Здраво мамички како сте ми. Јас вчера бев на гинеколог и го слушнав срцулето на бебушко како правеше туп туп туп туп.... Многу убаво чувство и звук. Гинекологот ми рече дека нормално е чукањето на срцето на бебушко и дека се е во ред со бебушко си расте нормално. Не знам точно колку отчукувања имаше, но убаво си чукаше го слушнав. Душле мало сега почнуваат да му растата рачиња, ноџиња...
Колку убави вести од сабајле мила, претпоставувам чуството дека е незаменливо да си го слушнеш срценцето на бебушко Јас закажав на 11-ти во понеделник од сабајле и ептен сум нестрплива да си го слушнам и јас срценцето на моето бебувче Кажи ми мила какво ехо ти правеа за да го слушнат срценцето? Зошто мене ептен од памет ме исповадија со тоа вагинално ехо, можело да дојде до прокварување?! Поздравче и имај си убав ден со бебушко
Добро утро мамички. Јас сум среќна, имам уште помалку од две недели за до 9ти месец Веќе ги почнав и подготовките околу она што ми е потребно за породување, пред и после тоа. Уште некои ситници и спремни сме. Таман на време Во последно време зборуваме за болките што ги имаме доле кај интимните делови. Претходно напишав дека се препорачува сетп лајт да се пие, па вчера кога пазаревме со мм ги видов и тие и се земав неколку колку да пробам. И да ви кажам, има врска, тоа стегање, болките мн се намалија, посебно откако ќе се напијам, речиси ги нема. Пробајте и видете, не е баш најубавото нешто за пиење ама помага
^^ До 12 недела речиси сите гинеколози прегледуваат со вагинално ехо, не верувам дека се случило на некоја да прокрвари од тоа. Сондата ја ставаат внимателно, така да не слушајте разни муабети. И мене ми го кажуваа тоа жени кои се породувале во време кога и ехото било научна фантастика, немој не дозволувај ќе ти го повреди детето, ова ќе се случело, она ќе се случело. И јас кога им се свртев со коментар Ало, па тој е доктор, сигурно нема да направи нешто да ме повреди и оттогаш си знаат, си ќутат со тие коментари од типот јас знам се. Ако ништо не сака да се случи, нема да се случи, ако сака и да лежиш цело време ќе биде тоа што треба да биде. Така да не се замарајте со неточни работи. Captivating од каде ти се тие за болките? Сакам да земам и да пробам.
Beautiful-Princess фала на мислењето, буквално истото ми го кажуваат како што напиша ти, и некогаш стварно почнувам да се плашам од прегледите Ама во право си, ќе отерам и јас кај што не треба и ќе си бркам моја работа
Степ лајт,во секоја продавница ги има. Сигурно ги знаеш, мали кесенцинња со прашок во различни вкусови за правење сок. По 5-10ден се. Како мали ги лижевме за да ги боиме јазиците Cool Aid, во странство така е познато.
Ајде и од нас добро утро! Ние си се клоцаме од сабајле, расположена е буцка за сите кати од каратето, па ги вежба. Сега веќе нема место сиромашката, па само се тегне одвај, цел стомак ми го преместува. Склекови прави внатре, се крева со газето, и мене стомакот - шпиц! Незнам како не ми испука до сега со толку многу текнење-влечење. Полека-полека се спремаме и ние за големиот ден, остана уште многу малку. Ме збуни вчера докторката, ми вика од понеделник влегуваш во 9-ти. Наопаку си бројам јас уствари цело време, сега сум 34+3, тоа е фактички 35 недела, а не 34!? Затоа по автоматизам наредната недела влегувам во 36 недела, или 9 месец, ти се молам... Сложено. Како и да е, ене го Декември кај е, има да ја фатам буцка, да ја престискам толку чекана, дунда една дебела! Се сум со вакви насилнички методи некои деновиве, кучињва дома ги престискав затоа што ми се најблиску, па не се бунат сиромашките.
Мила нема врска ништо страшно не е вагиналното ехо. И првиот пат кога бев вагинално ме прегледуваше докторката исто така и вчера ме прегледуваше вагинално и ништо не е страшно да си знаеш да не се секираш. Јас пак не се плашам од вагиналното ехо си легнувам си се опуштам. Ајде мила и ти ќе го чуеш срцето на бебушко во понеделник, и те чекам овде да пишиш како сте поминале со бебушко. Поздравче до тебе мила и гали си го мешето.
добар ден и од нас еве не денес наспани и средени и по дома,мајка и ќерка си работкат заедно мама работи и Tоа од внатре Tуп туп убаво пиле на мама убав ден денеска,зирка сонце и ке си прошетаме малце на чист воздух сакам да прашаM,мочкам често и имам забележано долниот дел кај стомакот како да ми подболува,мислам е бешиката незнам дали е нормално или имам мал проблем?!. ме загрижува тоа,оти и лекарот речE кај бебче наместо 2,3 било 1,8 нешто кај мочните канали?!. стварно ме загрижи тоа,мислите има веска и пиењето вода?бидејки не толку пијам вода стварно ме загрижи ова
добар ден и од нас.. се прошетавме малку.. имаше сонце не фати воздух сега низ дома ќе си одмараме... со бебушката моја си се дружиме таа ме клоцка јас си ја милувам срце на мама убаво... ај бидете ми поздравенки нешто ме мрзе да пишувам
Утре сум на прв скрининг на клиника кај доктор Елена Николовска, едвај чекам, месец дена не сме се виделе со беблакот. некаде прочитав дека ехото е абдоменално, а веднаш после ехото те праќаат доле во лабораторија и ти земаат крв за Приска. Дај кажете нешто во врска со ова вие што сте го поминале ова, како поминавте?
