@FreeMind ајде и јас да се уклучам во дискусија ☺️ Јас утре влагам во 38ма полна, во вторникот бев на преглед цтг мирно нема контракции а отворена сум 3 прсти, после тоа дома ми падна чепот прво како розеникаво после тоа темно кафено и еве уште до денеска ми протекува на секојдневната улошка.... Два дена со паднат чеп болки немам ... се чудам дури
Во урина се под скратеница prot. А за крв не знам немам испитувано дополнително се испитувало и јас прашував дека немам сретнато.
Може да потрае од паѓањето на чепот до породување кај секого е различно. Најчесто е ден/два после тоа да се породиш. Чим немаш болки подобро дома да ги чекаш. Во болница знаат да бидат доста незгодни со тие прегледи со рака. Велат без болки нема породување. Јас на твое место би чекала дома. Кај и да е ќе почне. Со лесно да ти е
Фала ти со лесно и на тебе Мене ми е втора бременост , и со првото немав болки се породив 38+2 а отидов 6 прсти отворена ... ама контракции имаше на цтг се покажуваа јас не ги осекав , последните 30м осекав болки такада лесно поминав , е сега нема матката никакви контракции бебе мрда све си е нормално како и да е ке си чекам , понеделник сум на контрола
@FreeMind со лесно мајка @Martka од матичен гинеколог боледување е 15 дена, ќе одиш на државно и од таму конзилијарно мислење ќе ти дадат, со документите во фонд и за два месеци ќе ти важи боледувањето... @Annie.mk1 Протеини во урина се обележани со +++ (плус) не знам зошто ваков резултат ти дале... 
@FreeMind ајде генерацијо развали Те осеќам смирена си некако, уште не си свесна Така најарно може Тука сме, пишувај колку можеш! Леле бе девојчето ќе ти е во раце за брзо Јас се исповазбудив Ајде само леснооооо
Не се плаќа во приватните за конзилијарно, од каде ова сега? Мартке каква државна бе, ќе ти дадат во Систина конзилијарно,башка со инвитро 3 месеци законски ти следи боледување. И не, не се плаќа за конзилијарното.
Фала ти мила,дали јас згрешив или докторот можеби требаше он да ми даде конзилијарно и Сашка ваљда знае,не сум јас само на боледување има еден куп.Они ми дадоа обичен извештај и место еден месец добив 15 дена до 01.02.Како да ја оправам работава?
Во кои ценовници си гледала? Јас во Ремедика веќе 3пат земам, ништо не сум платила. @srekice е во Систина, не спомнала плаќање. Па башка ни мање ни више 4000ки Нешто грешно си видела. Ако беше за тоа сите ќе си го купуваа а немаше да бараат. Уживај сега, за следниот пат ќе си знаеш. Ќе си бараш со време! Btw Имаш и тема Боледување во бременост, читни си. @Martka
Нели треба тие самите да ми дадат,а не јас да барам?Ваљда знаат кога и како треба да ми дадат конзилијарно мислење.Малце неубаво.Што ќе беше ако ме пратија на работа?Фала мила,не те мачам повеќе.Уживкај Те
Абе мораш да си бараш сама, такви се, еве јас сеа последниов пат отидов и си побарав ама ме прашаа зашто ми е? дали имам проблем? ама јас дека сум со близнаци па ми даваат иако реално немам проблем фала Богу, освен што прокрварев во 12та и затоа се плашам и сакам да сум дома. Тебе матичниот треба да ти каже дека треба конзилијарно иначе од каде да знаеш.