Исто и јас чуствувам и денес и вчера. И исто жива вода. Отворив да прашам и читам ко ја да сум пишала..
Веќе некое време имам болки на срамната коска, кога се движам ме боли, ноќе посилни се болките и крцка може да се слушне нормално ли е? Инаку уште кога беше мала, беше свртена со глава надолу и сеуште е ама повеќе на лева страна од стомакот. Дали ако се има многу секс побрзо доаѓа до породување?
Овде маките ли си да си ги кажам... немам каде, зошо сите знаат совети бабски, некои помагат помалце, некои ич. Имам ненормално киселини секоја вечер, со бљуцкање. Ма и неколку дена на "диета" бев да видам од што ми е, од се' ми е. 20 недела влегувам, се појавија некаде 15-16. Вода да се напијам ете ги, оган. Не кукам по луѓе, а само ме прашуваат. Не можам ништо да јадам, се осеќам полна,а гладна сум. Се трудам... На убавата страна, почнав бебко да го чувствувам, ама само навечер кога ќе легнам. Вчера од возбуда три саати не заспав, го чекав... Се ми е ново, па се радувам..
Иста бев. Пробај со ладно млеко, мене малце ми помагаше, колку за спиење, зашто навечер беше најтешко. Прашај гинеколог дали можеш некои апчиња за шмукање, како гастрогард.
Оф леле памет немам веќе..ќе се тера што и да е, уште малку остана @FreeMind кај тебе каква е ситуацијата?
Оххх душа Ај види пробај да грицкаш свеж морков. Мене само тоа ми помагаше и во минатата бременост и сега исто и во оваа. И плус кисела вода пиев.. Од газираното убаво ми иде
И јас исто се прашувам.. овие неколку дена блага болка ама ноќеска ептен ме болеше не можев да се свртам од една на друга страна од болки,едвај станав од кревет. После тоа пак слаби болки. Како да сум возела велосипед 3 часа без престан. Која недела си ти? Јас сум 34+2 а според бебе сум веќе во 9ти. Со главче надолу е на 15ти ми е термин..
Пробај со зелено јаболко излупено пред спиење да јадеш мене оваа недела ноќе ме бидеа страшни киселини и од кога почнав со јаболко ми се немаат јавено. Некна вечерта не изедов и ме разбуди киселина ама не беше толку јака и затоа сеа пред да легнам јадам по едно јаболко и толку ништо др после него и сеа за сеа е добро
П и јас тоа мислам ама не неможам да сфатам како е правилно... Горе доле,полесно ми е вака на 24.02 ми е термин..па да речеме на 24.01 влегувам у 9ти некако по логично ми е
Запалена ламба бројам контракции на колку минути се Станав три пати за тоалет голема. И почна половина со јајници да ме стега. Е сега имам еден проблем при броењево бебето мрда и се движи и ми ги меша сметките дали е движење или се контракции. Иначе не ми се болни млаки менструални болки. Ќе се обидам да спијам, ако заспијам лажни се. Апдејт: на 22/23 минути досега избројав три пати контракции. Ќе седам до 15 минути ако се намалат и ќе одам. Така ме учеа Не боли засега ништо.
Јас баш пред некој ден тука си се фалев дека супер се чувствувам и синоќа за прв пат ме разбуди од сон бодежот во јајник и препон. Инаку немам проблем со наоѓање позиција за спиење. Исто така сега за сега станувам само по еднаш за во тоалет. Сепак очекувам повеќе тешкотии како одминуваат неделите. Јас и ти сме некој ден разлика, ќе се бодриме до крај
Да тука некаде сме плус минус некој ден,априлски бебуши Инаку кога ти е термин те нема во термини за породување пријавена? Имаш среќа со спиењето уживкај додека можиш,мене меше ми смета веќе и на рати си спијам навечер
Мајки/жени едно прашање. Ако немате киселини во бременоста,значи ли дека бебе ќе е без коса/ со малку коса?
Абе,менструaлни бoлки дa не се предвесник зa рaѓaње бре нaскoрo? Нели секoјa вечер имa третa сменa? Штo немa никoј?
Станав зс во wc и еве јас сум држурна вечерва. Влегов само да видам до каде ни е @FreeMind да не сум пропуштила @LoveHope од поискусниве што пишувале,менструални болки имале и се јавувале многу порано не ќе да се предвесник за раѓање,седии тукаа мирна free ни е на ред,ајде да се запази редот тука Ќе пробам да се тркалам,лево десно да заспијам
Мислам дека нема врска, но јас со првото немав киселини и синко се роди со малку коса , и сега исто немам па ке видиме