Чим сме се фатиле на орото, тоа ни е сеа. Ужасен ми е периодов, ама ќе помине. Впрочем, што не поминало? Ти пуштам добри мисли, ти веќе и повеќе од пола пат си поминала.
Не знам кралица моја настинав многу прв пат вака и пак повраќање и со инфузии завршив.депресијава пак ме нападна и така.што да ти се жалам повеќе досадна ќе станам веќе
Не знам мила маж ми челични нерви да имаше ќе му попуштеа ама убаво се држи сега за сега.вчера кутриот ми вика сакаш нешто посебно да ти направам за јадење па вечера ми правеше а преморен со ќерка ми па од работа јас депресивна вкрај и на крај му се налутив зошто спрајт ми се пиеше а тој немал купено а кај да купит 22 часот се беше затворено аман неможам да се поднесам јас самата а не пак домашниве
Добро е женски , ми се спушти притисокот . 110 со 70 сега мерев , а и немам главоболка толку , веднаш се осеќа . Лукчето почнало да делува . Сега кога ке ја легнам да спијам до вечер нема станување . Благодарам на сите за советите
Панделче, има нешто ново? @FreeMind со лесно, те чекаме сите, и трудни и нетрудни Со лесно и на другите што сте при крај, за брзо ќе има гушкање најубаво
Леле исто, за глупости се лутам и му велам ти мислиш лесно е да си трудна Среќа не разбираат, има мажи не се замараат, па све на тебе останува.
Среќа голема инаку ќе се доупропастев со депресијава.јас имам и ќерка три години има па и неа ја имам скроз запоставено леле до кај ќе одам вака ќе спобудалам мислам готово.
Ќе издржиш само мисли позитивно,ќе се вратиш во нормала, одвај му правев јадење на син ми, одвај мрдав па се вратив колку толку, господ ќе ти даде сила
Фала му на Господ и вас што ве имам на форумов да се изнаплачам да ми олесни малку.и мајка ми ја имам пресеќирано само плачам само се жалам.мора да се издржи ајде со Господ напред hug:
Немаш ништо не се секирај два пати ми покажуваше и два пати правев уринокултура и секогаш излегуваше чисто, сигурно се е во ред, опушти се @Ive13 мила многу ми е жал кога читам, дај најди некоја занимација прави нешто, имам две игрици на моб заразни се ако сакаш да ти ги кажам да се занимаваш со нешто да не те маваат бедови или раздвижи се малку незнам што е паметно ама сигурно постои некое решение те Мешиња како се снаоѓате со несоницата? Веќе два ти вечери по ред се вртам во кревет по саат два додека да најдам позиција и да задремам некако, бебишка е мирна ама мене место не ме држи де жешко де ладно де на лево де на десно око неможам да склопам
Оли ќе видиме, уште е рано. Вчера бев на преглед, се виде сакус во матка ама бетата кочит... Јас не би била јас да немат некоја пречка.
@***Bony*** ох мила ти благодарам спуштив и јас една сварно се заразни.страв ми е да излезам има многу мраз пред некој ден за малку ќе паднев и маж ми ми забрана ако не е тој тука да ме држи да не излегувам.ајде подобра сум сега со ќерка ми боиме во боенкиве се надевам за ден два ќе бидам нормалнаааа.те
Женски јас не сум јас ако не ми работи мозокот 200 на саат, само некои црни мисли ми проаѓаат. Од кај негде почеток имав цело време одбивност кон храна и намален апетит. Од кај 6та недела почнаа утрински мачини и повраќање и неможев ништо во уста да ставам. Е сега во 10 та се наеднаш прекина, немам утрински мачини, нит повраќам ни па имам одбивност кон храна. Има ли на некоја така да и се случило, се ли е во ред?
Еве јас ги немам веќе,на сабајле може малку само да имам некое гадење ама далеку од тие јаки симптоми и мачнини што ги имав. И нормалано е,не се секирај
Друго прашање ми е Фемибион 1 заклучно со 13та недела ли се пијат, од 14та Фемибион 2? Работата е што ако купам ново пакетче од 1 ќе ми остане пола, дали може во 11та недела да си почнам со 2ка?
Мило ми е штом си подобра ајде нека поминува тој период и нека не се врака повеќе, уживкајте со керкичата ве
Леле мила истата сум, прееска тоа му викав на маж ми ако имам болки ова она, зошто ги имам, ако ми ги снема па сега нормално ли е да ги нема...крај не ни се наоѓа и нас, изгледа самата "состојба" не тера да мислиме вака... Само нека е арно, нека чува Господ
Јас еднаш дадов свое мислење за ваквиот прелаз и многу ми искараа сега нема да се мешам само ке ти кажам јас бев само на фолна до 14гн потоа почнав со фемибион 2 значи 1 не примав воопшто, твое си е не се мешам
И да го допиеш Фемибионот 1,и да се префрлиш на Фемибион 2, од кога ќе ги завршиш 1,ништо нема да се случи. Мој совет,малку поопуштено треба кон све да гледаме,и да не бидеме толку ригорозни. Поздрав и секое добро.