Добро вечер женски... Јас денеска ќе пукнев од мака....Ајде од сабајле бевме на контрола кај матичната бебушка е супер,добро напредува,според димензиите одговара за 24+5 ,плодовата вода во ред,срценцето добро и ајде да ми даде упат за д-димери,крвна слика,мокраќа и крвни аномалии (мислам дека така го нарече тоа...ако не се лажам) на упатот пишаа итно за да ме примат да не чекам многу на тансфузиологија демек трудница ова она.И ајде боштум да ги заверам документите таму па да ми земат крв абре луѓе жив доктор немаше за да ми потполнат таму некој си формулари значи тотална катастрофа,гледам трудници едвај се движат таму никој не ги загледува УЖАС. И што остана...ми викаат ќе дојдеш утре од сабајле кај 8 ќе завршиме работа а на упатот пишан денешен датум ,е ако утре ме вратат поради датумот значи да ти биде страв да појдеш на лекар...не дај боже некоја мака таму да те однесе...немам зборови...тотално сум разочарана и од персонал и од услуга и од се
ние од пред два саати се вративме од 4д,тески сме 497г,100% е курле нема утка срце на мама цело време мрдаше и прстите му беа во уста па шмука ли шмука се е супер се му проверивме,имаме и цд и сеа ке се гледаме нон стоп дома
Не знам на какво ехо ќе те гледа твојата докторката, мене на абдоминално ми правеше скрининг. Го прегледуваат нухалниот набор, земаат мерки и со сите тие информации напишани на упат те испраќаат во државна. Таму треба да ти земат крв и да одговориш на неколку прашања од типот: Дали си пушач? Колку години имаш? Наследни болести и сл. Јас малку подолго ги чекав резултатите од приската (не знам од која причина) инаку за една недела максимум се готови. Ако е се во ред (дај Боже да биде) резултатот треба да биде следниот: The calculated risk for trisomy 13/18 (with nuchal translucency) is < 1:10.000, which represents a low risk. Инаку, ние сме супер. Движењата на бебушко ги чувствувам се почесто. Утрово преткаше и кога тато ја стави раката на стомак бум ни даде еден убав удар. Не ни се веруваше, за прв пат така убаво го почувствував. Татичко беше пресреќен и бидејќи ни изгледа како да е некако рано за такви силни удари остана да се прашуваме дали беше тоа - тоа? Утре сме на гинеколог, ќе го дознаеме полот и сум мнооооогу возбудена. Очекувајте ме со убави новости!
Фала Јаготче Кај мене би требало на ехо во државна да ме гледат, докторот мој не ми спомна кај него да идам, туку ме праша кај сакам да идам за ехо и нормално реков на клиника по приватниве е ептен скапичко. Утре ме чека и ехо и приска, ќе видиме како ќе поминам, ти благодарам за резултатите (ќе знам сама да ги прочитам) и фала ти за отстапеното време да ми одговориш. Поздравче и со убаво, со лесно
Ајде и ние нешто да пишеме.. цело време сме тмурни и плачливи со бебушко, незнам дали е до хормоните..ама се ме нервира буквално се. Ретко ама на неколку дена чувствувам некое чудно чувство во стомакот баш како пеперутка,можно ли е да е бебчето или пак од што премногу мислам? Некаде прочитав дека можело и сега да се почувствува ама многу слабо. Инаку утре ќе ни земат брис,а може ќе го дознаеме и полот деновиве. Ве поздравувам мамички
Добро утро како сте ? Ние сме си добри вчера си бевме на контрола и се беше во ред само ми е мака што не успеав да си ја видам убо, што беше она докторот ако бројам 30 секунди ме прегледа, Али што да правам не го сменав пошто тој дава побрзо породилно отсуство па така вчера се пожалив дека имам често болки и веднаш ми даде. Е сега си сум радосна оти дома ке си бидам оти многу си ја измачив душичката моја е сега ми е мака , што не си ја видев уво следен термин ми е на 7 декември па тогаш дури ке си ја видам , а да ве прашам овие денови имам болки во реброто е сега не знам дали ми е од неа оти често сака таму да си се пика, убо и е ама мене ми прави тоа болка како и да се свртам не бре не се трга од таму инајчија на тато ама сега не ми е таму и мене ме боли повеќе од обично можно ли е да ми го има повредено со денови таму си седи па сега кога се тргна мене да ме боли? Ви посакувам убав ден
еве ме и мене бев вчера на контрола, и ни брис ми зеде, ни на цтг ме стави ни нишо само на ех о ме ѕирна битноо малиот е ок, ми рече вие брисеви ке ги правиме наредна недела ионака не се мнг важни па ќе видиме. А од која недела ставаат на цтг ? дека мене ми рече контрола пак кај 21-22 тогаш ке сум 37-38 недела
Да ве прашам нешто сега сум 24 недела од сабота почнува 25 зар 25 недела не е 6 месеци , ај некој нека ми објасни како иде ова со неделите, бев вчера на доктор и ми велат дека од 32 недела се добива породилно отсуство значи иде од 8 месец престануваш со работа а нормално кај нас е од 7 месец или тие рачунат и 7 месец некако не ми е јасно ај некој нека ми објасни ?