Добро ве најдов Мило ми е што ке се дружиме почесто, убаво ми е кога читам за работи што ми следат со кои ке треба и јас да се соочам а и мило ми е кога гледам како си помагаме една на друга без разлика што не се познаваме тоа е реткост денешно време и многу сум срекна за тоа А и ке сум завршела работа ако земав само по една на ден од маџунот ке мора се во дупла доза да земам фала ти те
Бев на преглед денес. Еден сантим отворена ( ајде кој што пие на моја сметка) Грлото скратено, малата наместена со главата доле спремна за излегување, грло на матка омекнато. Плодова вода и плацента супер за 39та. Фамозниот преглед со рака го доживеав, не беше болен барем мене не ме болеше може е незгоден, но далеку од болен. И потоа крварење ( уште крварам ). Цтг мирно, бебе си клоца место има уште пулс одличен, никакви контракции во најава. Се зависи од бебето кога оно сака тогаш ќе испадне беше одговорот. Следен преглед во петок на 25 зошто терминот ми е во недела. Потоа на секој втор ден. 7 дена над термин ме толерираат, потоа следи разговор што ќе правиме у животот. Сума сумарум мојата ќерка има уште десет дена платен смештај и потоа сакала или не ќе ја преселиме во светов, да види во колку убав свет ја носам мерак
Ти барем ја носиш во убав свет ама ова стварно без иронија. А ние нашиве кога во тој свет? Ќе се родат во оваа бедава овде никаква Ајде едно какао за мене чим е таква работата, за малечката принцеза Гушка до тебе, колешке по истополови бебуши
Се согласувам, убаво е што си се имаме овде вака друштвенце и си споделуваме искуства. @Alishan30 ја чекаме да ни се придружи, дај Боже набрзо
Генерацијо за тебе дупла доза какао од мене. Генерално светот е за никаде, па потоа погранични банана државички како нашата. Али со најдобра надеж за подобро. Иако ние го изедовме како генерација највеќе, нит Југославија придобивки видовме, десет години не држеа под ембарго за една виза со денови пред амбасади дремевме, транзиција, рушевина, војна, вмро диктатура. Цел го изедовме Али децата барем да живеат подобро отколку ние.
Незнам што да кажам , секако за децата треба највеќе да се мисли, нашето поминало! Ајде да се надеваме на подобра иднина
@eci85 и @pandelka добредојдовте, да си имате лесна бременост и убава дружба овде во темава . Јас да не се подречам оваа 28 недела сум супер, си спијам без проблем, немам некои болки и потешкотии, се галиме со бебка во меше и уживаме . Дај боже да продолжиме така
Од се што читавме изминатиов период,почекај не оди веднаш процесот си почнал може и до два дена нели со паднат чеп да се седи,диши се возбудив и јас дека нема во март да ја родиш и известувај live. Соооо леснооо
Нц уште ќе ви досаѓам Да повториме: од она што читавме од паѓањето на чепот може да поминат и ден и два и три. Може и пет шест саати. Седиме дома додека не почнат болки на точно време. Пробуваме топла бања дали се лажни, ако се лажни во топла бања ќе поминат, ако не поминат и се засилат се облекуваме и без страв одиме накај болница да се породиме. Да не футнав нешто теоретски?