда у трудова затоа шо несака да ми плаќа придонеси и плата да ми пушта а јас веќе два месеца сум дома на боловање.. август цел месец го работив и ми пуштил 10 ден плата у банка шо тоа утре другиден ќе ми биде проблем за породилно.. плус јас му предложив сама да си ги плаќам придонесите за овие месеци шо идат и јас да си минам плата .. не сака.. го има фатено инат многу ѓавол фамилија се цел град ги зборува.. дури уцени пак да ми пушти и за овие месеци 10 денара.. сега чекам одговор од трудова да видам шо ќе биде.. спремен е и казна да плати ако ме отпушти.. ако му е длабок џебот нека си плати казна и мене оштета.... а ти ако си во ред работи си или ако си во сили плаќи си придонеси па отвори си породилно 45 ден пред 9ти месец...како и да е мојата ситуација е многу напната и да сакам да се вратам на работа не можам од шо нонстоп ќе бидам под стрес со тие пс.. денеска ми е роденден полнам 24 годинки.. па повелете на торта....
Мамички вие што сте поискусни може да ми кажете кој е најдобар доктор во Систина за скрининг во 12 недела. Не знам кај кого да одам. Некоја ваша препорака.
феминки 22 недела сум, правев крвна слика се ми е ок, него ме буни холестеролот и триглицеридите,холестеролот ми е 8.37 а триглицеридите 3.1,како ви се на вас?
Уффф брее што да кажам...финансиски сум во можност сама да плаќам ама па инат ме држи што тој треба да ми плаќа а не јас сама...ама здравје ако биде се како што планирам само за еден месец ќе платам сама придонеси па ќе си земам породилно. Туку бебушка денеска мнооооогу малку ја осеќам.цел ден 2-3 пати ако клоцна малку се плашам дали е се во ред со неа Не знам дали е нормално вака...понекогаш да не е толку активна??? Но се тешам со тоа што утре ќе одам на контрола па се надевам дека беспотреба сум се секирала.
за бебушката не грижи се и јас синоќа малку бев во паника дека не беше толку активна како друѓите денови и од сабајле слабо ја осеќав ама фала му на бога многу ми олесна преку денот ја чувствувам цел ден еве и сега си мртка...сигурно и тие спијат па шо не се активни...
значи се изначитав на googgle и никаде не најдов дека е забрането бремена жена да лежи во када овде на форумов се изначитав коментари како е забрането штетно и незнам што а ваму сосема друго и почнав да се нервирам за глупости
не е забрането, ама може да има последици ... сестра ми во 4ти месец од лежење во када почна да крвари и потоа од една настанаа илјада компликации . јас не сакам да ризикувам ... еве 9 месеци си се само туширам , па немам маки ...
и кажаа ли дека е од тоа.. од лежењето во када??? еми тие со одат на топли бањи трудници.... во топли води ...???
да девојче и кажаа дека е од топлата бања... кај секој е различно , ама јас дали знам ваков случај дури и тушот ми е ладен велат дека топлата бања помага при болките на крајот од бременоста ама некако не ми се ризикува иако имам многу болки посебно со кичмата. а за тоа не знам ... јас сакав да одам во сауна ама матичниот не ми дозволи
Добро утро мамички како сте? Ние како и секогаш разбудени и појадуваме денес сум среќна ке си ја видам балерината моја па се молам се да биди во ред, оти имам почесто болки во стомакот па се надевам дека се е во ред , ви посакувам добар ден