Моето инатче сеуште не одлучило да се запознаеме, инат жена Синоќа не можев да мрднам се укочив цела, препони и половина ме убија. Направив топла бања ме опушти и си легнав. Спиев до утринава како бебе. Немам болки утринава, забележав само кафеав исцедок веројатно чепот сеуште паѓа. Ова наеднаш ќе почне, како гром од ведро небо такво чувство имам @Elena ena стомакот се спушти доле скроз. Да не мислиш ќе се спушти и кај тебе
Да. И тоа во последниве два дена многу е интересно за набљудување. Ми беше до заби сега е под папок цел стомак. И станува многу тешко движењето. Многу тешко. Иначе супер се движев.Сега како да ми виси стомакот не знам како да опишам подобро
Хаха види ја интересно за набљудување многу храбро ми делуваш за прворорка . што си у хороскоп јарец, овен , лав ? Ме потсеќаш на мене ,јас кога се пораѓав дури гледав како излегува бебето , пратев цела ситуација. Дури после се чудев колку храброст сум имала , уста не отворив ниту викнав ниту плачев ниту бегав од бокс Јас овен сум
Дупла шкорпија Многу долго трае бременоста така да не остана простор за страв никаков. Кој преживеал очајни први три месеци јас не верувам дека се плаши од крајот. Виц е крајот за тоа секојдневно безизлезно лошење. Така да, според мене први три се мери карактер колку сме тоа ние јаки. Едноставно тие контракции го носат бебето на еден чекор до нас. И мора да се силни и мора да се долги. Зошто бебе без нив не може. Породувањето е тимска игра велат овде. Бебето од внатре, јас од надвор мора взаемно да си помагаме. И него не му е лесен процесот за излегување. И навистина не му треба плус мајка му да се плаши и да не соработува. Значи во еден здив до крај Само нека тргне, ајде!
Ви благодарам на сите за честитките и ве Моево се реши јарец да биде а јас овен син ми поголемиот бик и сите со рогови само маж ми риба итересно има да не слуша сите нас
Значи е слезено во родилен канал, супер положба за природен пораѓај, сега движи се повеќе, колку што можиш за побрзо да почне пораѓајот. Блиску е денот
Женчеееее, сите не мотивираш да знаеш...како го опиша моментот до наежување, веќе на бокс се замислив и тоа со осмех Ајде стискаме палци, малото убаво цуфче да излезе веќе и да се вгнезди во мамина прегратка
Нa 8чaсa земaј гo. Oвoшје вo изoбилствo!!! Супa сo мoркoв,aкo имaш и брoкулa,ѓумбир и бибер премнoгу.
@bella.s ако не си користела ѓумбир многу внимателно со него, во многу мали количини. Мене ми предизвика такви силни болки во јајници пред да останам бремена мислев готово дојде судни дан