Може, јас ја допив кутијата и одма се префрлив на двојката,.. значи можно е да беше негде 11 недела.. и сеа си ги терам двојка... убаво ти кажаа, да не сме толку ригорозни,..сепак тоа се само витамини, во двојката фемибион има само плус омега, а ти секако омега си примаш преку јадење риба..уживаааааај
@Ive13 @***Bony*** ајде дајте од тоа игриците, нешо книгава што ја читам не е нај нај, а не ми се почнува нова, дека симнувам една серија па кога ќе и удрам оохооо... затоа во мегувреме може некое игриче!
@FreeMind стварно ја снема... хит ни е! All eyes on her!! Пиши генерацијо, не не оставај во неизвесност...
Прави чучњеви Еј @FreeMind со таа позитива ми го избрка стравот од породување жими се.Алал ти вера жено
Веднаааашш https://play.google.com/store/apps/details?id=net.supertreat.solitaire https://play.google.com/store/apps/details?id=com.moonactive.coinmaster На првата сум 250левел а на втората сум 50, за втората имам и финти некои ако ја почнеш ке ти ги кажам
Јас така си почнав да не купувам 1 за 5 апчиња,си ја земав 2ката. За мачнините да не се плашиш можеби си престанаа радувај се што ги немаш,еве јас 5 пати ако имав мачнини до сега фала богу се е во ред
Мамии, денеска бев да ја видам дамава. 34+1 сум со термин 28ми феб. 2700 тежи. Секогаш е покрупна за 2 недели. Ми кажа термин сменет за 15ти феб. Вика бебе ке дојде порано. Ми зема брис ми кажа не сум отворена воопшто, и според бебе сум веќе во 9ти. Ме праша дали ми се затега стомакот често му реков да, и рече епа тесно и е више се тегне. Така да во шок сум дека веќе секој ден е поблиску и поблиску и секој ден можам да очекувам да ја гушкам
Ена како си сега? Покачен е притисокот, ако било моментално океј, но ако продолжува би ти препорачала да одиш на лекар. Мене истото ми се случи пред 3 дена кога забележав дека повеќе време во текот на денот притисокот ми е 140/90, 135/100 итн.. Матичниот веднаш ме викна кај него. Направив крвна слика и уринокултура, притисокот се повеќе почна да се качува дури 165/100-105 итн..Ми препиша метиндопа 4 пати дневно, но тоа не ми помагаше, па зголемивме на 3пати дневно по 2 апчиња. Многу му благодарам што смирено ми кажа што може да се случи ако ова продолжи вака, а тоа е предвремено раѓање на бебчето. Ми препиша боледување и најстрого одмарање, мирување. Главно ме советуваше дека се што е до 140/90 е океј само треба одмор, ако се качи до 150/90 веднаш да легнам и да пробам да се смирам, а се што е над 150/100 веднаш во болница. На почетокот се исплашив ненормално, но сега сум смирена и морам да бидам за да изгураме со бебка барем уште недела две како што ме советува матичниот да се доразвиеме. Многу ми е тешко и криво што на крај испадна вака, но сепак ќе видиме, може ќе се стабилизира целата ситуација. --- Иначе, од денес сме 36та недела, според големина 35+3. Уште ситно до крајот. Веќе сме 2700 грама и сме цела женска. Со нетрпение ја очекувам да ја изгушкам и избацам!!
Добро сум сега , немам висок притисок. Прв пат ми се качи 140/100 досега немав проблем со тоа . Веднаш каснав лукче и ми се среди, отспав сат време и како нова сум
Девојки пак јас со прашањава На 12 недела кога матичната ми земаше брисеви, не ми зеде за пап. Наводно не бил потребен, да имало нешто не би можело да се лечи и после породување рече. Сега читам други правеле. Знаете ли дали ми е потребен за породување или не? Две години немам направено, т.е. до породување ќе бидат две години.