Јас многу време пробував со се и сешто само си олеснував со одмивки камилица, содата бетер правеше, во прва бременост пак ја закачив, никакви вагиналети не ми помогнаа и пиев и ставав и што уште не . Како и да е слушнав за тианде влошки им се мислев и ги пробав, 10 пробав. 8 па имав циклус па уште 2. Во тоа време мм се мачкаше со кансен или канестен крем нз како се викаше точно 7 дена, и хигиена обавезно миење секој ден! И односи никако, после лечење имавме и правев брисеви чисти беа, се чудев. Кај мажите обично нема реакција кандидата иако ја имаат и ни ја пренесуваат. Така да распрашај се за улошките дали можеш во бременост да ги користиш и правилно да ги користиш. И мажулето нека се мачка
И јас сум со мека и некој ден течна столица еве веќе два месеца. Немам грчеви, само наутро кога станувам добивам нагон и одма одам во вц и толку после цел ден нема ништо. Веќе една недела пијам два пати магнезиум и мислам од него уште потечна стана, пред тоа пиев едно пакетче. До сега не сум го прашала докторот но јас си викам дека е подобро вака одколку запек. Ете и @monik55 имаше пишано слично искуство.Инаку сум 28 недела
Нaјинтереснo oд се е тoa штo брисевите вo 12тa неделa и 32рa неделa зa кaндидa се негaтивни. Пoсле секoе уринирaње(или преки еднo) се oдмивaм и пo некoе време ќе видaм сo oгледaлoтo пaк внaтре имa бел секрет и чешa. Сегa земaв микoрил и еден прoбиoтик незнaм кaкo се викaше 7 имaше вo еднa лентa. А oднoси немaме целa бременoст сo мм oсвен пред некoј ден,штo се дoсмеaв декa имaм естрoген.
@FreeMind затишје пред бура? Каде сиии. @Annie.mk1 штом си под терапија не се плаши,тетка ми моја пред 20 години што е за право вика толку внимание не ни посветуваа,па никој притисок не и измерил цел 8ми и 9ти месец,па природно почнала да се порајѓа и скокнал до плафон скоро над 200 , па тек после порајѓај и кажале дека требела да си зема терапија а сиротата она не ни чуствувала висок притисок. Сега си е под терапија,но штом те покриле со терапија не се плаши. Лукче јади си и спиј си
@Happyinlove ниту бура ниту затишје. Легната сум како Милка пред тв и се објаснувам за попови Ич не ме планирајте месецов се пребацувам за Март.
Јас завршив со контролата, вчера на ехо ми вика др супер е се, бебушка си одговара на термин 22.02 до ден и се е како што треба, постелка зрелост 2 степен. Денес бев за брисот за стрептокока, и др ми зема брис и за и оние брисеви редовно што се прават. Резултати во понеделник. После малку пропешачив за до институт за јавно здравје и за пола час ме фатија болки менструални. Дали од спекулумот или од пешачењето не знам. Се напив магнезиум и чекам да ми поминат. Го прашав и докторот што е следно понатаму. Ми кажа само да му ги однесам резултатите од брисевите, да ми дадат упат за пораѓање за каде ќе одлучам, и кога ќе влезам 36-37 недела да одам таму на цтг. Докторот ми препорача убаво е батем два пати да појдеш на цтг пред да одиш на породување чисто за да те имаат во евиденција и за да се запознаат со тебе. Вие што ќе се пораѓате на гак или чаир, кога прв пат појдовте на цтг? Имавте некоја индиција или?
Не може март, не може ни февруари, не може и мене да ме пуштиш преку ред. Еве јас те чекам, прво ти да се олесниш па јас не мора да чекам краен термин, ако може после 10-15 февруари
Јас си помислив на бокс напони има она пред тв. Ахахахаха во март бе ахахахаха најјака е твојава женска инает уште нероден
Јас очекував дека ќе биде покачен, зашто се сеќавам дека мајка ми во 8ми месец ја задржаа на болница со покачени крвен притисок.... И јас немам мака никаква освен крварење од носот.... Лук конзумираме редовно во салата и тоа ништо не значи.... Само одмор.... И терапија редовно, валјда ќе се среди....
Не бе што ќе трампаме и онака ќе те пречекам и тебе. Утре сум на контрола и цтг може они ќе видат некој знак за породување, јас јок. Некако и се навикнав вака бремена барем не се нервирам се помирив. Крекав до 8ми, сега само добутувам она што има останато да дојадам додека никој не ми замерува.
Јас имам термин за породување на 12 март, а зошто докторката ми рече 31 недела си 34 е најризична и после може бебето кога сака да излезе
Јас претходната бременост ја поминав со многу кандида чешање,непријатност, обилен секрет и на секоја контрола ми пишуваа колпит а сите брисеви чисти. Најмногу од се ми помогнаа вагиналети ацидосалус. Ги користев еднаш месечно до крај. Има и поевтина варијанта на нив вагилакт и сл. Но ацидосалусот се незаменливи. Ако имаш можност да ги купиш одлични се само се скапи околу 800 ден беа. Поздрав
Мешиња бидејќи до сега цела бременост ја поминав повеќе со лежење и седење дома без движење не бев во можност ништо да купам за бебенцето. Од денеска сум 34 недела па планирам полека да купувам работи за бебето па сакав да ве прашам незнам од што да почнам што најпрво да купам од алишта и др работи? Незнам од кај да почнам со купување што најпрво колкава големина и освен алишта што друго бидејќи немам ништо ама баш ништо па ве молам за хелп да почнам да спремам полека
Зошто 34 недела најризична? Мене матичната ми рече до 34 недела е ризично а од 34 недела дека веќе нема ризик дека веќе и белите дробови му се развиени.
Не знам искрено, затоа реков да се распраша кај некоја што работи со тоа.. Оф.. исто и мене не ми покажуваше како кандида во бременост ми ја покажа, и исто од храна јајца ми сметаа многу, варени,пржени,печени само во торта не ми сметаа.. како и да е кога ке ја лечиш и мажот нека се лечи затоа што ја имаш сега ја има сигурно и он и је ти ја пренесува постојано .. ова се однесува за било каква инфекција..
Епа ми рече таа недела е најризична не знам зашто терминот ми е на 12 март, а зошто тогаш ми рече после 34 недела може бебето кога сака да излезе