Ај да ми ја решите дилемава со уринокултура. На резултат пишува стерилна.Значи нема бактерии,а на самата крвна слика пишуваше дека има доста. И сега?
3 пати го мерев за 15 мин . Тука се врти околу 140 па 143 со 100. Чудно ми е , досега супер си беше цела бременост
Леле се возбидувам и јас кога ве читам тие што сте при крај дека набрзо ќе се запознаете со бебушките. Едвај чекам да ми дојде редот и на мене @Adeline , која недела си? Да не е вториот скрининг?
Не мора на 15 минути. Пробај да се смириш и диши длабоко. Можеш и б витамин да земеш. За 60 минути смирена измери пак. Можеш и лимон да земеш чист. А може и апаратот не ти чини и те паничи. Зависи како се чувствуваш. Ако сметаш дека си силно возмемирена нека те однесе некој да те видат. Во секој случај сама никаде не смееш да одиш.
Имам главоболка затоа и измерив притисок. И предходно сум мерела не верувам дека е до апаратот. Прв пат имам висок притисок. Каснав некое лукче ,ке легнам сега па за пола саат пак ке видам
Баш сега каснав лукче иако не го обожавам . Ке видам пак за пола саат како е. Се надевам ке се стабилизира
Незнам тогаш на што се мисли. Јас после вториот скрининг одам редовно на ехо, се мери се кај бебка, плодова вода, протоци, раст и плус што направив скриен шеќер и д димери. Тоа е до оваа 28 недела
Леле истото лепотице еве во петти месец влегов депресивна вкрај само некој црни мисли плачење едно море имам наполнато ми се чини што ќе беше ова ама како што напиша мора да се издржи.мене ова ми е втора бременост првата посташна ми беше тогаш и постпородилна депресија имав се надевам сега нема да се повтори.ама ќе се бориме ние сме храбри лавици се ќе издржиме за нашите човечиња
дали крвната слика ја правеше во авицена? мене секој месец во крвна слика урина бактерии леукоцити високи ми покажуваа па ајдр уринокултура правев во синлаб таму нема ништо секој месец истото така да ако немаш ништо на уринокултура не се секирај пијај увин или брусница чај понекогаш несе точни и резултатите .
Што се возбуди сега пак ти мила?малку ти е покачен.ќе одиш на контрола денес или утре?ајде опушти се не му ја мисли за ништо hug:
Хормоните страшно ни работаат, незнам како не трпат по дома Јас па сега само црни соништа за бебе сонувам, господ да чува и јас мила имав пост депресија ми се издешаваа некој работи млеко снемав... Ужас.
Ивче, што ми ти е бе мила? Зошто вака сега, ајде пушти си некоја комедија да се посмееш , немој со црниве мисли па за позитивна те сметав, изгледа криза е кратка, ќе се опраиш набрзо... те гушкам!
На контрола дури во вторник , но ако имам потреба и порано ке идам. Мислам дека ми е подобро. Каснав лукче пред 15/20 мин . Уште малце и пак ке измерам