Женски а да ве прашам дали на некоја од вас и се црвени градит4е и топли јас сум скоро 34 недела и ги гледам такви ми се... дали е од тоа што имав алергија и бев нафрлана незнам многу ми е чудно и малку се плашам да ви кажам ....
Ќе те проверат на 24ти со рака и ќе почне процесот и кај тебе. Со лесно да ти е и на тебе мила. Иначе знаеш лејдис фрст, твојот џентламен ќе почека до ден. Многу ретко момче иде пред термин. Тоа само љубопитна жена го може
Добро утро женички пак јас вчера кажав дека нема ништо ама од сабајле влошката беше цела розеникава и имам болки не така јаки на 15 мин. Ме сече доле но половината не ме боли што да правам да одам во болница или а малово клоца ко лудо
Изгледа на 24- ти веќе дома ке си со синко , а не на преглед Оди нека те ѕирнат , мислам дека почнал процесот . Со лесно
@FreeMind има некои промени кај тебе или уште ништо ? едно станување директно на труднички да видам до кај си
Чим е ваква работата оди да те видат, го налутив џентламенот сака надвор Имам благи менструални болки цела вечер и силен притисок на срамната коска и назад на опашката ( ова прв пат ме боли ) али ќе чекам додека не засилат болки. Почнува и половината да ме били утринава ама онака благо.
Не ми е страв туку не можам да го опишам чувството на возбуда кое го имам, мислам срцево од гради ќе ми испадне
Ајде наскоро ќе се гушкаме со бебињата.А да ти кажам од сабајле цело време само си плачам од возбуда од среќа незнам ни јас од што.Само да си бидеме живи и здрави и бебињата и ние па може ќе славиме заедно роденден
Добро утро девојки,ние вчера бевме на редовна контрола,бебушка си е супер,беше успан па за прв пат не успеавме да го видиме на фацичка.Докторот пробуваше ама не сакаше да се разбуди.Плацента добра,доволно плодова вода,бебо си одговара за неделите(денес сме 30+2) видовме мозоче,бубрези,желудниче и др.органи и ни рече дека немаме потреба од трет скрининг бидејќи се е во ред.Е сега ни рече за две ипол недели да одиме за последниот брис,нели е тоа малку рано?Да одам како што ми кажа докторот или да си почекам барем уште недела дена плус? Воедно го прашав дали треба да го прекинам магнезиумот со влегување во 36та недела ми рече не,чак што више да продолжам и после породување да пијам. Инаку еве да не се подречам скоро 4 дена јас почнав нормално да спијам,без да си легнам доцна навечер или да се разбудан касно наутро а притоа да не се разбудам ноќе тоа ми е навистина успех
Тоа е тоа Само најдобро дома да се исчекат и истрпат појаки и почести болки...после во болница ќе биде дур да трепнешСо лесно
Ух,ви завидувам да ви кажам...Едвај чекам до март,нешто нестрплива станувам,а од друга страна ништо немам спремено...треба да почнам периодов
@FreeMind & @mama*rose со лесно нека Ви е мајкички и јас како @Ladyyyy567* едвај го чекам Март да ја гушнам бебка....туку се нешто ме тера на плачење плачев кога го гледав видеото на Фемина за мајка, плачев дека мм ми се обрати грубо, само си приплакувам не сакам ама сами солзи ми идат ...
Аман веќе 18 недела сум.тамам се смири повраќањето во 16 та недела и еве три дена пак дехидрирав тотално се вратив малку вчера со инфузија
@Ive13 поддршка мила. Што ќе праиме со мачниниве и јас не знам, мајка ме тешеше утрово дека од ова не се умира ајде ќе издржиме заедно Јас вчера го имав најужасниот ден до сега. Ем мачнини, ем имам топка на желудник, ем повраќав цел ден, ужасна главоболка до 5 часот утрово, и плус психава ми е разнишана многу. Само нека минува.. и нека растат бебињата, ние се ќе издржиме.
Не е за паника, малку е покачен. 140 бара два пати мерење на ден. Ако не се спушти за некој саат ќе одиш до болница да те видат на цтг.